Поставен десетметарски крст во Табановце

Поставен десетметарски крст во Табановце

Во селото Табановце викендов беше поставен крст висок 10,5 метри по повод големиот христијански празник Прочка.
Крстот е поставен на иницијатива на жителите,  а со поддршка на приватни субјекти, физички лица и градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

Read More

Физички напад врз малолетник од Куманово

Физички напад врз малолетник од Куманово

Физички е нападнат малолетник во Куманово.
МВР информира дека викендов 41 годишен кумановец пријавил дека претходната ноќ бил физички нападнат неговиот малолетен син од страна на 34- годишен кумановец.
Надлежните соопштуваат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Read More

Започна етапната исплата на февруарските пензии

Започна етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец февруари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.02.2023 година (понеделник);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на…

Read More

ВИДЕО: Куманово ќе го добие првиот смарт парк

ВИДЕО: Куманово ќе го добие првиот смарт парк

„Реконструирани се сите патеки во стариот градски парк, а дополнително се изградени паркинг место и игралиште за баскет. Во меѓувреме, Советот донесе одлука да се постави ново осветлување, но и подземен систем за наводнување на паркот, информираше градоначалникот Максим Димитриевски на вчерашната седница.
Сепак, Димитриевски вели, подземниот систем за наводнување нема да се поставува бидејќи не е препорачлив за јавни прометни површини од ваков тип.
– Не пристапивме во реализација на средствата за реализација на подземниот систем…

Read More

ВИДЕО: Се одржа првиот Меѓународен меморијален шаховски турнир „Мартин Петковски 2023“

ВИДЕО: Се одржа првиот Меѓународен меморијален шаховски турнир „Мартин Петковски 2023“

Полициското здружение ИПА Регион Куманово денеска го организираше првиот Меѓународен меморијален шаховски турнир „Мартин Петковски 2023, во просторите на средното училиште „Перо Наков“.
На турнирот учествуваа натпреварувачи од четири ИПА региони.
Најдобар во играта во шах е Миодраг Ѓоковиќ од ИПА Лесковац, второ место освои Сашо Манасиевски од ИПА регион Куманово, третото место му припадна на Филип Алексовски од ИПА Скопје, а на четврто место е Гроздан Васев од ИПА Струмица.

На денешниот настан присуствуваше и претседателот на…

Read More

Битиќи: Минималната плата од март месец ќе биде 20 175 денари

Битиќи: Минималната плата од март месец ќе биде 20 175 денари

Минималната плата од идниот месец ќе биде 20 175 денари, најави вицепремирот за економски прашања Фатмир Битиќи.
„Се прават последните пресметки и мислам дека Сојузот на синдикати, но и Министерството за труд и социјална политика се пред крај со пресметките. Според законот секоја година во март има ново усогласување со двата критериуми. Оваа година мислам дека според последните информации што ги издаде Државниот завод за статистика, 12,55 отсто ќе биде зголемувањето на минималната плата и таа…

Read More

ВИДЕО: Промовирани романи од кумановката Габриела Давидовска- Баниќ

ВИДЕО: Промовирани романи од кумановката Габриела Давидовска- Баниќ

„Мајка од магла“ и „Умрев за да оживеам“ се двата романа од писателката Габриела Давидовска -Баниќ кои што беа промовирани вчеравечер во Занаетчискиот дом. Авторката која е по потекло од Куманово, а живее и твори во хрватскиот град Ровињ за првиот роман напишан на македонски јазик „Мајка од магла“ вели дека е книга што ќе ве поттикне да размислувате за вредностите во животот,  за приоритетите, за родителството, за односите со блиските. Книга што мислите дека…

Read More

ВИДЕО: Димитриевски: За КК Куманово има заинтересиран купувач од Нов Зеланд

ВИДЕО: Димитриевски: За КК Куманово има заинтересиран купувач од Нов Зеланд

Купувач од Нов Зеланд покажал интерес за Кошаркарскиот клуб Куманово, рече на денешната седница на советот, градоначалникот Максим Димитриевски одговорајќи на советникот Дејан Ивановски дали се потврдуваат гласините дека ККК ќе биде продаден на странски државјанин.
„Дали таа купопродажба ќе се реализира, или не, зависи од сопственикот на клубот, а тоа не е општината“, рече Димитриевски.
– Сопственик е фирмата „Оли травел“, не е сопственик Општина Куманово. Таа иста компанија кога е регистрирана и направена пререгистрација станала…

Read More

Кумановец оштетил возило и го нападнал сопственикот

Кумановец оштетил возило и го нападнал сопственикот

Триесет и четиригодишен кумановец бил приведен под сомнение дека по вербална расправија оштетил возило на улицата „Среќко Пужаљка “, па со тврд предмет го нападнал сопственикот на возилото, жител на селото Умин Дол.
По целосно документирање на случајот против напаѓачот ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.

Read More

Србин превезувал мигранти низ Куманово

Србин превезувал мигранти низ Куманово

Педесетгодишен државјанин на Србија бил приведен утринава откако бил виден дека превезува мигранти од Авганистан.
Oд полицијата информираат дека тој бил затекнат на улицата „Србо Томовиќ“, каде што со патничко моторно возило „мерцедес“ превезувал пет лица -мигранти од Авганистан.
Србинот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштија надлежните.

Read More
1 86 87 88 89 90 408