ВИДЕО: Општината додели движни ствари на јавни претпријатија

ВИДЕО: Општината додели движни ствари на јавни претпријатија

Со одлука на Советот, општина Куманово даде на трајно користење движни ствари на три јавни претпријатија. Советниците вчера дадоа зелено светло со 10.000 куќни ултразвучни водомери добиени од министерството за транспорт и врски да располага давателот на услугата, јавното претпријатие „Водовод“, со празничните украси да стопанисува јавното претпријатие „Куманово-паркинг“, а одреден број на клупи и корпи за отпадоци набавени претходно од општината да бидат предадени на „Чистота и зеленило“.
За предлог – одлуките за давање на…

Read More

Конференција за поголема вклученост на младите во општеството

Конференција за поголема вклученост на младите во општеството

Во организација на „Europe House”- Крива Паланка, денеска во Занаетчиски дом – Куманово се одржа конференција за потребата од локални младински совети за поактивно вклучување на младите во општеството под мотото „Европа е со тебе”.
На панел дискусијата учествуваше и претседателката на Советот на oпштина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска која се осврна на активностите кои ги презема oпштината во врска со барањата и потребите на младата популација и нивно вклучување во различни проекти, како и за идните…

Read More

ВИДЕО: Училиштето „11 Октомври“ наскоро со нов изглед

ВИДЕО: Училиштето „11 Октомври“ наскоро со нов изглед

Училиштето „11 Октомври“ е едно од десетте основни училишта во Куманово кои се реконструираат од почетокот на учебната година. Ова училиште наскоро ќе добие целосно нов изглед и реновирана училишна спортска сала со средства од министерството за образование и наука.
-Моментално се работи на надворешниот дел, на фасадата, при крај сме и очекуваме за месец – два зависно од временските услови бидејќи се работи надвор, дека комплетно ќе биде завршена фасадата од надворешната страна, значи цоклата…

Read More

ВИДЕО: ЛЕСС: Намалување на невработени млади е приоритет годинава

ВИДЕО: ЛЕСС: Намалување на невработени млади е приоритет годинава

Локалниот економско социјален совет на Куманово ја одржа првата средба за тековната година, соопштија надлежните. На средбата се промовираа активности реализирани во изминатата година и воедно се дискутираше за програмски цели и приоритетни активности на ЛЕСС-Куманово за 2023 година. Претседавачот на локалниот економско -социјален совет, Најден Бајдевски кажа дека годинава е планирано во советот да се зачленат нови претставници од различни институции, установи и од бизнис заедницата.
-Како и лани и годинава ќе посветиме внимание на…

Read More

Димитриевски: На Македонија потребно и е целосно прочистување на најголем број од кадрите, не сме ниту со едните, ниту со другите, ние сме со граѓаните

Димитриевски: На Македонија потребно и е целосно прочистување на најголем број од кадрите, не сме ниту со едните, ниту со другите, ние сме со граѓаните

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во денешното гостување во „Студио 10“ на телевизија 24 потенцираше дека на Македонија и е потребна целосна филтрација на најголем број од кадрите кои се платени од страна на граѓаните преку буџетот.
„Македонија го помина периодот на транзиција или стареење на демократијата. Македонија помина полнолетство и недозволиво е денеска ние да објаснуваме во јавноста што е тоа демократија. Кај нас демократијата во одредени моменти или се лажира, или е фалшлива,…

Read More

Промоција на книгата „Идентитетот е приказна“ в среда во Центарот за култура

Промоција на книгата „Идентитетот е приказна“ в среда во Центарот за култура

„Идентитетот е приказна“ е насловена книгата од Иван Антоновски што ќе биде промовирана в среда, во малата сала на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ со почеток во 19 часот.
Промотор на книгата е Весна Мојсова Чепишевска, а фрагменти ќе читаат актерките Кети Дончевска- Илиќ и Анастасија Величковиќ.
Авторот Иван Антоновски е асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ и зад себе веќе има неколку публикации. Минатата година беше прогласен за најдобар млад научник во хуманистичките…

Read More

ВИДЕО: Србите го празнуваат Свети Сава, одржана свечена Светосавска академија

ВИДЕО: Србите го празнуваат Свети Сава, одржана свечена Светосавска академија

Припадниците на српската заедница во земјава денеска го одбележуваат празникот Свети Сава. По тој повод вчеравечер во Занаетчискиот дом во Куманово се одржа свечена Светосавска академија во организација на Српски културен центар, претседателот на Р. Србија и македонската Влада.
Во своето обраќање пред присутните градоначалникот Максим Димитриевски потенцираше дека Куманово е мултикултурен, мултиетнички град во кој живеат повеќе од десет етнички заедници во мир и разбирање.
На Светосавската академија присуствуваа еминентни личности од јавниот и од политичкиот…

Read More

Димитриевски, Вучевиќ и Јовановиќ во посета на ООУ „Карпош“

Димитриевски, Вучевиќ и Јовановиќ во посета на ООУ „Карпош“

Во рамки на одбележувањето на Денот на Свети Сава, националниот празник на Србите кои живеат во Македонија, вчера во ООУ “Карпош” – с.Умин Дол, градоначалникот Максим Димитриевски беше домаќин на високи државни претставници од Република Србија, потпретседателот на Владата и министер за одбрана на Република Србија, Милош Вучевиќ со неговата делегација и амбасадор на Р. Србија, Невена Јовановиќ.
Учениците заедно со своите наставници приредија пригодна културно – уметничка програма во духот на православниот просветител и закрилник…

Read More

ЈП „Куманово гас“ ја намалува цената на гасот за дваесет и пет денари

ЈП „Куманово гас“ ја намалува цената на гасот за дваесет и пет денари

ЈП „Куманово гас“ денеска ги информираше потрошувачите дека во наредниот период, односно во февруари, цената на гасот наместо досегашните 90 ќе се намали на 65 денари за нормален метар кубен, соопштија надлежните од ЈП „Куманово гас“.
– Оваа цена би требало да е прифатлива и за домаќинствата и за правните субјекти, бидејќи е пониска од цената на нафтените деривати. Очекуваме да се пријават за повторно користење на гасот, како енергенс кој ослободува голема топлинска моќ и…

Read More

Спасовски: Да не се блокираат патиштата, апелирам на мирно и достоинствено честување

Спасовски: Да не се блокираат патиштата, апелирам на мирно и достоинствено честување

„Нема никаква потреба од какво било организирање на граѓаните за блокади на патиштата или ноќни стражи на денот на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев, затоа што тука се институциите на системот“, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повикот на социјалните мрежи упатен до граѓаните на 4 февруари да ја блокираат патарината Куманово – Скопје.
– Апелирам до сите на едно мирно, достоинствено чествување, а државата, МВР и безбедносните служби се тука да…

Read More
1 96 97 98 99 100 408