„AVON“со презентација на новите палети на сенки

Козметичката компанија „AVON“ денеска во „Бруклин“ бар во Куманово, во рамки на промоцијата насловена „Палет Манија“, одржа презентација на новите палети на сенки. Кумановки имаа можност да добијат професионални совети околу начинот на шминкање, бесплатно да се нашминкаат, но и да освојат подароци од оваа истакната компанија.

-Настанот го имавме најавено на социјалната мрежа „Фејсбук“ како отворен настан за сите, ми се допаѓа интересот, кумановки сакаат да бидат уредени, ги шминкаат нашите две шминкерки, сум задоволна и секогаш ми е убаво кога имаме овде настан.  Посебни сме затоа што пред се сме квалитетни, имаме многу квалитетни производи и има мал милион бои, кои што можат да ги одберат и да уживаат во нив. Зборувам конкретно за палетите, но тоа важи за сите наши производи кои што можете да ги најдете во нашите брошури-истакна Марина Стојанова менаџер за продажба на „AVON“.

Вакви промоции веќе се одржаа во Скопје, Струмица, Тетово и останатите поголеми градови низ државата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)