Кумановци редовно уплаќаат игри на среќа од Лотарија

Кумановци редовно уплаќаат игри на среќа од Лотарија

Кумановци редовно уплаќаат игри на среќа од Државната лотарија на Македонија во продажното место Кеопс, кое важи за едно од најфреквентните и најсреќните места во државата. Од ова продажно место во минатото излегоа дури две седумки.

Љубителите на игрите на среќа ни раскажаа дека во последно време не поминува ден без да купат по некоја грепка или да уплатат лото. Велат дека не се откажуваат, бидејќи не се знае кога среќата ќе им се насмевне….

Read More

„Пин Петрол“,”СЕ ВО ЕДНО”!

„Пин Петрол“,”СЕ ВО ЕДНО”!

Од понеделник (5 август), започнува со работа комплексот
„Пин Петрол“, кој ќе нуди услуги “СЕ ВО ЕДНО”!

“Пин Петрол” располага со современа бензинска
пумпа, станица за технички преглед, ресторан, супер маркет и автоматски
перални.

На површина од 8000 метри квадратни, во современи објекти
и со софистицирана опрема по високи стандарди, граѓаните на едно место можат да
добијат сертифицирани горива: Еуросупер 95 БС, Еуросупер 98 БС, Еуродизел БС,
Течен Нафтен Гас (ТНГ) и AD BLUE, како и врвна услуга во најсовремената станица
за технички преглед…

Read More

Фестивалот „Нишвил“ промовиран во Македонија

Фестивалот „Нишвил“ промовиран во Македонија

Амбасадата на Република Србија во Македонија синоќа организираше промоција на џез фестивалот „Нишвил“, кој традиционално, 25-та година по ред се одржува во Ниш. Оваа година љубителите на овој вид музика, ќе имаат можност да уживаат во програмата која ќе се одржи од 2-ри до 11-ти август.

Годинава во текот на десетте дена на 20 бини ќе бидат изведени 300 програми со илјадници уметници. Покрај музичките точки на големи светски ѕвезди, најавени се и бројни активности поврзани…

Read More

(ФОТО) „Не биди ѓубре“ утре ќе чисти на патот Куманово-Свети Николе

(ФОТО) „Не биди ѓубре“ утре ќе чисти на патот Куманово-Свети Николе

Волонтерите при граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ утре организираат акција за чистење на смет во Куманово.  Ќе се чистат дивите депонии кај населбите Пуковско и Проевце, покрај регионалниот пат Куманово-Свети Николе.

Актерката и активистка Ирена Ристиќ на својот профил на Фејсбук напиша дека сите заинтересирани можат да им се придружат.

Акцијата ќе започне во  7 и 30 часот.  Вакви акции се оддржуваат во сите градови низ државата.

Фото: Фејсбук

Read More

„Наце Буѓони“ со најмногу запишани ученици

„Наце Буѓони“ со најмногу запишани ученици

И по второто пријавување и запишување во
првиот уписен рок најатрактивно за полуматурантите е средното техничко училиште
„Наце Буѓони“. Директорот на ова училиште, Драган Јаневски информира дека
досега вкупно се запишани 243 идни средношколци со настава на македонски јазик
и 203 ученици на албански наставен јазик. Согласно Конкурсот од МОН, во
техничкото училиште во прва година можат да се запишат 714 ученици
во 21 паралелка на македонски и на албански јазик во една
од трите струки, машинска, електротехничка и здравствена струка со свои профили….

Read More

Премиерно изведена претставата „Недоразбирање“

Премиерно изведена претставата „Недоразбирање“

Полна сала и долги аплузи за
претставата „Недоразбирање“ која вчеравечер премиерно беше изведена во
кумановскиот  театар. По текст на Албер
Ками, а во режија на Драгана Таневска, актерите синоќа преку своите улоги ги
претставија индивидувалните
желби на поединци, кои можат да влијаат врз хармонијата во семејството. Семејната драма се случува во мал хотел, „на крајот на светот“, каде две жени
живеат прилично скромен живот. Заедничка им е загубената човечност поради
загубената љубов.

– Ја играм улогата на Марта, и
навистина ми претставуваше чест и…

Read More

Кумановци заинтересирани за џокер играта на Лотарија

Кумановци заинтересирани за џокер играта на Лотарија

Кумановци се оптимисти дека џокер играта ќе ги однесе под Среќната ѕвезда на Државната лотарија на Македонија. Велат дека редовно уплаќаат џокер, без оглед дали играат лото комбинација.

Љубителите на игри на среќа кои што ги нуди Државната
лотарија на Македонија се заинтересирани за играта Џокер. Кумановци велат дека
редовно играат џокер. Дополнуваат дека се задоволни со измените од април, со
што им се дава можност да напишат џокер, иако не уплатиле ниту една лото
комбинација.

-Обавезно уплаќам по…

Read More

Одбележано излегувањето на Кумановскиот партизански одред

Одбележано излегувањето на Кумановскиот партизански одред

Членови на Сојузот на борци, Здружението на армиски и полициски ветерани, Здружението на пензионери, советници, деца од градинката Ангел Шајче и други граѓани, денеска положија цвеќе пред споменикот во некогашната бавча на Денко Цеков, таткото на Јордан Цеков Дане, од каде излегле партизаните од Кумановскиот партизански одред,на 26 јуни 1943 година.  Потоа заминале во Јужноморавскиот одред за да се обучат, и да се вклучат во борбените дејствија. Од оваа бавча излегле 7, а од бавчата…

Read More

Борците ќе го одбележат 26-ти јуни

Борците ќе го одбележат 26-ти јуни

Сојузот
на борци од Куманово утре ќе ја одбележи 76-
годишнината од излегувањето на јадрото на Вториот партизански
одред кој се приклучил кон борбите од НОВ на Македонија. Во
близина на спорската сала во познатата Цекова Бавча, пред споменикот цвеќе ќе положат  членови на
Сојузот на борци, претставници на Советот на Општина Куманово, членови на
Здружението на армиски и полициски ветерани и деца од
детската градинка „Ангел Шајче“.

– Традиционално Сојузот на борците ќе положи свежо цвеќе во Цековата бавча и во воденицата…

Read More

МОН работи на отворање ново училиште

МОН работи на отворање ново училиште

Министерството за образование и наука ги
презеде сите активности и се координира со останатите институции за да им
се овозможи на средношколците од кумановската гимназија „Сами Фрашери“ да се
префрлат од објектот на поранешниот ЗИК, каде што сега
се изведува наставата, во поранешната касарна „Христијан Тодоровски-Карпош“, рече министерот Арбр Адеми, одговарајќи на новинарско
прашање, вчера пред почетокот на јавната дебата за нацрт законите за основното образование
и за наставници и стручни соработници.

-Tри објекти од поранешната касарна се во сопственост на МОН, како
институција сме…

Read More
1 2 3 258