Се поставуваат новогодишните украси

Се поставуваат новогодишните украси

Се поставуваат новогодишните украси во централното подрачје.  По две години Куманово повторно ќе светне во новогодишно руво. Годинава општината ќе украсува со сопствени новогодишни украси, кои согласно плановите ќе можат да се користат и наредните години.
За оваа цел Советот на Општина Куманово претходно изгласа измена на програмата за работа на јавното претпријатие Куманово Паркинг, каде меѓудругото беше донесена одлука за зголемување на предвидената сума за 500.000 денари. Изминатите години се трошеле околу 2,5 милиони денари…

Read More

Дојавите за бомби се лажни, потврди полицијата

Дојавите за бомби се лажни, потврди полицијата

Завршени се сите проверки во училиштата во Куманово и утврдено е дека станува збор за лажни дојави за бомби.
-Секторот за внатрешни работи Куманово ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во осум основни училишта и еден клон, како и едно средно училиште во Куманово во врска со закани за поставени експлозивни направи и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави од полициски службеници се преземени мерки за безбедно…

Read More

Ѓорѓиевска се сретна со претставници на ОБСЕ

Ѓорѓиевска се сретна со претставници на ОБСЕ

Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска оствари средба со претставници од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Лука Сасо и Наташа Нанковска од Одделот за сигурност и поддршка на заедниците, кои ја следат работата на Советот на Општината и имаат континуирана соработка.
На работната средба стана збор за актуелните состојби и теми кои се во интерес на граѓаните на Куманово.

Read More

Димитриевски: Граѓанскиот концепт се шири, ново здружение во Тетово

Димитриевски: Граѓанскиот концепт се шири, ново здружение во Тетово

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски информираше дека во Тетово е формирано граѓанското здружение „За заедничка иднина” – Тетово.
-Одржавме средба со иницијативниот одбор и за претседател на здружението во Тетово е избран Небоиша Захариевски. Граѓанскиот концепт се шири, граѓаните ги препознаваат нашите вредности. Продолжуваме…” истакна Димитриевски.
Претходно беа формирани граѓански здруженија во Куманово, Прилеп и Крушево.

Read More

ВИДЕО: Полицијата на терен, учениците дома

ВИДЕО: Полицијата на терен, учениците дома

За прпат дојави за бомби во девет основни и едно средно училиште во Куманово. Преку заеднички меил закани за поставени бомби добиле основните училишта „11-ти Октомври“, „Бајрам Шабани“, „Браќа Миладиновци“, „Крсте Мисирков“, „Браќа Рибар“-Табановце, Јероним де Рада-Черкезе, Карпош –Умин дол, Кирил и Методиј-Романовце, Кочо Рацин и средното „Гоце Делчев“. Исправени беа екипи на СВР Куманово, а полицијата преку соопштение потврди дека има дојави за поставени бомби.
-Нас ни кажаа пред големиот одмор дека ќе има бомба…

Read More

Дојави за бомби во десет училишта во Куманово

Дојави за бомби во десет училишта во Куманово

Дојави за бомби утринава пристигнале во девет основни и едно средно училиште на територија на Општина Куманово.
Станува збор за основните општински улилишта „11 Октомври“, „Бајрам Шабани“, „Браќа Миладиновци“, „Крсте Мисирков“, „Браќа Рибар“, „Јероним Де Рада“, „Карпош“ – Умин Дол, „Кирил и Методиј“, „Кочо Рацин“ и средното општинско училиште „Гоце Делчев“.
„Екипите на СВР Куманово при Министерството за внатрешни работи се на терен и се преземаат мерки за расчистување на случаите. Учениците и наставниците безбедно се евакуирани,…

Read More

ВИДЕО: Трибина на граѓанското здружение „За наше Куманово“

ВИДЕО: Трибина на граѓанското здружение „За наше Куманово“

Граѓанското здружение „За наше Куманово“ ќе одржи трибина в петок во центарот за култура „Трајко Прокопиев“ со почеток во 19 часот.
На трибината ќе говори и градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, информира претседателот на граѓанското здружение, Даниел Стојчевски.
Тој ги повика граѓаните да присуствуваат на трибината и да слушнат за реализираните, но и планирани активности на граѓанското здружение „За наше Куманово“.

Read More

ВИДЕО: Промовиран туристичкиот инфо-центар во селото Пчиња

ВИДЕО: Промовиран туристичкиот инфо-центар во селото Пчиња

Во селото Пчиња денеска беше промовиран реконструираниот поранешен Задружен дом преку проектот „Светлина од минатото“ од програмата за прекугранична соработка на Центарот за развој на Североисточниот плански регион од Куманово и Историски музеј од општина Дупница.
Со проектот објектот е адаптиран во туристички инфо- центар за Бислимска клисура и кумановскиот регион.

Read More

Малолетно девојче каснато од куче скитник

Малолетно девојче каснато од куче скитник

Четириесет и седумгодишна кумановка  вчера околу 11 часот во Секторот за внатрешни работи Куманово пријавила дека на улица Никшиќка, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник, информираат од полицијата. Вчера беше регистриран уште еден случај на лице каснато од куче.

Read More

Сузбиена група која вршела дела против културното наследство

Сузбиена група која вршела дела против културното наследство

Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со секторите за внатрешни работи, под раководство на надлежен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција при што сузбиена е 12-члена организирана криминална група, која подолг временски период делувала на подрачјата и околината на Прилеп, Струмица, Пробиштип, Неготино, Куманово, Свети Николе, Кавадарци и Кочани,…

Read More
1 149 150 151 152 153 769