Крводарителска акција во Старо Нагоричане

Крводарителска акција во Старо Нагоричане

Општинската организација на Црвен крст Куманово во соработка со Општина Старо Нагоричане и Институтот за трансфузиона медицина вчера реализираше крводарителска акција. На оваа акција уште еднаш се покажа хуманоста на вработените во Општина Старо Нагоричане, кои несебично се одзваа на повикот за дарување крв. Собрани се 23 крвни единици.

Read More

Промоција на видео записот од Меѓународниот фолклорен фестивал

Промоција на видео записот од Меѓународниот фолклорен фестивал

По повод 11-ти Ноември, Денот на ослободување на Куманово, а под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, и Министерството за култура, Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ и Младинскиот културен центар „Козјак“ утре ќе го промовираат видео записот од одржаниот 3-ти Меѓународен фолклорен фестивал Куманово.
Промоцијата ќе се одржи во салата на МКЦ Козјак со почеток во 19 и 30 часот.
Влезот е слободен а можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани.

Read More

Приведен кумановец заради поседување марихуана

Приведен кумановец заради поседување марихуана

СВР Куманово информира дека ноќеска во 01.50 часот, полициски службеници од кумановската полиција лишиле од слобода 29-годишен кумановец  затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Read More

Приведени тројца кумановци поради прашкаста материја

Приведени тројца кумановци поради прашкаста материја

МВР соопшти дека вчера во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода тројца кумановци на возраст од 35, 44 и 47 години. При претрес во домот на 35-годишниот кумановец , извршен со судска наредба во кој биле затекнати другите две лица, кај 47 -годишниот кумановец биле пронајдени и одземени прашкаста материја и дигитална вага. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави,…

Read More

ВИДЕО: Два мега концерти по повод 11-ти Ноември

ВИДЕО: Два мега концерти по повод 11-ти Ноември

Со два мега концерти Куманово ќе го одбележи Денот на градот, 11-ти Ноември. На градскиот плоштад во среда и четврток ќе настапат ѕвезди од земјава и соседството.

Read More

Две лица лишени од слобода, поради марихуана

Две лица лишени од слобода, поради марихуана

Две лица се лишени од слобода, бидејќи кај нив била пронајдена марихуана, информира полицијата. Вчера во 21.10 часот на улицата „Гоце Делчев“, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.А.(20 години) од Арачиново и Е.Д.(18 години) од Прилеп затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Read More

До два денари поскапуваат бензините, поевтинува дизелот

До два денари поскапуваат бензините, поевтинува дизелот

Регулаторната комисија за енергетика на Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62%.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 0,50 ден/литар. Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 0,072 ден/кг и сега ќе изнесува 49,9 ден/кг.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денар/литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 денари/литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство…

Read More

Кумановец претепан од сограѓанин

Кумановец претепан од сограѓанин

Шеесет и едногодишен кумановец викендов бил физички нападнат од свој сограѓанин.
Во СВР Куманово Ч.П.(61 година ) од Куманово пријавил дека во Куманово бил физички нападнат од С.С.(59 години) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Read More

Тешко повреден вработен во јавно претпријатие

Тешко повреден вработен во јавно претпријатие

Педесет и седумгодишен кумановец се здобил со тешки телесни повреди при извршување работни задачи во јавно претпријатие.
Во СВР Куманово било пријавено дека во Општата болница во Куманово со тешки телесни повреди бил донесен Д.С.(57 години) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според пријавеното, тој се повредил при извршување работни задачи во јавно претпријатие во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Read More

ВИДЕО: Училиштето „Вук Караџиќ“ го одбележа патрониот празник

ВИДЕО: Училиштето „Вук Караџиќ“ го одбележа патрониот празник

Под мотото „Македонија во срцето“ основното училиште „Вук Караџиќ “ денеска го одбележа патрониот празник и 77 години постоење и успешна работа.
Со пригодна приредба пред наставниците, гостите, родителите, учениците ги покажаа своите знаења и таленти во рецитали, хорска изведба, ора. Приредбата која традиционално е со мултиетнички карактер се состоеше од петнаесетина точки, во кои учествуваа ученици од прво до деветто одделение.
Учениците од „Вук Караџиќ“ речиси секоја година успешно го претставуваат училиштето на општински, регионални и…

Read More
1 168 169 170 171 172 769