Табановце ја прославува летната слава „Св.Никола“

Табановце ја прославува летната слава „Св.Никола“

Во селото Табановце денес се празнува летната слава „Св.Никола“, заштитник на земјоделците и сточарите. Мештаните  секоја година празникот го одбележуваат со осветување на петте крстови кои се наоѓаат во различни маали во селото. На крај селаните се собираат околу главниот крст кој е лоциран во кругот на црквата „Св.Петка“ и палат свеќи за здравје и бериќет во текот на целата година.
-Оваа е летна Св. Никола слава на нашата црква Св. Петка. Секоја година се бира…

Read More

Техничките струки се дефицитарни во Куманово

Техничките струки се дефицитарни во Куманово

Во Агенцијата за вработување во Куманово  се појавува недостаток на кадри од техничката струка. До кумановскиот Центар за вработување има пристигнато 10 барања за прием на градежни инженери, 7 барања за прием на шумарски инженери, 3 барања за ИТ вештини и 5 барања за електо инженери. Од друга страна пак, во агенцијата се јавува суфицит на кадри од општествените науки, меѓу кои најбројни се правниците и економистите. Фирмите кои бараат работници се претежно од градежната,…

Read More

Формирано работно тело за регионални проекти

Формирано работно тело за регионални проекти

Околу 15  предлог -идеи за проекти досега пристигнале во канцеларијата за рурален развој во рамките на Центарот за развој на Североисточниот регион. Прибирањето на идеите ќе продолжи во наредните денови, а кога ќе се достигне бројката од околу 50  ќе се изберат најдобрите. За нив преку УНДП и Министерството за локална самоуправа ќе се бараат донатори за нивна реализација, која се очекува да започне кон крајот на наредниот месец. Селекцијата ќе ја врши  заедничко работно…

Read More

Светски ден на културна разноликост за дијалог и развој

Светски ден на културна разноликост за дијалог и развој

Куманово има посебна причина да го одбележи Светскиот ден на културна разноликост за дијалог и развој бидејќи неговата вредност се темели на културните различности. Во градот освен Македонци, живеат и Албанци, Срби, Власи, Турци и др, а општинскиот совет е единствениот во земјава во кој покрај македонскиот се зборува и на јазиците на националностите, албанскиот, ромскиот и српскиот јазик. Во општината има повеќе невладини организации кои го промовираат мултикултурализмот, меѓу нив е и Центарот за…

Read More

Граѓаните го слават Спасовден

Граѓаните го слават Спасовден

Православните христијани денеска го одбележуваат Спасовден, празникот на Христовото вознесување на небото, кој се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток.  Меѓу граѓаните постои верување дека четириесетдена по воскреснувањето Исус за последен пат им се јавил на своите ученици, ги собрал на едно место, во селото Витанија, и им соопштил дека сè уште не треба да одат од Ерусалим зашто наскоро врз нив ќе слезе Светиот Дух и ќе ги исполни со…

Read More

Намалена наплата на сметки за вода

Намалена наплата на сметки за вода

За повеќе од два милиони денари месецов е намалена наплата на сметки за вода. Од јавното претпријатие „Водовод“ сметаат дека граѓаните не ги надмириле сметките за вода, поради стравот од безбедносната состојба во градот.
-Ја користам оваа прилика за еден апел, молба до сите граѓани на Куманово во рамки на нивни можности за плаќање на сметките за вода, затоа што доаѓа летниот период во кој што ќе дојде до зголемување на потреби за вода за пиење и…

Read More

Потранспарента локална заедница за информирани граѓаните

Потранспарента локална заедница за информирани граѓаните

Потранспарентни локални совети, поголема информираност на граѓаните и што се случува зад затворените врати на советничките состаноци бара Здружението на Млади Европски Федералисти од Куманово. Тие денеска  го промовираа проектот “Советниците дискутираат, граѓаните читаат“, финансиран од Европската унија преку програмата „Поддршка за зајакнување, одржливост и развој на активно граѓанско општество“
– Проектот е дизајниран со првична цел да овозможи вмережување на граѓанските организацииод најмалку 6 различни градови во Македонија и преку тоа да се подобри градење…

Read More

Општината ќе вработи 15 лица

Општината ќе вработи 15 лица

15 лица ќе вработи општина Куманово преку проектот „ Образование на Роми и на возрасни лица со интелектуална попреченост. Ова е дел од Програмата Општинско –корисна работа за да се овозможи вклучување на невработените лица преку нивно ангажирање со скратено работно време односно 20 работни часа неделно заради стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазарот на труд. Јавниот оглас заради пријавување за работно ангажирање во проектот е распишан денеска, а се однесува на…

Read More

Тунелче – „јавен тоалет“ во градот

Тунелче – „јавен тоалет“ во градот

Неподнослива реа, се шири од тунелчето кое го поврзува Градскиот плоштад со паркингот кај Тинекс. Ова место кое е едно од најфреквентите во градот, претставува извор на зарази, бидејќи на дел од Кумановци со години наназад им служи како јавен тоалет. Станарите кои што живеат во петокатницата стравуваат од појава на заразни болести и велат дека се чувствуваат како на депонија. Додаваат дека поради смрдеата, не можат да си ги проветрат домовите.
-Ние прозорци не можеме…

Read More

Триесетина кумановци на контра-кампот пред Собранието

Триесетина кумановци на контра-кампот пред Собранието

По урнекот на опозицискиот шаторски камп пред Владата, и членовите на Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ од синоќа организираат контра-шаторски камп во  Жена парк пред Собранието. Од Куманово околу 30 лица ноќта ја поминаа спроти Парламентот.
-Останаа од нашата унија на млади сили да кампуваат пред Собрание. Целта и на митингот и на ова е да се спротивстават на оние кои што сакаат на нелегален начин да ја урнат владата на Македонија. Да добијат…

Read More
1 171 172 173 174 175 190