Стартуваше екстерно тестирање во училиштата

Стартуваше екстерно тестирање  во училиштата

Од денес основните и средните училишта во Куманово стратуваа со екстерното тестирање кое ќе трае до 10 јуни. Тестирање се одвиваше непречено освен во некои училишта каде поради технички проблеми започна подоцна. Во следниве денови наставата ќе тече непречено, а истовремено според предвидените термини ќе се спроведува и тестирањето на учениците. За тестатори се поставени наставници кои на крај од секое  екстерно тестирање ќе треба да достават ивештај за евентуалните технички проблеми и евиденција на…

Read More

Европски денови за борба против меланом

Европски денови за борба против меланом

Европските денови за борба против меланом се одбележуваат со бесплатни прегледи на кожата од први до трети јуни во сите дематолошки ординации во градот. „Сите луѓе имаат пигментирани дамки на кожата кои се бенигни но сепак треба да се внимава на нив, бидејќи секоја дамка може да се промени и да стане опасна“ – потенцираат од одделот за кожно-венерични болести при општата болница во Куманово. Од таму посочуваат дека од меланом или малигнен тумор на…

Read More

Куманово по трет пат се среќава со МЗТ

Куманово по трет пат се среќава со МЗТ

Кошаркарскиот клуб Куманово, вечерва гостува на екипата на МЗТ Скопје во Спортскиот центар „Јане Сандански“, кадешто ќе се одигра третиот финален меч од кошаркарската Супер лига. За сега Куманово во финалните плеј оф натпревари два пати претрпе пораз од кошаркарите на МЗТ, и на домашен и на гостински терен. Финалето се игра на три добиени натпревари, така што во случај на победа на кумановските кошаркари, следниот натпревар би се играл во Куманово, додека во случај…

Read More

Театар Куманово ќе прикаже што се случува „Зад кулисите“

Театар Куманово ќе прикаже што се случува „Зад кулисите“

По кратка пауза, кумановскиот театар започнува со подготовка на нов проект. Станува збор за комедијата „Зад кулисите“, работена според текстот на Мајкл Фрејн, во режија на Биљана Радиновска. За прв пат во театарот во Куманово се поставува текст од авторот Фрејн, а воедно ова е првото режисерско остварување на Радиновска во Куманово.
-Започнавме со мало задоцнување поради конфликтите коишто беа во околината на Куманово, така да со мало задоцнување ќе биде и премиерната изведба која ја…

Read More

Победата на МЗТ се должи на задоцнета реакција на записничката маса

Победата на МЗТ се должи на задоцнета реакција на записничката маса

Кошаркарите на Куманово загубија на домашен терен од МЗТ Скопје со резултат од 102-107 по продолженијата.
После почетната смена на водството кумановските кошаркари почнаа да го остваруваат ветениот триумф на домашен терен во Куманово. Во средината на втората четвртина кумановци почна достигнаа максимални 11 поени предност. Марко Симоновски беше клучен играч на МЗТ Скопје кој го врати шампионот во игра и со неколкуте тројки успеја да ја разбие разликата на домаќинот. Слободните фрлања скапо го чинеа…

Read More

Осветен новиот храм во село Петралица

Осветен новиот храм во село Петралица

Црковната камбана вчера предпладне го најави свечениот чин на осветување на манастирот Света Троица, лоциран во кривопаланечкото село Петралица, поточно во месноста викана Кутлев крст. Дворот на манастирот беше мал за да ги прими  бројните верници, кои што дојдоа од сите краеви. Свеченоста по повод осветување на овој Божиј храм, кој ќе го врати духовниот живот во ова село, ја водеше поглаварот на македонската православна црква, заедно со митрополитите на кумановско-осоговската и тетовско-гостиварската епархија.
-Денеска и…

Read More

ВМРО- ДПМНЕ со панихида за Драган Богдановски

ВМРО- ДПМНЕ со панихида за Драган Богдановски

Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ вчера на гробишта во Куманово организаираше панихида за Драган Богдановски. Голем број партиски симпатизери му оддадоа почит на Богдановски пренесувајќи ја неговата порака – „Да се сочува единството на партијата и да се заштити од туѓи влијанија“. Тие истовремено се потсетија и на неговото дело како симбол на ВМРО-ДПМНЕ.  „Драган Богдановски беше и ќе остана духовен татко, човек кој можеше да биде богат и да има спокоен…

Read More

Денеска е Задушница, утре- Духовден

Денеска е Задушница, утре- Духовден

Колони од возила и река од граѓани утрово се упатија кон градските гробишта да ги посетат вечните домови на своите најблиски .Овој ден – Задушница, црквата го одредила за помен на покојните. Верниците одат на гробишта, а свештениците се молат за душите на покојните. По обичај, верниците на овој ден, за покој на починатите души раздаваат храна и бардачиња. Утре православната црква го празнува Духовден. Големината на овој празник е слегувањето на Светиот дух на…

Read More

Куманово загуби на првиот натпревар против МЗТ

Куманово загуби на првиот натпревар против МЗТ

На првиот натпревар од финалната серија на Супер лигата, кумановските кошаркари на гостински терен загубија од екипата на МЗТ Скопје со резултат од 94-79.
Причината за поразот е лошиот старт на кумановци на почетокот на мечот. Кошаркарите на МЗТ ја завземаа предноста уште на самиот почеток на натпреварот, а нивниот офанзивен скок во стартот ја постави големата предност во нивна корист која кумановци не успејаа да ја постигнат до самиот крај.
Со 12 поени разлика, МЗТ го…

Read More

Граѓаните погрешно ги празнуваат Духовден и Задушница

Граѓаните погрешно ги празнуваат Духовден и Задушница

На Задушница и Духовден, двата дена во православното христијанство кои се посветени на душите на умрените, граѓаните масовно одат на гробишта. Според обичаите и верувањата на Кумановци, на овие денови се раздаваат лепчиња, пити и погачи во спомен на најблиските. Повеќето одат на гробните места, некои палат свеќи во црквите, а има и такви кои што делат храна на блиските соседи. Според свештениците од кумановско-осоговската епархија носењето храна на гробишта е погрешно. Тие велат дека…

Read More
1 177 178 179 180 181 199