„Мак-Дам“ организира крводарителска акција

„Мак-Дам“ организира крводарителска акција

Риболовното здружение „Мак-Дам“ од Куманово, во соработка со општинската организација на Црвен крст Куманово организира крводарителска акција која ќе се одржи во вторник, во просториите на Занаетчискиот дом.
Акцијата ќе почне во 09, а ќе трае до 15 часот.
-Се повикуваат сите граѓани да ја изразат хуманоста и солидарноста преку дарување крв. Вашата крв спасува живот. Крвта е незаменлив лек секојдневно потребна за да се продолжат многу животи. Проверете го вашето здравје, дарувајте мал дел од вашата…

Read More

ВИДЕО: Форумот на жени на СДСМ Куманово, со активности за месецот посветен на борба против рак на дојка

ВИДЕО: Форумот на жени на СДСМ Куманово, со активности за месецот посветен на борба против рак на дојка

Форумот на жени на СДСМ Куманово со активности и трибини ќе го одбележи месецот Октомври, кој е посветен на борба против рак на дојка.
Претседателката на Форумот, Јасмина Георгиевска нагласува дека раната детекција, соодветна дијагноза и третман ја зголемуваат можноста за лекување на пациентите.
-Согласно календарот на јавно здравје, месец Октомври се одбележува како месец посветен на борба против рак на дојка. Форумот на жени на СДСМ, при ОО Куманово се приклучува кон кампањата за поддршка во…

Read More

ВИДЕО: Почнаа тридневните саеми „Органска трпеза“ и „АГРО МАК“

ВИДЕО: Почнаа тридневните саеми „Органска трпеза“ и „АГРО МАК“

Од денеска до недела над двеста излагачи ќе имаат можност да ги промовираат своите производи, опрема и дејности на петтиот Меѓународен саем на органски и традиционални производи „ОРГАНСКА ТРПЕЗА“ 2022 и првиот  Меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „АГРО МАК“ 2022. Саемите се во организација на Здружението за развој на земјоделство и заштита на животна средина преку истражување, едукација и одржување на биодиверзитет „ЖИВОТ“ и Комората на органски производители – КОП од Куманово,…

Read More

Вршеле меѓународен превоз, без соодветна документација

Вршеле меѓународен превоз, без соодветна документација

Полициски службеници од граничен премин Табановце констатирале непочитување на законите кај седум патнички возила, кои вршеле меѓународен превоз на патници. При контрола на седумте возила, сите скопски регистарски ознаки, управувани од седум лица, сите од Скопје, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација – лиценца за вршење меѓународен превоз на патници. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

Read More

ВИДЕО:„Медиумски ден“, средношколци во ТВ Плус

ВИДЕО:„Медиумски ден“, средношколци во ТВ Плус

Ученици од средните училишта „Перо Наков“ и „Гоце Делчев“ ја посетија Телевизија Плус. Посетата е во рамки на шестиот „Медиумски ден“, којшто го организира Институтот за комуникациски студии.

Средношколците се запознаа со функционирањето на медиумот, креирањето на содржините, работата на медиумските работници. Тие зборуваа за начинот на подготовка на вестите, почитувањето на новинарските стандарди, но и соочувањето со предизвиците на терен.

Се зборуваше и за медиумската писменост, препознавањето на лажните вести, дезинформациите од социјалните мрежи и справувањето…

Read More

Унијата на ЗМСТАС го осуди нападот врз медицинската сестра

Унијата на ЗМСТАС го осуди нападот врз медицинската сестра

Унијата на ЗМСТАС, предводена од здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС” јавно го осудува вчерашниот напад врз медицинската сестра од општата болница во Куманово.
Ова е уште еден случај во низата на немили настани кои се случуваат години наназад, и за кои Унијата постојано апелира дека покрај сите проблеми со кои сестринството се соочува во својата професија, условите за безбедност мора да бидат на највисоко ниво.
Унијата смета дека е потребно да…

Read More

Кумановец прикрил брендирани производи

Кумановец прикрил брендирани производи

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Д.Б.(50 години) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“. Пријавениот, во текот на 2021 и 2022 година, од Република Грција набавил и преку граничен премин пренел брендирани текстилни производи во вредност од 1.518.832 денари, избегнувајќи ги царинската контрола и плаќањето на царински и даночни давачки. Предметите ги складирал во својот дом…

Read More

Сузбиена организирана криминална група

Сузбиена организирана криминална група

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјалната антитерористичка единица ТИГАР, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, како и СВР Тетово – ОВР Гостивар и СВР Куманово во раните утрински часови спроведоа координирана акција по насоки на Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на четири локации на подрачјето на Тетово, Гостивар и Куманово, при што…

Read More

Даниел Стојчевски гостин во „СТАВ“

Даниел Стојчевски гостин во „СТАВ“

Директорот на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, Даниел Стојчевски вечерва гостува во емисијата „СТАВ“.
Стојчевски ќе зборува за актуелната состојба со енергетската криза, акциите за чистење на дивите депонии, поставувањето нови садови за смет, идните планови во претпријатието.
Тој од неодамна е назначен и за претседател на граѓанското здружение „За наше Куманово“, па ќе се осврне и на плановите за идно функционирање и настапување на национално ниво.

 

Read More

ВИДЕО: Индустриите во лоша состојба, неопходни поевтини енергенси

ВИДЕО: Индустриите во лоша состојба, неопходни поевтини енергенси

Неопходни се субвенции од државата и поевтини енергенси, за да индустриите ја надминат оваа алармантна состојба. Во спротивно фирмите ќе бидат принудени од Нова година да го намалуваат бројот на вработените и да ставаат клуч, вели претседателот на Локалниот економско-социјален совет, и сопственик на кланица и лабораторија, Најден Бајдевски.

Read More
1 187 188 189 190 191 769