Двајца новозаболени кумановци од Ковид-19

Двајца новозаболени кумановци од Ковид-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 105 нови случаи на КОВИД-19, од нив двајца новозаболени се од Куманово.
Евидентирани сe 49 оздравени пациенти од кои еден кумановец, а во текот на изминатите 24 часа, не е регистрирано починато лице.
Бројот на активни случаи во земјава изнесува 491, во Куманово 21.

Read More

Кумановец повредил вработена на инфективно одделение

Кумановец повредил вработена на инфективно одделение

МВР информира дека ноќеска, во  01.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово  лишиле од слобода 38-годишен кумановец откако со остар предмет нападнал и повредил вработена на Инфективното одделение во Општа болница Куманово. Тој бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Read More

ВИДЕО: Општината со јавен повик за проекти од културата

ВИДЕО: Општината со јавен повик за проекти од културата

Сите јавни установи, здруженија, фондации и други правни лица кои имаат регистрирана дејност од областа на културата можат да аплицираат на јавниот повик за прибирање на податоци и предлог-проекти објавен од oдделението за култура и спорт на 26-ти месецов. Повикот е објавен на веб страната на општина Куманово и ќе трае 30 дена, информира раководителот на одделението за култура и спорт Александар Крстевски.
-Сите заинтересирани треба да ги исполнат следниве услови: да се регистрирани како јавна…

Read More

ВИДЕО: „Приватни животи“ го отвори 25-то издание на „Денови на комедија“

ВИДЕО: „Приватни животи“ го отвори 25-то издание на „Денови на комедија“

Со претставата „Приватни животи“ на Градски театар од Винковци вчеравечер во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ започна јубилејното, 25-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“. Публиката годинава ќе има можност да проследи вкупно 12 претстави од Македонија, Хрватска, Србија и Бугарија.  Центарот за култура синоќа беше преполн, а веќе се распродадени и најголем дел од билетите за останатите 11 вечери.
-Навистина сме горди што овој фестивал го дочека овој јубилеј, тоа го покажува…

Read More

Се чисти депонијата на влезот на „Перо Чичо“

Се чисти депонијата на влезот на „Перо Чичо“

Со механизација утринава е започнато расчистување на дивата депонија кај локалитетот „Туш“ на влезот на населбата Перо Чичо. Акцијата ја спроведува локалната самоуправа преку Јавното претпријатие „Чистоа и зеленило“. Како што вели градоначалникот Максим Димитриевски, оваа локација се чисти постојано повеќе пати во годината долг временски период. – Изградено е детстко катче на локацијата за да ги одвратиме несовесните граѓани од несоодветно депонирање на смет, засилени се контролите, но сликата по кус временски период на…

Read More

Наредната недела „Денови на мед 2022“

Наредната недела „Денови на мед 2022“

На Градскиот плоштад наредната недела на 6, 7, и 8-ми октомври ќе се одржи 23-от по ред пчеларски саем „Денови на мед 2022“.
Саемот на мед во Куманово традиционално го организира пчеларското здружение „Пчела“.
Мед и пчелни производи ќе изложат пчелари од регионот. Свеченото отворање е предвидено на 6-ти октомври (четврток) во 10 часот.

Read More

ВИДЕО: Петти меѓународен саем на органски производи во Куманово

ВИДЕО: Петти меѓународен саем на органски производи во Куманово

Здружението Живот и Комората на органски производители од Куманово го организираат петтиот меѓународен саем на органски и традиционални производи  „Органска трпеза 2022“ и првиот меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки Агро Мак 2022, кои ќе се одржат од 30-ти до 02 октомври пред градските базени во Куманово.
На оваа тема во Дневникот на ТВ Плус зборува Драган Цветковиќ, претседател на Комората на органски производители.

Read More

ВИДЕО: „Кочо Рацин“ – домаќин на проект од Еразмус + програмата

ВИДЕО: „Кочо Рацин“ – домаќин на проект од Еразмус + програмата

Основното училиште „Кочо Рацин“ неделава е домаќин на проект од програмата на Еразмус+ насловен  „ Откриј го светот околу себе со новите технологии“. Во проектот вклучени се училишта од шест држави, покрај Македонија, училишта од Полска,  Италија, Романија, Бугарија и Грција. Како што информираат координаторите, преку активности секое партнер-училиште треба да презентира модерен начин на предавање, унапредување на наставата, користење на напредна технологија, употреба на нагледни средства, користење на различни игри и квизови во наставата,…

Read More

Осум нови случаи на ковид-19 во Куманово, активни 20

Осум нови случаи на ковид-19 во Куманово, активни 20

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 96 нови случаи на КОВИД-19, од нив осум во Куманово. Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Прилеп (69г), починато во болнички услови.
Според податоците од министерството бројот на активни случаи во земјава изнесува 435, во Куманово 20.

Read More

ВИДЕО: Училиштето „Толи Зордумис“ со проект за меѓуврсничко насилство

ВИДЕО: Училиштето „Толи Зордумис“ со проект за меѓуврсничко насилство

Во ООУ „Толи Зорумис“ во текот на учебната 2021/22 година беше реализиран проектот Еразмус+ К101 „Справување со меѓуврсничко насилство и конфликти“. Во рамките на проектот шест наставници/стручна служба од училиштето посетија две европски обуки на темите „Менаџирање на конфликти, емоционална интелигенција или спречување на bullying“ и „Стоп за bullying/cyberbullying и креирање позитивна училишна средина“.

Во училиштето беа спроведени  две дисеминации за наставници (на македонски и албански наставен јазик), шест работилници за ученици (во централното и подрачното…

Read More
1 188 189 190 191 192 769