Влијанието на жената во политиката

Влијанието на жената во политиката

Жените се залагаат за родова еднаквост но се чувствуваат помалку моќни од мажите беше потенцирано на работилницата за влијанието на жената во политиката. Проектот е организиран од Националниот демократски институт во соработка со француската амбасада и со невладината организација,, Реактор,, со цел да се зајакне улогата на жената во процесот на одлучување на локално ново.
-Нашите основни начела се зајакнување на родовата еднаквост и подобрување на улогата на жените во политиката. Овој проект го започнавме од…

Read More

Матурантите повторно на протест

Матурантите повторно на протест

Средношколците денеска повторно протестираа единствени во нивното барање- математиката да не биде задолжителен предмет при полагање на државна матура. Иако беше планирано да се протестира пред просториите на подрачното министерство за образование и наука во градот, матурантите поради лошите временски услови писмото упатено до надлежните го прочитаа на градскиот плоштад. Граѓани на РМ, еве се собравме тука за да ве потсетиме дека не е се така розово како што ви кажуваат секоја вечер од сите…

Read More

Редовните крводарители ќе добијат признанија

Редовните крводарители ќе добијат признанија

Денот на Црвениот крст и на крводарителството во Република Македонија годинава се одбележува со низа активности на државно, но и на локално ниво. Свечената академија по повод 17-ти март ќе се одржи утре во центарот за култура „Трајко Прокопиев“ со почеток во 18 часот, информираат надлежните. Признанија ќе добијат редовните јубилејни  крводарители, а посебни благодарници ќе бидат врачени на Црвениот крст на РМ за организирање и давање посебен придонес во крводарителството.
-Оваа година немаме крводарител со…

Read More

СДСМ организираше крводарителска акција

СДСМ организираше крводарителска акција

По повод 17-ти март, Ден на крводарителството и Ден на Црвениот крст општинската организација на СДСМ денеска организираше крводарителска акција. Во истата се вклучија членови, активисти и симпатизери на СДСМ, како и голем број граѓани.
-Ова е 27-ма крводарителска акција се надеваме дека бројката на соберени крвни единици ќе биде како и минатите години над 80 крвни единици, бројка со која можеме да се гордееме.  Знаеме дека давањето крв некогаш може да спаси човечки живот-изјави претседателот…

Read More

СДСМ преку активности ќе ги пренесува „бомбите“

СДСМ преку активности ќе ги пренесува „бомбите“

Членови на СДСМ од Куманово викендов започнаа активности со цел да ги запознаат граѓаните, за како што тврдат масовно и незаконско прислушкување. Имено тие планираат да посетат повеќе од 15.000 домаќинства на територија на Општина Куманово и на граѓаните да им достават флаери со дел од разговорите.
-Вистината за Македонија која претставува презентација и разобличување на грдото лице на режимот и целата тајфа која ужива во своето однесување, ќе биде уште поблиска до Кумановци-изјави претседателот на…

Read More

„Отворени денови“ во Управата за имотно-правни работи

„Отворени денови“ во Управата за имотно-правни работи

Постапката за приватизација на земјиштето, легализација на објектите, прашања поврзани со катастарските услуги, па дури и судски прашања е она што ги интересираше граѓаните  на Отворените денови во подрачното одделение на Управата за имотно-правни работи. Стручни тимови од Скопје, но и вработените во управата им помагаа на кумановци да ги решат дилемите во врска со имотно-правните работи.
-Одделението во Куманово во изминатиот период активно работеше и ефикасно се справи со поголем број на постапки кои што…

Read More

Како да се препознаат корисниците на дрога?

Како да се препознаат корисниците на дрога?

16 годишно момче  е најмладиот регистриран нарко -зависник во полицијата минатата година. Дека уличните дроги земаат замав говорат податоците од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје кој заедно со Отсекот за превенција презема превентивни мерки преку низа активности. Во рамките на проектот „Спорт да, дрога не “ деновиве се организираат трибини во средните и основните училишта и на наставниците им се посочува како да препознаат уживател на опојна дрога и како да постапат…

Read More

Усвоен акциониот план за енергетска ефикасност

Усвоен акциониот план за енергетска ефикасност

Гасификација на неколку основни училишта и замена на постојните со 2.000 штедливи светилки се мерките со кои локалната самоуправа  планира да заштеди во 2015 та година. Советниците го усвоија  акциониот план за енергетска ефикасност на Општина Куманово. Акциониот план е направен од работен тим формиран од градоначалникот на Куманово, а се донесува секоја година врз основа на програмата за енергетска ефикасност.
-Се надеваме дека овој акционен план ќе биде применет од страна на локалната самоуправа и…

Read More

Стечајните работници најавуваат нови протести

Стечајните работници најавуваат нови протести

Нов протест пред Владата на РМ најавуваат членовите на Здружението на стечајни работници и технолошки вишок  „УНИТ“  од Куманово. Обесправените работници уште еднаш ќе го кренат гласот и ќе побараат од надлежните решавање на нивниот статус.
– Донесовме одлука после 15 март да излеземе на протест за да покажеме дека и ние постоиме. Сите се борат за своите права, студентите за своите, хонорарците за своите придонеси, а ние што ништо не земаме со години.  редно и…

Read More

Намален број на сообраќајни незгоди и криминал

Намален број на сообраќајни незгоди и криминал

Намален криминалитет, број на сообраќајни незгоди и прекршоци за  јавниот ред и мир за 2014 година, покажува извештајот на полициската станица од Општа надлежност во Куманово. На 35-тата седница на Советот на Општина Куманово советниците од владејачката партија во градот, го поздравија извештајот на полицијата, но наведоа дека треба да продолжи со решавање и на останатите проблеми. Тие побараа да се врати полицаец позорникар, кој ќе патролира низ улиците во градот.
-Добивме еден извештај од полициската…

Read More
1 189 190 191 192