ВИДЕО: Раководителот Александар Јовановиќ гостува во СТАВ

-Како започна новата учебна година, обезбедени ли се соодветни материјали за учениците кои што чекаат на одобрување на учебниците, колку училишта и спортски терени се целосно или делумно реконструирани изминатиот период и со колку проекти аплицираше општината за оваа година?Ова се само дел од темите на кои вечерва во СТАВ разговараме со раководителот на Секторот за образование во општина Куманово, Александар Јовановиќ.
Емисијата започнува во 20 часот.

 

Read More

Приведен кумановец за „тешка кражба“

Приведен кумановец за „тешка кражба“

СВР Куманово информира дека вчера изутрина во 06.30 часот, полициски службеници лишиле од слобода 30 -годишен кумановец. Тој бил баран со потерница затоа што бил осуден на една година и шест месеци затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба”, а бил баран за доиздржување на седум месеци казна затвор. Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Затвор во село К’шање за доиздржување на казната.

Read More

Кампања на РСБСП и МВР за безбедно возење на трактор и земјоделски машини

Кампања на РСБСП и МВР за безбедно возење на трактор и земјоделски машини

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот (РСБСП) и МВР спроведуваат  кампања „Безбедно возење на трактор и земјоделски машини“. Целта на кампањата е подигање на свеста за одговорно и рамноправно учество во сообраќајот на возачите на трактори и земјоделски машини, подигање на свеста за управување на технички исправни и регистрирани трактори и други работни машини, свеста за нивна поголема видливост во сообраќајот, исправност на светлосните сигнални уреди, како и подигање на свеста на возачите на трактори…

Read More

Паркот за миленици во завршна фаза од изградбата

Паркот за миленици во завршна фаза од изградбата

Привршува изградбата на паркот за миленици во Куманово, соопштија надлежните од општината.
Екипи на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ хортикултурно го уредуваат паркот, кој е лоциран во близина на спортската сала.
Општина Куманово за изградба на паркот за миленици одвои околу 900.000 денари со вклучен данок на додадена вредност. На јавната аукција избрана е кумановската компанија „Арс дизајн ДООЕЛ“.
И во стариот градски парк, преку изградбата на т.н.„Смарт парк“, предвиден е дел за миленици. Овој парк се гради…

Read More

Тушевски: СДСМ вложува во младите и во образованието

Тушевски: СДСМ вложува во младите и во образованието

Владата предводена од СДСМ вложува во младите и образованието во Куманово. Се инвестира во многу училишни објекти во градот, истакна на денешната прес конференција претседателот на општинската организација на СДСМ Куманово, Александар Тушевски.
-Премиер за тоа се многуте проекти од областа на образованието, кое е основен услов за подобра иднина на нашите млади. Се наоѓаме пред средното училиште Киро Бурназ кое веќе 3 години е државно училиште и во кое во тек е комплетна реконструкција во…

Read More

Приведен кумановец за кражба

Приведен кумановец за кражба

Од СВР Куманово информираат дека утрово околу 10.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода  29-годишен кумановец.  Околу 10.15 часот тој одзел предмети од патничко моторно возило во близина на автобуската станица во Куманово, а потоа бил фатен од полициски службеници при обид да одземе предмети од друго патничко моторно возило на улица „Доне Божинов“ во Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Д.З. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање…

Read More

Ограбена црква во село Габреш

Ограбена црква во село Габреш

СВР Куманово информира дека вчера изутрина во 07.20 часот во полицијата било пријавено дека со употреба на сила било влезено во црква во с. Габреш, Општина Куманово и биле одземени пари.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Read More

ВИДЕО: Спортски активности по повод Денот на независноста

ВИДЕО: Спортски активности по повод Денот на независноста

Екипи од седум основни училишта денеска беа дел од натпреварите во мал фудбал што се одиграа на игралиштето во комплексот Соколана. Спортските активности се во организација на Општинскиот сојуз на училиштен спорт на Куманово, а се одржуваат по повод утрешниот празник, Денот на независноста на Македонија.
– Училиштата се „Христијан Карпош“, „Крсте Мисирков“, „Кочо Рацин“, „Магдалена Антова“, „Браќа Миладиновци“, „Толи Зордумис“ и „Бајрам Шабани“. Останатите веројатно не можеле да ги организираат учениците заради стартот на учебната…

Read More

Во Куманово ќе се одбележи 8-ми септември

Во Куманово ќе се одбележи 8-ми септември

Во Куманово Денот на независноста, 8-ми септември традиционално ќе се одбележи пред споменикот Жена борец со почеток во 11 часот.
Претставници на општината, Советот, установи, претпријатија, училишта, здруженија и граѓани, ќе положат свежо цвеќе, а ќе се одржи и пригодна културно уметничка програма.
Настанот го организира Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово.

Read More

Еден починат и тројца новозаболени од ковид 19

Еден починат и тројца новозаболени од ковид 19

Во последните 24 часа направени се 912 тестови, а регистрирани се 134 нови случаи позитивни на КОВИД-19. Од нив три лица се од Куманово. Во истиот период регистрирани сe 144 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа пријавено е и едно починато лице, од Куманово 65 години. Лицето е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица, од Струмица (74 години) и Виница…

Read More
1 199 200 201 202 203 769