Полициски службеници од СВР Куманово – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје синоќа во 21.30 часот лишиле од слобода 22 -годишно момче од селото Тромеѓа и 19 -годишно лице од Куманово. При претрес во домот на лицето од Тромеѓа, извршен со судска наредба, двајцата биле затекнати како пакуваат марихуана во мали ќесиња за продажба. Притоа, биле пронајдени и одземени околу еден килограм марихуана, таблети екстази, амфетамин, кокаин, хероин, пари, две дигитални ваги, празни…
Read MoreЛокално
Кумановец приведен, ограбил угостителски објект
Приведено дваесет и петгодишно лице од Горно Којнаре, информира кумановската полиција. Лицето А. С. се сомничи дека пред три дена во угостителски објект на ул.„Борис Кидрич“ влегол и одзел пари. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението од СВР Куманово.
Read MoreНападната учителка во Куманово
Педесетгодишна наставничка била нападната во двор на основно училиште, информира полицијата. Настанот се случил вчера, а наставничката пријавила дека физички била нападната од лицето Љ.К. (70 години) од Куманово. По целосно документирање на случајот против Љ.К од ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Read More„Безбедно дома и на улица“со дечињата од „Ангел Шајче“
„Мали велосипедисти“ е насловена трката која што се одржа денеска на Спомен Костурница, а ја организираше Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Општински совет за безбедност во сообраќај на патиштата, детската градинка „Ангел Шајче” и велосипедскиот клуб Вело М.
Малите се натпреваруваа под мотото „Безбедно дома и на улица”. Целта е да се истакне важноста на безбедноста во сообраќајот и градење на сообраќајна култура од најмала возраст.
Read MoreВИДЕО: Кумановци излегоа на протест против аерозагадувањето
Помал број кумановци излегоа на мирен протест, револтирани од загадениот воздух со кој се соочува градот неколку седмици. Под мотото „Сакам да дишам“, тие побараа да се најде загадувачот. На различни локации вообичаено во вечерните и раните утрински часови се чувствува непријатна миризба на изгорена гума и пластика. Протестот го организираа самоиницијативно, на социјалните мрежи.
-Куманово се соочува со загадување на воздухот изминативе месец дена. Ние би сакале да апелираме до властите побргу го решат проблемот…
Read More„Самоуки 2022“ утревечер во центарот за култура
Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер во 20 часот ќе биде отворена традиционалната ликовна изложба „Самоуки 2022“.
На изложбата ќе бидат претставени околу 50-тина дела во форма на слики, цртежи и скулптури. Проектот е поддржан од страна на Министерство за култура на РС Македонија.
Целта и идејата на оваа изложба е претставување на кумановските неакадемски уметници пред пошироката јавност, но, воедно, и развивање на афинитети кон визуелните уметности, едукација и презентација на…
(ВИДЕО) „Ден на полето за житни култури“ во Новосељане
Во Новосељане деновиве се одржа традиционалната манифестација „Ден на полето на житни култури“. За искуствата во работата и напредокот на земјоделското производство говореше Бубе Трајковски, сопственик на трговското друштво „Клечовце“ и земјоделската задруга „Агростарт“, а пред земјоделските производители се обратија и деканите на земјоделските факултети во Скопје и Штип, Вјекослав Танасковиќ и Љупчо Михајлов.
По еден месец пронајден исчезнатиот кумановец од Ругинце
По еден месец откако беше пријавен за исчезнат, четириесет и седумгодишниот маж од селото Ругинце, општина Старо Нагоричане е пронајден.
Според Секторот за внатрешни работи Куманово, вчеравечер во 20.00 часот, полициски службеници од Пoлициската станица Центар го пронашле кумановецот, за кој на 11 мај годинава беше пријавено дека се оддалечил од домот.
Лицето било предадено на семејството, соопштија надлежните.
(ВИДЕО) Започна електронското пријавување на идните средношколци
Денеска и утре е првото пријавување на учениците за средно образование. Идните средношколци годинава првпат аплицираат електронски преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколците преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.
-Во текот на уписите за 2022-23 година има измени со тоа што учениците веќе електронски се најавуваат на официјалната страна од страна на МОН и електронското пријавување ќе биде до 15.06. 2022 до 12 часот. На…
ВИДЕО: Благодарници на повеќекратните крводарители од ОО Црвен крст Куманово
По повод 14-ти јуни, Светскиот ден на крводарителството, општинската организација на Црвен крст Куманово организираше настан на кој им додели благодарници и признанија на повеќекратните крводарители.
Благодарници добија граѓаните кои дарувале крв за 2019, 2020 и 2021 година.
-Приликата сакам да ја искористам и да им упатам голема благодарност до сите крводарители кои ги посетуваат нашите акции, и кои спасуваат човечки животи. Крвта не спојува сите нас и сите треба да бидеме хумани. Особено сакам да ја…