Протест против аерозагадувањето

Протест против аерозагадувањето

Група граѓани на „Фејсбук“ најавуваат протест, кој ќе се одржи утре на градскиот плоштад во 19 часот, поради аерозагадувањето во Куманово.
Граѓаните реагираат на загадувањето веќе неколку седмици, особено во вечерните и утринските часови.
-Заеднички да излеземе и да протестираме, да побараме одговорност и поактивна реакција од надлежните институции, да побараме да се најде загадувачот, да престане да нè труе, нас и нашите деца. Протестот е граѓански. Здравјето нема цена, заслужуваме чист воздух-се вели во соопштението.
Загадувањето на…

Read More

Фондацијата за култура и спорт со забава за матурантите

Фондацијата за култура и спорт со забава за матурантите

Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово ќе организира забава за матурантите од градот утревечер со почеток во 21 часот во летниот клуб „Спејс“.
Матурантите ќе добијат по еден гратис пијалок од општината.
– При влез во дискотеката потребно е да приложите легитимација со која ќе потврдите дека сте матурант/ка, со цел да добиете ваучер за гратис пијачка, стои во соопштението на Фондацијата.
Настанот е под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Read More

Теодора Димитровска вечерва во емисијата „СТАВ“

Теодора Димитровска вечерва во емисијата „СТАВ“

Теодора Димитровска, генерална секретарка на Либерално демократската младина вечерва гостува во емисијата „СТАВ“ на ТВ Плус.
Таа ќе зборува за актуелните теми во земјава, барањата на ЛДП и ЛИДЕМ, но и за локалните проблеми во Куманово, инфраструктурните проекти, работата на Советот, младите.
Гледајте „СТАВ“ на ТВ Плус вечерва во 20 часот!
Ваша ТВ Плус!

Read More

СОУ „Перо Наков“ успешно го завршува проектот „Учиме за Европа“

СОУ „Перо Наков“ успешно го завршува проектот „Учиме за Европа“

Средното општинско училиште „Перо Наков“ успешно го завршува Еразмус+ проектот „Учиме за Европа“ во партнерство со училишта од Португалија, Романија, Италија и организации од Италија, Шпанија, Ирска и Грција, соопштија денеска надлежните од училиштето. Во текот на учебната година се организираа посети, работилници во повеќето од вклучените училишта. Проектот е дел од програмата Еразмус плус, т.е. потпрограмата КА201, финансиран од италијанската национална агенција.
– Проектот има за цел, преку едукативни игри за младите да ги доближи…

Read More

(ВИДЕО) Успешно завршена наставната година

(ВИДЕО) Успешно завршена наставната година

Заврши наставната година за околу 13.500 основци и средношколци, а во тек е и полагањето на екстерниот дел од државната матура. Раководителот на Секторот за образование во општина Куманово, Александар Јовановиќ задоволен е од постигнатите резултати на учениците годинава. Она што следува е првото пријавување за учениците во прва година во средните училишта на 14 и 15 јуни.
-Генерално сме задоволни затоа што покрај сите предизвици што ги имавме во оваа наставна година заедно со учениците,…

Read More

(ВИДЕО) Повреден малолетник на луна парк во Куманово

(ВИДЕО) Повреден малолетник на луна парк во Куманово

Малолетник од Куманово пред два дена бил повреден на луна паркот лоциран на булеварот „Октомвриска револуција“.
Според информациите на МВР, на 07 јуни годинава околу 22.30 часот во СВР Куманово,  49-годишниот Б.Д.  пријавил дека додека неговиот малолетен син бил на рингишил, паднала метална шипка и го повредила.
Според сопственикот на луна паркот „Радост“од Пробиштип, не станува збор за падната метална шипка врз детето, туку во момент на игра на децата со туркање на корпите пред себе, детето…

Read More

Сертификати за учениците од проектот „Обединети во мирот“

Сертификати за учениците од проектот „Обединети во мирот“

Учениците, кои беа дел од проектот „Обединети во мирот“ кој го реализираше здружението „Доверба“ од Куманово, денеска на локацијата „Студена вода“ добија серитификати за успешно реализираната обука.
Тие низ игра за градење на тимови, направија планови за промоција и проширување на проектните активности во останатите средни и основни училишта.

На настанот учествуваа раководителката на проектот Дивна Јанкова и менторот Александар Стефановски, како и претставници на Советот на родители, Јасмина Додевска и Марија Арсиќ.

Проектот „Обединети во мирот“ се…

Read More

ВИДЕО: Учениците на распуст, заврши учебната година

ВИДЕО: Учениците на распуст, заврши учебната година

Празни училишни клупи, ходници. За основците и средношколците заврши оваа учебна година.  По две години затвореност поради ковид пандемијата, наставата во септември лани започна навреме. Но се одвиваше со два прекини во второто полугодие, поради состојбата со коронавирусот, и штрајкот на СОНК. Учениците среќни што следуваат месеци на одмор и дружење. И покрај специфичната учебна година со два прекини, од училиштата се задоволни од реализираното.
-Задоволни сме од физичкото присуство на учениците без оглед на прекините…

Read More

Физички нападното дете во средно училиште

Физички нападното дете во средно училиште

Педесет и едногодишен кумановец во Секторот за внатрешни работи Куманово пријавил дека завчера околу 11 и 30 часот, во средно училиште неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Read More

Приведени три лица, нарушиле јавен ред и мир

Приведени три лица, нарушиле јавен ред и мир

Во полициското одделение Матејче на разговор биле повикани едно осумнаесетгодишно лице од село Ропаљце, липковско, и двајца малолетници од село Никуштак, затоа што претходно во 19.25 часот во Никуштак го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. На местото на настанот бил пронајден гасен пиштол. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Read More
1 215 216 217 218 219 769