Решен проблемот со сигнализацијата на пругата во Лопате

Решен проблемот со сигнализацијата на пругата во Лопате

Преминот на железничката пруга во село Лопате, на потегот Куманово-Скопје што не функционираше поради дефект на  средства за запирање и сигнализирање на патниот сообраќај за патниците кои патуваат со моторни возила, веќе е во функција, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
Информацијата е добиена од oдговорното лице од Железничка станица- Куманово кое нагласува дека дефектите на сигнализација и рампите на пругата во Лопате се  решени и истите функционираат.

Read More

РЦУК: Преминот на пругата во Лопате е небезбеден

РЦУК: Преминот на пругата во Лопате е небезбеден

Преминот на железничката пруга кај селото Лопате е небезбеден и постои голема веројатност од несакани последици, стои во дневниот извештај на Регионалниот центар за управување со кризи.
-Имаме сознание и информации дека преминот на железничката пруга во село Лопате, Општина Куманово, на потегот Куманово -Скопје не е обезбеден со средства за запирање на патниот сообраќај за патниците кои патуваат со моторни возила на релацијата село Лопате кон Куманово и обратно, стои во дневниот билтен.
Како што е…

Read More

Отчетот на градоначалникот во живо на ТВ Плус

Отчетот на градоначалникот во живо на ТВ Плус

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски утре ќе даде отчет за првите 100 дена од својот втор мандат.
Како што информираат од Општина Куманово ќе биде прикажана видео презентација под слоганот „100 дена заедно посветени на Куманово“.
По видео презентацијата ќе следува и обраќање на Димитриевски, по што ќе одговара на новинарски прашања.
Настанот кој ќе започне во 12 часот ќе може да се следи во живо на програмата на ТВ Плус.

Read More

(ВИДЕО) Тече реконструкцијата на театарот

(ВИДЕО) Тече реконструкцијата на театарот

До мај или јуни треба да заврши првата фаза од реконструкцијата на кумановските театар, информираат надлежните од Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Во моментов се работи на реконструкција на внатрешноста на објектот и надворешната фасада. Градежните активности опфаќаат санација и преадаптација на темелите, гледалиштето, сцената, канцелариите, помошните простории, кабините за тон, светло.

Read More

(ВИДЕО) Оркестарот „Симфониум“со концерт во чест на љубовта и виното

(ВИДЕО) Оркестарот „Симфониум“со концерт во чест на љубовта и виното

Оркестарот „Симфониум“ при гимназијата „Гоце Делчев“ организира концерт по повод 14-ти февруари, Денот на љубовта и виното. Концертот ќе се одржи во понеделник во 19 часот, во Занаетчискиот дом. Многу повеќе за овој настан, но и за досегашните и идни планови на овој оркестар ќе можете да слушнете во интервјуто со професорот и диригент, Филип Петровски, кој денеска гостува во Дневникот на ТВ Плус. Гледајте ТВ Плус во 18 и 22 часот!

Read More

(ВИДЕО)Над пет милиони денари за проекти од културата во Куманово

(ВИДЕО)Над пет милиони денари за проекти од културата во Куманово

25 годишниот јубилеј на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ годинава ќе биде поддржан со милион денари од министерството за култура, а финансиски ќе бидат помогнати и новите фестивали, Меѓународниот фестивал на прозата во Куманово и Фолклорниот фестивал „Илинден“. НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ доби  5,5 милиони денари од надлежното министерство за реализација на настани кои влегоа во Годишната програма за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2022 година.
-Оваа година задоволни…

Read More

ТВ Плус: Интервју со кандидатите за претседател на СДСМ

ТВ Плус: Интервју со кандидатите за претседател на СДСМ

Телевизија Плус реализира кратко интервју со кандидатите за претседател на општинската организација на СДСМ Куманово. Предвидено е кандидатите да одговорат на пет, исти прашања.
По електронски пат покани се испратени до Мартин Костовски, Марјан Спасовски, Драгана Цветковска, Сашо Тодоровски, Сашо Милковски, Оливер Илиевски, Александар Арсиќ, Виктор Божиновски и Емил Ташевски.
До денеска потврда за гостување доставија Виктор Божиновски, Драгана Цветковска, Емил Ташевски и Оливер Илиевски.
Марјан Спасовски информираше дека нема доставено програма со која требало да ја потврди…

Read More

(ВИДЕО) Две седмици не функционираат семафорите кај „Жмара“

(ВИДЕО) Две седмици не функционираат семафорите кај „Жмара“

Речиси две седмици не функционираат семафорите на булеварот „Октомвриска револуција“ кај „Жмара“, иако ова е една од најфреквентните крстосници во градот. Семафорите не работат по големиот дефект што се случи на главната водоводна цевка, кога водата се излеа на улиците, а голем дел жители од овој дел од градот останаа без вода. Граѓаните и возачите револтирани што проблемот се уште не е решен. Велат не сме безбедни, семафорите мора да работат.
-Треба сите да внимаваат, треба…

Read More

Ограбена црква во село Лопате

Ограбена црква во село Лопате

Ограбена црква во село Лопате, информира Секторот за внатрешни работи. Во кумановската полиција денеска по осум часот било пријавено дека било влезено во црква во село Лопате, кумановско и биле одземени пари. Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Read More

Санкционирани 18 пешаци на подрачјето на СВР Куманово

Санкционирани 18 пешаци на подрачјето на СВР Куманово

Поради непочитување на сообраќајните прописи, вкупно 18 пешаци се казнети вчера на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово.
– На подрачјето на СВР Куманово во текот на вчерашниот ден (10.02.2022) од 10.00 до 14.00 часот спроведена е акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават пешаците, при што се санкционирани 18 пешаци кои не ги почитувале сообраќајните прописи. Од нив 13 во Куманово, 4 во Крива Паланка и 1 во Кратово, информираат надлежните.

Read More
1 268 269 270 271 272 769