Ќе се реконструира Спомен Костурница

Ќе се реконструира Спомен Костурница

Во текот на наредната година целосно ќе се реконструира Спомен Костурницата најави министерот за култура Роберт Алаѓозовски кој заедно со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и директорката на Управата за заштита на културно наследство Елеонора Петрова Митевска, денеска го посети овој значаен историски споменик. Министерот информираше дека стручен тим формиран од националниот козерваториски центар детално детектирал дека е оштетена конструкцијата, мозаичните плочки на пристапните скали и централното плато. За таа цел ќе се изработи проект…

Read More

Се зголемува бројот на првачињата во „Магдалена Антова “

Се зголемува бројот на првачињата во „Магдалена Антова “

Основното училиште „Магдалена Антова“ е едно од неколкуте училишта во градот во кое што секоја година се запишуваат најголем број првачиња. Надлежните информираат дека во следната учебна година во „Магдалена Антова“ ќе учат дваесет првоодделенци повеќе споредбено со тековната учебна година.
-Ние како училиште „Магдалена Антова“ сме пријатно изненадени со бројот на првачиња кои што ги запишуваме и согласно списокот кој го добивме од надлежните служби кои што се надлежни за реонизација при запишување на првачиња…

Read More

Димитриевски: Општината ќе организира заедничка матурска забава

Димитриевски: Општината ќе организира заедничка матурска забава

Заедничка прослава за сите матуранти без разлика на етничка, верска или друга припадност ќе организира општина Куманово на 31 мај годинава во дискотеката Спејс, најави градоначалникот Максим Димитриевски на денешното обраќање пред кумановските матуранти во спортската сала на средното училиште „Перо Наков“. Димитриевски упати неколку пораки до матураните. „Бидејќи живееме во космополитско мултиетничко општество , ќе мора нашите различности да ги искористиме како предност и да градиме една заедничка иднина во рамките на една заедничка…

Read More

Волонтери со показна вежба во „Крсте Мисирков“

Волонтери со показна вежба во „Крсте Мисирков“

Десетина волонтери од тимот за прва помош при општинската организација на црвениот крст денеска преку показна вежба ги информираа учениците од основото училиште Крсте Мисирков и им дадоа упатства и насоки како да постапат  и да помогнат на некој повреден во нивна близина од причина што првата помош е секогаш најбитна. Околу 20-ина ученици од шесто до деветто одделение  беа дел од активноста на црвениот крст од Куманово.
-Целта на оваа показна вежба е да ги…

Read More

„Инклузија на деца Роми во образовен процес“

„Инклузија на деца Роми во образовен процес“

„Инклузија на деца Роми во образовен процес“ е насловен проектот кој што денеска го промовираше Центарот за ромска заедница Дром, кој се реализира со поддршка на  Центарот за семејно и детско згрижување и Ромскиот ресурсен центар. Овој проект е подгрант на проектот „Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите  за унапредување на образовната инклузија на Ромите“ финансиски поддржан од Делегација на Европската Унија. Досегашното истражување покажало дека причини за исклученост на децата од…

Read More

Се одржа маскенбалот „ Батко Ѓорѓија“

Се одржа маскенбалот „ Батко Ѓорѓија“

Маските  „Пиано“ изработени  од учениците на  средното стручно училиште „Киро Бурназ“, „Лебедово езеро“ од основното училиште  „Толи Зордумис“ и „Мали сликари“ од градинката „ Буба Мара “ се прогласени за најдобри на маскенбалот Батко Ѓорѓија што се одржа викендов во Куманово. И покрај тоа што тричленото стручно жири годинава навистина имаше тешка задача, сепак мораше да се одлучат за само три од десетиците маски кои што учествуваа на 16-от по ред маскенбал.
Инаку, повеќе од 1000…

Read More

Димитриевски: ВМРО ДПМНЕ ги злоупотребува бранителите

Димитриевски: ВМРО ДПМНЕ ги злоупотребува бранителите

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски ја поддржува иницијативата на ВМРО ДПМНЕ за изградба на Спомен обележје во чест на загинатите бранители во населбата Тоде Мендол на деветти и десетти мај, но смета дека опозициската партија ги злоупотребува имињата на хероите  кои својот живот го дадоа за Македонија во политички цели. „Сметам дека треба да има спомен обележје на бранителите во нашата општина како што има  спомен обележја на територијата на целата држава “ , изјави…

Read More

Крстевски: Да се почитува реонизација при запишување на првачиња

Крстевски: Да се почитува реонизација при запишување на првачиња

До крајот на месецов трае запишувањето на децата во прво одделение  кои што се родени во 2012-та година  и дечињата родени во јануари 2013-та година. Формално е така, но практиката покажува дека првачињата се запишуваат и во текот на летниот период се до стартот на новата учебна година. Според податоците со кои што располага секторот за образование,  наредната учебна година во прво одделение треба да бидат запишани 1696 деца според списокот добиен од надлежна државна…

Read More

„Куманово палета на различни култури“

„Куманово палета на различни култури“

Ученици од средните училишта од градот, денеска учествуваа на втората по ред креативна работилница насловена Куманово палета на различни култури, која ја спроведува Здружението Цивис во партнерство со телевизија Плус, во рамки на проектот Повеќе култури-повеќе вредности. Целта на работилница е да се вклучат младите во промоција на културните и историските вредности, односно да се придонесе за подобро разбирање и мултикултурно живеење во градот.
-Проект е финансиран од проектот Различноста е во мода, промоција на мултикултурализам…

Read More

Промовиран романот Не паркирај гаража

Промовиран романот Не паркирај гаража

„Не паркирај гаража“ е насловот на најновиот роман за деца и младинци на авторот Трајче Кацаров, кој денеска премиерно беше промовиран во кумановската библиотека. Делото зборува за недоразбирањето помеѓу возрасните и децата. Пораката која што ја испраќа делото е дека треба да постои толеранција помеѓу помладата генерација и повозрасните и покрај различните гледишта. Приказната започнува со лутење но завршува со разбирање.
-Тој судир е прикажан низ една интересна приказна, настан кој се одигрува покрај една гаража,…

Read More
1 2 3 4 5 6 192