ВИДЕО: Изложба на дела од „Лесновска ликовна колонија 2022“

ВИДЕО: Изложба на дела од „Лесновска ликовна колонија 2022“

Во организација на Домот на културата од Пробиштип, а во соработка со Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ денеска е отворена изложбата на дела од „Лесновската ликовна колонија“. На 30-та колонија учествувале 14 уметници од земјава и странство.

Read More

Димитриевски: Нема да ги разочарам тие што гласаа за мене како независен кандидат

Димитриевски: Нема да ги разочарам тие што гласаа за мене како независен кандидат

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во интервјуто за печатениот медиум Фокус на прашањето каков статус има во моментов во СДСМ, тој потенцираше дека ова прашање треба да се упати до актуелното раководство на СДСМ.
„Мислам дека ни тие самите не знаат каков е мојот статус во партијата. Но, правно-формално, согласно статутот на партијата, јас сум сè уште член на СДСМ. За мене ова е апсолвирано прашање. Јас мојата политичка иднина ја гледам како составен дел…

Read More

Дојава за бомба во две кумановски училишта

Дојава за бомба во две кумановски училишта

На електронските адреси на две кумановски училишта и 16 училишта во Скопје денеска е упатена закана за поставена експлозивна направа, соопштија надлежните.  Исто така, закана била упатена и на приватни мејлови на 9 професори од истите училишта. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, соопшти Секторот за внатрешни работи Куманово.

Read More

Зголемено производство на шумски производи и продажбата

Зголемено производство на шумски производи и продажбата

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во четвртото тримесечје од 2022 година е зголемено за 22,9 отсто во однос на четвртото тримесечје од 2021 година, додека продажбата на шумски сортименти изнесува 133 258 метри кубни и бележи зголемување за 16 проценти.
Според Државниот завод за статистика, зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, другото обло дрво од иглолисни и листопадни видови, огревното дрво од листопадни видови и другото…

Read More

Зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи

Зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи

Во четвртото тримесечје од 2022 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат над 9 милијарди денари и во однос на истиот период претходната година се зголемени за 23,1 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 29 проценти, додека кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство раст од 6,9 отсто.
Зголемувањето е забележано кај сите производи, освен кај фуражните растенија, овошјето и добитокот.

Read More

Физички нападнат вработен во ЈП „Куманово Паркинг“

Физички нападнат вработен во ЈП „Куманово Паркинг“

Четириесет и едногодишен жител на село Режановце, во кумановската полицијата пријавил дека на работното место во јавното претпријатие Куманово паркинг, на улицата „11-ти Октомври“ бил физички нападнат од Е.А. од село Черкези, кумановско, а друго лице му оштетило личен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира полицијата.

Read More

Едно лице почина, а двајца се повредени при настанат пожар во Куманово

Едно лице почина, а двајца се повредени при настанат пожар во Куманово

Едно лице почина, а двајца се повредени при настанат пожар во куќа на улицата „Сава Ковачевиќ“. СВР Куманово информира дека вчера во 16.55 часот било пријавено дека на ул.„Сава Ковачевиќ“ настанал пожар во куќа сопственост на 69-годишен кумановец. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопственикот, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што подоцна починал. Со повреди се здобиле и неговите синови на возраст од 33 и 44 години кои што биле…

Read More

Двајца повредени при пожар во куќа

Двајца повредени при пожар во куќа

Две лица се повредени вчера при настанат пожар во куќа на улицата „Сава Ковачевиќ“. Од Итната медицинска помош до Регионалниот центар за управување со  кризи Куманово била доставена информација дека две лица се здобиле со тешки телесни повреди од изгореници по телото.
– Еден од потешко повредените е пренесен во Скопје за понатамошно лекување, додека другиот полесно повреден е на хируршкото одделение во Општа болница Куманово, стои во билтенот на РЦУК.
Интервенцијата на пожарникарите околу два часа….

Read More

Кражба во основното училиште во селото Драгоманце

Кражба во основното училиште во селото Драгоманце

Извршена е кражба од непознат сторител завчера во основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во селото Драгоманце, општина Старо Нагоричане.
СВР Куманово инфомира дека на 14 февруари околу 08 часот изутрина во Полициското одделение Старо Нагоричане било пријавено дека со употреба на сила било влезено во основното училиште во селото Драгоманце и биле одземени повеќе предмети, но во соопштението не се прецизира за какви предмети станува збор.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото и се преземаат…

Read More

Намален бројот на сообраќајни незгоди во јануари годинава споредбено со истиот период лани

Намален бројот на сообраќајни незгоди во јануари годинава споредбено со истиот период лани

За 34 проценти е намален бројот на сообраќајни незгоди во јануари годинава споредбено со истиот период лани, соопштија надлежните од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Според СВР Куманово, во текот на месец јануари годинава се случиле 27 сообраќајни незгоди, во кои едно лице го загубило животот, две лица се стекнале со  тешки телесни повреди, девет со телесни повреди и во 15 случаи предизвикана е материјална штета.
Во истиот месец минатата година биле регистрирани 41 сообраќајна незгода во…

Read More
1 137 138 139 140 141 878