Потврден првиот смртен случај од сезонски грип во земјава

Потврден првиот смртен случај од сезонски грип во земјава

Институтот за Јавно здравје го потврди првиот смртен случај од сезонскиот грип. Се работи за пациент на возраст од 60 години од Скопје.
Според податоците регистрирани се 93 случаи со грип. Во меѓувреме тече вакцинацијата против грипот. Годинава над 57 000 граѓани се имунизирани со четиривалентна вакцина за заштита од сезонски вируси.
Од институтот велат дека преку Мој Термин во оваа бројка се опфатени категориите на најзагрозени граѓани кои имаат приоритет бесплатно да се вакцинираат каде спаѓааат…

Read More

(ВИДЕО) СВР Куманово: Слави со срце, не користи петарди

(ВИДЕО) СВР Куманово: Слави со срце, не користи петарди

„Слави со срце, не користи петарди и други пиротехнички средства“ е мотото на Министерството за внатрешни работи. И Секторот за внатрешни работи Куманово се приклучи во кампањата која укажува дека ваквите средства се опасни по здравјето и безбедноста на граѓаните. По тој повод полициски службеници на градскиот плоштад поделија флаери, со кои ги повикаа граѓаните да се придржуваат до законот, но и да мислат на сопствената безбедност.
-СВР Куманово и годинава спроведува превентивна кампања, со цел…

Read More

Србија во 2023 година: На резервна клупа?

Политичките случувања од 2022 година укажуваат на тоа дека во следната, 2023 година, веројатно ќе биде блокиран ионака лицемерниот европски пат на Србија.
Автор: Недим Сејдиновиќ
 
Србија во 2023 година: На резервна клупа?

Read More

ВИДЕО: Трибина против врсничко насилство

ВИДЕО: Трибина против врсничко насилство

На иницијатива на Секторот за внатрешни работи Куманово, односно Отсекот за превенција, заедно со Секторот за образование при Општина Куманово денеска се одржа трибина за врсничко насилство или попознато како булинг во училиштата. Беше истакнато дека учениците мора да бидат храбри и да пријавуваат булинг, не само физичко насилство туку и психичко. За зголемениот булинг во училиштата стручните лица посочуваат и дека голема улога има карантинот од ковид пандемијата.  Се осврнаа и на групи на…

Read More

Инклузивните градинки се наша цел, вели Тренчевска

Инклузивните градинки се наша цел, вели Тренчевска

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска го посети објектот „Пчелка“ на јавната детска установа „Ангел Шајче“, во Куманово и донираше инклузивни сликовници со брајово писмо за децата со оштетен вид. Сликовниците се издадени од Здружението на граѓани „Свет на Различни а Еднакви“. Министерката ја истакна важноста на инклузивните материјали во предучилишното згрижување на децата. Таа нагласи дека заложбите на Министерството за труд и социјална политика за овозможување на пристап за секое дете…

Read More

Утре ќе се одржи шеснаесетта седница на Советот

Утре ќе се одржи шеснаесетта седница на Советот

Во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации Комитет, утре ќе се одржи шеснаесетата седница на Советот на Општина Куманово.
На дневен ред ќе се најдат програми за работа на ЈП Пазаришта и Куманово Паркинг за идната година, програма за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово на лица со посебни потреби за 2023 година; предлог –…

Read More

Приведени две лица, пронајдени околу 4.000 петарди

Приведени две лица, пронајдени околу 4.000 петарди

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при Секторот за внатрешни работи Куманово ги лишиле од слобода С.М.(37 години) и А.Б.(28 години), двајцата од Куманово. При претрес во домот на А.Б., извршен со судска наредба, бил затекнат С.М. и кај него биле пронајдени околу 4.000 парчиња различни видови пиротехнички средства – петарди. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесени соодветни пријави.

Read More

Пожарникарите гаснеле оџак на станбена зграда

Пожарникарите гаснеле оџак на станбена зграда

Кумановските пожарникари во текот на вчерашниот ден бележат две интервенции, информира Регионалниот центар за управување со кризи. Првата интервенција била на опожарена сува трева на улица Октомвриска Револуција.  Втората е на опожарен оџак на станбена зграда на улица Тоде Думба. Во пожарот нема предизвикано поголема материјална штета.

Read More

ВИДЕО: Во Свети Никола одбележан празникот, но и годишнината од изградбата на црквата

ВИДЕО: Во Свети Никола одбележан празникот, но и годишнината од изградбата на црквата

Православните верници денеска го одбележуваат Свети Никола, слава која ја празнуваат најмногу семејства во кумановскиот регион. Соборниот храм Свети Никола во Куманово со свечена литургија денеска го одбележа и јубилејот 170 години од изградбата на црквата.
За таа цел утринава голем број верници ја посетија црквата, сечеа славски колачи, запалија свеќи за здравје и се помолија за најблиските.

Во црковниот храм пред многубројни верници со литургијата началствуваше Митрополит Повардарски, г.Агатангел во сослужение со надлежниот Митрополит Кумановско –…

Read More

Викендов санкционирани вкупно 187 возачи

Викендов санкционирани вкупно 187 возачи

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на  Куманово санкционирани се вкупно 187 возачи   од  кои 148 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 28 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол и 11 за управување возило без возачка дозвола. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги…

Read More
1 171 172 173 174 175 878