Продолжуваат протестите на сточарите во Тромеѓа

Продолжуваат протестите на сточарите во Тромеѓа

Сточарите од кумановско Тромеѓа,  и денеска еден час го блокираа регионалниот пат Куманово-Свети Николе, барајќи да не се уништуваат нивните здрави свињи.
Сточарите протестираат од 6 декември годинава, првин го блокираа влезот на селото, а подоцна се префрлија на регионалниот пат, на клучката помеѓу двете населби.
Велат дека околу нивното село нема шума и нема контакти со диви свињи. Стравуваат дека по уништувањето на свињите во кумановско ќе се зголеми цената на свинско месо и дека ќе…

Read More

Гимназија со хуманитарна акција за Нова година

Гимназија со хуманитарна акција за Нова година

Средното училиште гимназија „Гоце Делчев“ во соработка со општинската организација на Црвениот крст организира хуманитарна акција, Да бидеме хумани. Заинтересираните можат да донираат новогодишни украси, училишен прибор, облека. Донацијата може да се достави на портирницата пред главниот влез, првиот ден откако ќе заврши наставата на далечина.

Read More

Конференција на ЦИД за учество на младите во зелената агенда

Конференција на ЦИД за учество на младите во зелената агенда

Во организација на Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) се одржа конференција на тема „Младинско учество и инволвираност на младите во зелената агенда како основа за развој на демократско и зелено општество”.
Воведно обраќање на панел дискусијата која што вчера се одржа во Занаетчискиот дом имаше градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски со акцент на иницијативи и конкретни активности кои што ги преземаат младите на локално ниво.
На конференцијата присуствуваа градоначалници, потпретседатели на политички подмладоци, претставници од министерства,…

Read More

Ненад Стојановски гостин во „СТАВ“

Ненад Стојановски гостин во „СТАВ“

Раководителот на Секторот за даноци и такси при Општина Куманово, Ненад Стојановски гостува во емисијата „СТАВ“. Тој ќе појасни зошто доцнат решенијата за данок на имот за физичките лица, каква е наплатата, но и проблемите и предизвиците со кои се соочуваат.
Гледајте „СТАВ“ во 20 часот.
 

Read More

ВИДЕО: Германски компании го промовираа дуалното образование во „Наце Буѓони“

ВИДЕО: Германски компании го промовираа дуалното образование во „Наце Буѓони“

Во средното училиште „Наце Буѓони“ денеска беше промовирано дуалното образование од претставници на германски компании. Во техничкото училиште оваа учебна година првпат е оформена паралелка од дуално образование од профилот техничар за индустриска мехатроника. Денешната активност е дел од проектот „Вмрежување во РСМ“ организирана од Сојузното министерство за економија на Р. Германија преку Образовниот центар на Баварското стопанство.

Read More

ВИДЕО: Масовно се пошумуваат повеќе локации во Куманово

ВИДЕО: Масовно се пошумуваат повеќе локации во Куманово

Спомен  костурница, Студена вода, Долно Којнаре се само дел од локалитетите кои што изминатиот период масовно се пошумуваат од екипите на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“.
Интенцијата на комуналното претпријатие е до крајот на годинава да бидат засадени 8.000 садници во Куманово.

Read More

Се поставуваат новогодишните украси

Се поставуваат новогодишните украси

Се поставуваат новогодишните украси во централното подрачје.  По две години Куманово повторно ќе светне во новогодишно руво. Годинава општината ќе украсува со сопствени новогодишни украси, кои согласно плановите ќе можат да се користат и наредните години.
За оваа цел Советот на Општина Куманово претходно изгласа измена на програмата за работа на јавното претпријатие Куманово Паркинг, каде меѓудругото беше донесена одлука за зголемување на предвидената сума за 500.000 денари. Изминатите години се трошеле околу 2,5 милиони денари…

Read More

Отстранување на ветото и македонските ЕУ интеграции

Отстранување на ветото и македонските ЕУ интеграции

Во Европската унија се погласни се барањата за отстранување на ветото на земјите-членки во сферата на надворешната политика, главно поради прием на нови членки во Унијата. Дали ова значи побрз начин за членство на Македонија во ЕУ?
Автор:  Џенур Исени
Отстранување на ветото и македонските ЕУ интеграции

Read More

Дојавите за бомби се лажни, потврди полицијата

Дојавите за бомби се лажни, потврди полицијата

Завршени се сите проверки во училиштата во Куманово и утврдено е дека станува збор за лажни дојави за бомби.
-Секторот за внатрешни работи Куманово ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во осум основни училишта и еден клон, како и едно средно училиште во Куманово во врска со закани за поставени експлозивни направи и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави од полициски службеници се преземени мерки за безбедно…

Read More

Ѓорѓиевска се сретна со претставници на ОБСЕ

Ѓорѓиевска се сретна со претставници на ОБСЕ

Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска оствари средба со претставници од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Лука Сасо и Наташа Нанковска од Одделот за сигурност и поддршка на заедниците, кои ја следат работата на Советот на Општината и имаат континуирана соработка.
На работната средба стана збор за актуелните состојби и теми кои се во интерес на граѓаните на Куманово.

Read More
1 173 174 175 176 177 878