„Солидарност преку волонтирање”

„Солидарност преку волонтирање”

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на волонтерите, општинската организација на Црвен крст Куманово организираше настан под мотото „Солидарност преку волонтирање” на кој присуствуваа волонтери и членови од организацијата. Благодарност до сите волонтери изразија претседателот и секретарот на ООЦК Куманово за нивниот несебичен придонес и поддршка во реализирање на многубројни активности и продонес во заедницата и притоа им беа доделени благодарници на најистакнатите волонтери.

Read More

Приведено лице, нападнало полициски службеници

Приведено лице, нападнало полициски службеници

Полициски службеници од СВР Куманово во село Никуштак го лишиле од слобода Н.Б.(46 години) од село Арачиново, скопско, затоа што со товарно моторно возило се обидел да удри полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Н.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информира полицијата.

Read More

Уапсено лице, при обид да изврши кражба

Уапсено лице, при обид да изврши кражба

Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода У.Ф. (42 години) од Куманово. На улицата „Србо Томовиќ“ бил затекнат при обид да одземе предмети од патничко моторно возило. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, пренесува полицијата.

Read More

Приведена кумановка, за издржување затворска казна

Приведена кумановка, за издржување затворска казна

Полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Б.М. (46 години) од Куманово. Таа била барана по потерница за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Read More

Утре без струја делови од градот

Утре без струја делови од градот

Неколку локации во Куманово утре ќе бидат привремено без електрична енергија поради интервенции во мрежата. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 07 до 14:30 часот без напојување ќе останат корисниците од улиците „Панчевска“, „Трета МУБ“ .
Од 08 до 10:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од населбата Карпош.
Во период од 09 до 12 часот прекини се најавени за корисниците од селото Долно Којнаре и училиштето „Киро Бурназ.

Read More

ВИДЕО: Наградени помагателите на Меѓународниот фоклорен фестивал

ВИДЕО: Наградени помагателите на Меѓународниот фоклорен фестивал

Благодарници за придонесот за Меѓународниот фолклорен фестивал, добија неколку поединци и приватни фирми, од организаторот Културно уметничко друштво „Панче Пешев“ и Младинскиот културен центар Козјак од Куманово.
Традиционално како и претходните години и овој пат по завршувањето на 3-от фестивал, организаторите на средба изразија благодарност за помагателите на манифестацијата.
Претседателот Мирослав Крстевски истакна дека е задоволен од самиот фестивал, настапите на учесниците од земјава, соседството и пошироко.

 

Read More

ВИДЕО: Магично шоу со Дарко Ѓурчиновски во Центарот за култура

ВИДЕО: Магично шоу со Дарко Ѓурчиновски во Центарот за култура

Предновогодишно шоу со Дарко Ѓурчиновски за најмладите, детски новогодишни претстави, изложба на академскиот сликар, конзерватор и реставратор Валентина Илијевска се дел од активностите што ќе се реализираат во центарот за култура до крајот на годинава.
„Годишната програма на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во целост е реализирана, а беа организирани и повеќе настани кои не беа дел од програмата“, информира директорот Сашо Тодоровски, оценувајќи ја 2022-та како успешна година.
-Овие петнаесетина дена пред да заврши годинава…

Read More

Од полноќ нови цени на горивата

Од полноќ нови цени на горивата

Дизелот и бензините од полноќ ќе се продаваат по уште пониски цени, објави Регулаторната комсиија за енергетика.
Цената на дизелот се намалува за 1,5 денари, а поевтинувањето на Еуросупер 98 и Еуросупер 95 ќе биде за 1,5, односно за 1 денар. Со новите цени дизелот треба да биде 78 денари, а бензините 78 и 76,5 денари од утре.
Цената на дизелот и другите горива во малопродажба е намалена за речиси 30 отсто во последните неколку недели. Дизелот,…

Read More

Одземени возила, пронајден пиштол

Одземени возила, пронајден пиштол

Полициски службеници од регионалниот центар за гранични работи Север од слобода лишиле четири лица, од кои тројца македонски и еден албански државјанин. На граничен премин Табановце од слобода бил лишен А.Б.(41 година) од Гевгелија затоа што при контрола било констатирано дека серискиот број на возилото „фолксваген транспортер“ со бугарски национални ознаки, кое го управувал, бил фалсификуван, односно бројот во собраќајната возила не бил ист со бројот што е на возилото. За исто дело, од слобода…

Read More
1 175 176 177 178 179 878