Изненадувања и богата програма утре во Алфи Би по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Изненадувања и богата програма утре во Алфи Би по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 03-ти декември, Алфи Би Компани ги поканува граѓаните во период од 11 до 14 часот на дружење во Алфи Техноцентар Куманово и Скопје!
Алфи Би Компани од 2006 година е регистрирана како заштитно трговско друштво за вработување на лица со попреченост. Веќе 16 години со помош на искусен тим им дава еднакви можности, максимална поддршка за вработување на лицата со попреченост, секојдневно се работи на нивниот кариерен напредок.
Од…

Read More

Акцијата „Здравје за сите“ во кумановско Романовце

Акцијата „Здравје за сите“ во кумановско Романовце

Во кумановско Романовце денеска беше спроведена последната акција за годинава од „Здравје за сите“, информираа надлежните од Здравствен дом Куманово. Жителите на ова село утрово ги направија превентивните проверки, кои опфаќаа мерење крвен притисок, шеќер и холестерол во крвта, а во меѓувреме добија и совети од лекарите за понатамошно лекување. Бесплатни прегледи на крвен притисок, шеќер и холестерол во крвта имаше во селата во Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Read More

МВР: Лажна е пријавата за поставена експлозивна направа во училиштето во Крива Паланка

МВР: Лажна е пријавата за поставена експлозивна направа во училиштето во Крива Паланка

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешната пријава од училиште во Крива Паланка дека на електронската адреса на училиштето била испратена закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и по извршени проверки утврдено е дека станува збор за лажна пријава.

Read More

Дојава за експлозивна направа и во основно кривопаланечко училиште

Дојава за експлозивна направа и во основно кривопаланечко училиште

Во полициската станица Крива Паланка денеска околу 11 часот било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште во градот е упатена закана за поставена експлозивна нaправа, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Оттаму додаваат дека веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и се вршат антитерористички проверки.
Рано утринава околу 07 часот и 30 минути, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, пријави за бомби пристигнале…

Read More

Започна дистрибуцијата на решенијата за данок на имот за физички лица за годинава

Започна дистрибуцијата на решенијата за данок на имот за физички лица за годинава

Општина Куманово ги информира граѓаните дека започна со дистрибуција на решенијата за данок на имот за физички лица за 2022 година преку АД Македонска пошта .
Дистрибуцијата започна минатата недела и самата постапка би требало да заврши до крајот на наредната недела.
Општина Куманово се извинува на сите граѓани затоа што решенијата доцнат оваа година и граѓаните ги добиваат на крајот на годината.
Доцнењето е од причини што за првпат имаше тендерска постапка за поштенски услуги, затоа што…

Read More

Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев вечерва во СТАВ

Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев вечерва во СТАВ

-Ќе ја врати ли СДСМ локалната власт во Куманово, постои ли можност пратениците да дадат зелено светло за европскиот концепт, можни ли се предвремени парламентарни избори, какви се очекувањата од новиот пакет антикризни мерки, колку Владата предводена од СДСМ инвестира во кумановскиот регион ?
Ова се само дел од темите на кои што вечерва во СТАВ разговараме со потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев.
Емисијата започнува во 20 часот.

 

Read More

Литературно – музичка вечер со основци и средношколци

Литературно – музичка вечер со основци и средношколци

Во организација на Друштвото на писатели од Куманово вчеравечер во салата на Занаетчискиот дом се одржа 14-то издание на традиционалната манифестација Литературно – музичка вечер. Со лични творби настапија ученици од основни и средни училишта, а во музичката програма учествуваа ученици од основното музичко училиште „Панче Пешев” и танцова двојка од  клубот „Динамик” од Куманово.
Манифестацијата е поддржана од општина Куманово.

Read More

Минатата седмица евидентирани 18 случаи на заболени од грип

Минатата седмица евидентирани 18 случаи на заболени од грип

Во текот на минатата недела во земјава се пријавени 18 случаи на групни пријави за заболени од грип соодветни за овој период од сезоната, со намалување за 48,6% во споредба со минатата недела (35), намалено во однос и на минатата сезона и просекот.
Заболените лица се регистрирани во Гостивар – 7, Тетово – 3, Струмица, Охрид и Прилеп – по 2 и Скопје и Куманово – по 1.
Во однос на возраста, забележани се заболени во сите…

Read More

Приведен кумановец баран со потерница

Приведен кумановец баран со потерница

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово го лишиле од слобода Љ.Ф.(52 години) од Куманово.
Тој бил баран со потерница по судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 386 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.

Read More

ВИДЕО: Раното откривање на ХИВ инфекцијата е најзначајно

ВИДЕО: Раното откривање на ХИВ инфекцијата е најзначајно

Од почетокот на годината во Куманово е регистрирано едно лице новоинфицирано со ХИВ вирусот. Со инфекцијата, но и болеста СИДА во оваа општина живеат 23 лица, повеќето мажи. Епидемиолозите со став животот на овие лица може да продолжи со редовна терапија. Но, велат раното откривање на инфекцијата е значајно. 1-ви декември се одбележува како Светски ден за борба против ова заболување.

Read More
1 180 181 182 183 184 878