Заболените дечиња периодов да се изолираат дома, советуваат здравствените работници

Заболените дечиња периодов да се изолираат дома, советуваат здравствените работници

Зголемен е бројот на болни и хоспитализирани деца на детскиот оддел во кумановската болница. Надлежните информираат дека со падот на темерературите се јави наплив на заболени деца од предучилишта и училишна возраст. На одделението било хоспитализирано и бебе од две недели со респираторни инфекции. Хоспитализирани се 30 деца, а останатите со поблага клиничка слика се во дневната болница. Во амбулантата дневно има до 100 прегледи.
Педијатрите советуваат заболените да се изолираат за да се спречи ширење…

Read More

ВИДЕО: Вкупно 200 сообраќајни незгоди за шест месеци

ВИДЕО: Вкупно 200 сообраќајни незгоди за шест месеци

Во првите шест месеци од годината на територијата на Општина Куманово се случиле вкупно 200 сообраќајни незгоди. Покажа извештајот на Полициската станица од Општа надлежност Куманово кој беше презентиран на седница на Советот на Општина Куманово.
Состојбата во однос на патниот сообраќај, како што посочи заменик командирот Суад Ајдари, е релативно стабилна.
 

Read More

Негативен природен прираст и помалку склучени бракови

Негативен природен прираст и помалку склучени бракови

Во третото тримесечје од 2022 година, во земјава се евидентирани 4 956 живородени деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 3.0 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на умрените лица бележи намалување од 28.9% во споредба со лани, односно 5 145 лицa, од кои 12 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е -189 лица, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот…

Read More

Цената на патарините останува иста

Цената на патарините останува иста

Засега останува иста цената на патарините во државава, изјави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми. Тој информираше дека продолжуваат со модернизација на патарините на Коридорот 8.
– Како ЈПДП продолжуваме со модернизација на патарините по Коридорот 8, при што се очекува да почнеме со работа од март следната година и очекуваме до крајот на годината и Коридорот 8 да биде целосно модернизиран, односно да се спроведе електронско плаќање, рече Рустеми.
Со процесот на модернизација…

Read More

ВИДЕО: Зголемен бројот на кривични дела на подрачјето на СВР Куманово

ВИДЕО: Зголемен бројот на кривични дела на подрачјето на СВР Куманово

По долга, исцрпувачка дебата, Советот на општина Куманово, без присуство на командирката на полициската станица од општа надлежност Куманово, ја разгледа информацијата за преземените мерки и активности во текот на првото полугодие од 2022 година.
Според изложеното зголемен е бројот на кривични дела на подрачјето на СВР Куманово.
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата побараа, а Советот изгласа заклучок со кој ќе се бара разрешување на командирката Зорица Вукановиќ. За заклучокот на гласаа советниците од СДСМ и коалицијата.

Read More

ВИДЕО: Минатата седмица регистрирани 174 нови случаи на ковид 19 на ниво на земјава

ВИДЕО: Минатата седмица регистрирани 174 нови случаи на ковид 19 на ниво на земјава

Институтот за јавно здравје ја објави неделната информација за состојбата со ковид 19. Во период од 21-ви до 27-ми ноември, тестирани се вкупно 2.827 материјали за присуство на SARS-CoV-2, со незначително намалување од 0,1% во однос на минатата недела.
Регистрирани сe 174 нови позитивни случаи од 18 градови во државата, со намалување од 2,8% во однос на минатата недела (n=179). Процентот на позитивност се движи од 2,7% до 8,2%, просечно 5,8%.
Најголем дел од регистрираните случаи се…

Read More

Испорачани дел од новите печатени учебници за основно

Испорачани дел од новите печатени учебници за основно

Министерството за образование и наука информира дека испораката на учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование се одвива согласно утврдената динамика. Веќе е завршена испораката на учебниците по првиот договор  за печатење, што ги опфаќа учебниците за четврто одделение по македонски јазик и по математика, на македонски наставен јазик и учебниците по турски јазик за четврто и петто одделение, на турски наставен јазик.
Испораката на учебниците по вториот и третиот договор ќе…

Read More

Анкета дали да има бесплатен јавен превоз

Анкета дали да има бесплатен јавен превоз

Кумановци имаат можност преку анкета да се изјаснат дали се заинтересирани за воведување на бесплатен јавен превоз во период на енергетска криза.
Анкетата ја објави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој информираше дека во тек се интензивни разговори и координации со Советот, со фирмите вршители на јавниот градски превоз во градот за можност од воведување на целосно бесплатен јавен превоз во градот за сите граѓани на сите 26 градски линии.
Ваквата услуга би се субвенционирала од општинскиот…

Read More

Миле Андоновски нов член на Советот на Општина Куманово

Миле Андоновски  нов член на Советот на Општина Куманово

Миле Адноновски од Партијата на пензионерите од денеска е нов член на Советот на Општина Куманово. Тој доаѓа на позицијата советник преку коалицијата на СДСМ, откако Мартин Захариев претходно си поднесе оставка.
-Општинската изборна комисија го разгледа уверението и утврди дека наведениот советник има уредно и врз основа на закон поднесено уверение за негов избор. Врз основа на тоа верификационата комисија предлага на Советот на Општина Куманово да го усвои овој извештај и да изврши верификација…

Read More

Жените од ВМРО-ДПМНЕ со трибина против насилство

Жените од ВМРО-ДПМНЕ со трибина против насилство

Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ општински комитет Куманово заедно со Комисијата за труд и социјална политика во рамки на 16 дена активизам против родово базирано насилство утревечер во 19 часот во Занаетчиски дом Куманово организира трибина на тема ,,Кажи не, на насилство врз жени и семејното насилство.“
На трибината ќе се обратат, Жаклина Пешевска, претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ,  Емилија Ангелова, генерален секретар на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Проф. д-р Лазар Јовевски, Правен…

Read More
1 182 183 184 185 186 878