ВИДЕО: Изберени две стратешки области од североисточниот регион

ВИДЕО: Изберени две стратешки области од североисточниот регион

Во организација на Центарот за североисточен плански регион во ресторан Грација денеска се одржа првата форумска сесија во рамките на програмата „Регионални форуми на заедницата-алатка за идентификација, приоретизирање и подготовка на проекти“ од Бирото за регионален развој.
Претставници од општини, установи, институции, граѓани, здруженија од шесте општини од североисточниот регион  гласаа за две од стратешките области на регионот, животна средина и земјоделство, рурален развој и развој на туризмот.

Read More

ВИДЕО: Патронен празник на ООУ „Крсте Мисирков“

ВИДЕО: Патронен празник на ООУ „Крсте Мисирков“

Основното училиште „Крсте Мисирков“ денеска одбележува 74 години од своето постоење. Патрониот празник беше прославен со свечена седница и културно -уметничка програма подготвена од учениците и наставниците.

Read More

Заврши реконструкцијата на делница Ропаљце и Матејче

Заврши реконструкцијата на делница Ропаљце и Матејче

Заврши реконструкцијата на делницата Ропаљце и Матејче од државниот пат во општина Липково, соопштија денеска од јавното претпријатие за државни патишта. Делницата во должина од скоро три километри ги поврзува двете населени места, обезбедувајќи безбедно движење за возачите.
-Завршена реконструкцијата на државниот пат делница Ропаљце – Матејче во должина од 2,79 километри. Ширината на патот е променлива и се движи од 5,5 метри до 5,9 метри. Вредноста на проектот е 113.332.415 денари, соопшти ЈПДП. Изведувач на…

Read More

Србин баран од Интерпол приведен на Табановце

Србин баран од Интерпол приведен на Табановце

Триесет и петгодишен државјанин на Србија баран од Интерпол вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце.
Вчера во 18.15 часот на граничниот премин Табановце, од слобода бил лишен М.Г.(35 години) од Република Србија, затоа што при извршената проверка било констатирано дека бил на стоп листа на Интерпол, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Read More

Дилеми и отворени прашања за иднината на отворен Балкан

Дали државите од регионот можат политичките ветувања да ги претворат во реалност за граѓаните и компаниите.
Автори: Стефан Ристевски
 
 
Дилеми и отворени прашања за иднината на Отворен Балкан

Read More

Дефекти на канализациска мрежа на неколку улици

Дефекти на канализациска мрежа на неколку улици

Дефекти на канализациска мрежа на 17.11.2022 година
-крак од ул. „Тонко Димков“ -реконструкција на фекална канализација
-ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ – реконструкција на фекален приклучок
-ул. „11-ти Октомври“ -чистење на приклучна фекална канализација
-ул. „Октомвриска револуција“ и ул.„ 3-та МУБ“ – контрола и чистење на елементи на атмосферска канализација

Read More

Изложба на фотографии од уметниците Анчевски и Трпеска

Изложба на фотографии од уметниците Анчевски и Трпеска

Ликовните уметници Стефан Анчевски од Куманово и Марија Трпеска од Скопје деновиве ги изложија своите фотографии во Социјалниот центар Дуња во Скопје, по повод шест години постоење на центарот.
Изложбата насловена „Јадачи на компири“ се состои од колажирани фотографии од знаменотости во градовите на кои се аплицирани компири, алудирајќи на нула (компир) функционалност, функционирање на системот.
Насловот „Јадачи на компири“ произлегува од истоименото познато дело на Ван Гог кое во суштина претставува семејство кое ја споделува храната,…

Read More

ВИДЕО: Поголема едукација на граѓаните за последиците од дијабетесот

ВИДЕО: Поголема едукација на граѓаните за последиците од дијабетесот

Здружението на дијабетичари од Куманово апелира за поголема информираност и едукација на граѓаните за последиците од дијабетесот.
Бесплатно мерење на шеќер во крвта, едукативни предавања за дијабетесот и работилници се дел од активностите што ги реализира здружението.

Read More

Значително намалување на цените на горивата од полноќ

Значително намалување на цените на горивата од полноќ

Цените на горивата се намалуваат вечерва од полноќ, соопшти Регулаторна комисија за енергетика.
Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за два денари и ќе изнесува 91,5 денари по литар, Цената на ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава поевтино за два денари, и според новата цена ќе изнесува 94 денари.
Дизел горивото се намалува за три денари, и според новата цена ќе се продава по 93 денари по литар.
Се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство за…

Read More
1 189 190 191 192 193 878