Расчистено насилството, насилниците лишени од слобода

Расчистено насилството, насилниците лишени од слобода

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово лишиле од слобода  девет лица на возраст од 18 до 23 години, сите од Куманово и кумановско, а на службен разговор биле повикани и тројца малолетници од Куманово. Тие се сомничат дека завчера на улицата „Карл Маркс“ во Куманово со тврди предмети му го оштетиле возилото на Б.Ш.(20 година) од Куманово, по што тој во обид да избега предизвикал  сообраќајна незгода удирајќи во паркирано возило. По целосно…

Read More

Ѓорѓиевска на регионален форум организиран од УНФПА

Ѓорѓиевска на регионален форум организиран од УНФПА

Претседателката на Советот на општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска заедно со службеникот за млади Мартин Крстиќ учествуваа на регионалниот форум „Градиме градови за младите во свет на 8 милијарди луѓе“ во Сараево, Босна и Херцеговина каде присуствуваа 120 градоначалници, претставници на општини, службеници за млади од локалната самоуправа и експерти од 47 градови во 13 држави, по повод одбележување  на 15-ти Ноември  – Денот кога Планетата станува дом на осум милијарди луѓе.
Регионалниот форум е во организација…

Read More

„Чистота и Зеленило“ и мештани пошумуваат во Долно Којнаре

„Чистота и Зеленило“ и мештани пошумуваат во Долно Којнаре

Вработени во јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ заедно со месно население започнаа акција за масовно пошумување во Долно Којнаре.
Како што информираат надлежните од претпријатието годинава е планирано да бидат насадени над 1000 садници. На оваа локација ќе продолжи пошумувањето и наредната година.
Акциите се дел од програмата за долгорочно справување со аерозагадувањето и чист воздух.
Надлежните се надеваат дека ова место кое пред една година беше дива депонија, ќе прерасне во борова шума.

Read More

ВИДЕО: „Зафир Сајто“ ја одбележува Недела за грижа на стари лица

ВИДЕО: „Зафир Сајто“ ја одбележува Недела за грижа на стари лица

Под мотото „Сите сме нивни деца“ домот за стари Зафир Сајто од Куманово, со низа активности ја одбележува Неделата на грижа за стари лица. Целта е поголема интеграција на старите лица во сите сфери на општествениот живот. Се одржаа работилници на кои се подготвуваа традиционални слатки, кои ги изработуваа корисниците и вработените, како и работилница ,,Магијата на есента и есенските бои”.
-Следните денови ќе имаме посета од Црвен Крст каде ќе се зборува за дијабет, ќе…

Read More

Повторно уништен семафорот на „Октомвриска револуција“

Повторно уништен семафорот на „Октомвриска револуција“

Повторно е оштетен еден од семафорите на булеварот Октомвриска револуција, на крстосницата со улицата Пионерска. Семафорот работи, но е значајно оштетен. Не е позната причината за оштетувањето.
– Општината навремено е известена и испративме екипи кои работат на поставување на семафорот, за да не се создава метеж на овој фреквентен булевар, изјави раководителката на секторот за комунални дејности, Лидија Ланг Спасовска.
Од кумановската полиција потврдуваат дека немало пријава за сообраќајна незгода ниту пак за насилно оштетување. Кумановци…

Read More

ВИДЕО: Патронен празник на СОУ „Перо Наков“

ВИДЕО: Патронен празник на СОУ „Перо Наков“

Со положување цвеќе и свечена приредба, средното училиште Перо Наков денеска го одбележа патрониот празник.

Училиштето кое постои веќе 77 години годинава е реконструирано, а континуирано е вклучено и во имплементација на проекти од Еразмус плус програмата.

Read More

ВИДЕО: НУ Музеј со проект за лицата со попреченост

ВИДЕО: НУ Музеј со проект за лицата со попреченост

Националната установа Музеј реализира проект во кој се вклучени лицата со попреченост од Куманово.
Станува збор за проект финансиран од министерството за култура, а едукативниот и практичниот дел се реализираат во просториите на „Порака наша“ и на Дневниот центар за лица со попреченост.
Едукатор е археологот Фросина Лазаревска од Музеј Куманово.

Read More

ВИДЕО: Музеј Куманово со повеќе проектни активности

ВИДЕО: Музеј Куманово со повеќе проектни активности

Со ликовни работилници, изложби, едукативни етнолошки филмови НУ Музеј Куманово изминатата седмица го одбележа Денот на ослободувањето на Куманово. Ученици од повеќе основни училишта вчера беа дел од работилницата која се одржа во куќата -Музеј на Христијан Тодоровски Карпош, а ден претходно основците својата креативност ја покажаа цртајќи во просториите на кумановската галерија. Со децата работеа историчарите на уметност, Неда Митковска и Габриела Митевска, вработени во музејот, а надворешен соработник професорката по ликовно образование, Елена…

Read More

ВИДЕО: Во пораст бројот на заболените од дијабетес

ВИДЕО: Во пораст бројот на заболените од дијабетес

Околу 10.000 кумановци се дијабетичари, а 120 од нив се деца информираше денеска д-р Исмаил Бајрами од Центарот за дијабетес при Општа болница Куманово по повод одбележувањето на Светскиот ден на борба против дијабетесот, 14-ти ноември. За разлика од повозрасните пациенти кои што зависно од типот на дијабетесот може да се лекуваат со таблетарна терапија, комбинирана или само со инсулин, кај децата веднаш се почнува со инсулинска терапија, посочува Бајрами, потецирајќи дека најбитно е навремено…

Read More

Кумановка претепана од тројца малолетници

Кумановка претепана од тројца малолетници

Триесет и осумгодишна кумановка била физички нападната од тројца кумановци на градскиот плоштад во Куманово.
Во полициска станица Куманово А.Ј.(38 години) пријавила дека на плоштадот била физички нападната од тројца малолетници кои ги познавала, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Read More
1 190 191 192 193 194 878