Спортски портал во Куманово

Спортски портал во Куманово

Од следната недела ќе стартува со работа првиот спортски
портал во Куманово насловен Соколана. Освен спортски вести за клубовите во
градот и најбрзи резултати, на интернет страницата ќе можат да се следат и снимени
спортски натпревари, а ќе се третира и училишниот спорт. Сите информации од
областа на спортот граѓаните ќе можат да ги пронајдат на сајтот Соколана.мк,
информира сопственикот на порталот Марјан Стошевски.

-Во него ќе бидат опфатени активностите на поголемиот
број на клубови, се надевам дека ќе успеам да…

Read More

Интернационален форум за социјално претпримништво

Интернационален форум за социјално претпримништво

Интернационален форум за социјално претпримништво се
одржа денеска во ресторан Грација во рамките на проектот „Социјална инклузија
преку социјални мрежи помеѓу граѓанските организации и социјално
претприемништво“.  Главната цел е да се
поттикне вклучувањето и пристапот на ранливите категории  на лица и подобрување на условите на пазарот
на труд за младите луѓе. Имплементираните активности и постигнати резултати на
проектот во периодот од декември 2017-та до април годинава ги презентираше
проект менаџерот Оливера Трајковска. Претходно присутните ги поздравија Димитар
Ташевски од Фондацијата за развој на…

Read More

„Скаут“ со ликовен и литературен конкурс

„Скаут“  со ликовен и литературен конкурс

Четириесетина ученици од
основните училишта во градот денеска учествуваа на литературниот и ликовниот конкурс
во организација на Извидничкиот одред „Скаут“  и Отворена порта. Активноста е дел од
кампањата за броба против трговија со луѓе. Учесниците имаа можност цели три
часа во фоајето на центарот за култура да цртаат односно пишуваат творби на
тема: “Социјалните мрежи како причина за
станување на жртва на трговија со луѓе“, информира 
Цветанка Вељковска од Скаут.

-Ние им ги дадовме конкретните
теми за да тиe подобро се распрашаат и…

Read More

Учениците од „Перо Наков“ ја изведоа „Женидба“

Учениците од „Перо Наков“ ја изведоа „Женидба“

Учениците од драмската група при СОУ „Перо Наков“ синоќа во кумановскиот театар ја изведоа претставата „Женидба“ од Николај Гогољ. „Женидба“ е претстава за љубовта, односно потрагата по неа.  Ја обработува темата за бракот, и одлуката за препознавање на вистинскиот човек.

Во
претставата играат учениците:  Николај Павловски, Стефан Павличек, Димитар
Петрушевски, Кристина Петрушевска, Дејвид Стоилковски, Никола Петковиќ,
Илијана Митровска, Леонид Стојановски, Меланија Мркоњиќ, Мартина Михајловска.

-Мојата улога во оваа претстава е стројник, јас го женам младоженецот. Улогата многу ми…

Read More

(ФОТО) Еуро колеџ организира меѓународен форум

(ФОТО) Еуро колеџ организира меѓународен форум

Четиридневен меѓународен форум на тема „ Културолошки студии во бизнисот “, организира високо образованата приватна установа Еуро колеџ. На форумот присуствуваат претставници на образовни установи од Литванија, Поругалија, Италија и Албанија. Настанот го поздрави и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Инаку проектот е дел од Еразмус плус програмата.

Претставници на пет европски држави учествуваат на меѓународниот форум во рамки на проектот Културолошки студии во бизнисот, кој го реализира високо образовната приватна установа Еуро колеџ…

Read More

Што очекуваат кумановци од идниот претседател

Што очекуваат кумановци од идниот претседател

Кумановци очекуваат на претстојните избори ќе се избере претседател кој ќе работи во интерес на сите граѓаните.

Тие се надеваат дека идниот претседател ќе работи на обединување, но и на подобрување на животниот стандард во Македонија.

-Да се работи на сите човекови права, да се подобри животниот стандард. Да ги застапува правата на граѓаните, а не на партиите-вели еден кумановец.

-Очекуваме да бидат фер изборите, но навистина тоа е тешко-додава друг кумановец.

-Јас мислам дека претседателот треба…

Read More

Левица: Срамно е да го одбележуваме постоењето на НАТО

Левица: Срамно е да го одбележуваме постоењето на НАТО

На еден слободарски град не му долукува да одбележува годишнини на милитаристички, агресорски сојузи. Најостро го осудуваме настанот кој го организираше Министерството за Одбрана во Куманово по повод одбележување на 70 годишнината од постоењето на НАТО сојузот, стои во соопштението од партијата Левица.

Куманово е градот во кој пукна првата пушка, град кој изобилува со антифашистичка и антимилитаристичка традиција, симбол на прогресивните текови на XX век, кога го доживува и својот најголем развој, втемелен врз…

Read More

Државен натпревар на млади истражувачи

Државен натпревар на млади истражувачи

Средното стручно училиште „Перо Наков “ викендов ќе биде
домаќин на Државен натпревар на млади истражувачи од Македонија. Станува збор
за традиционална
манифестација, преку која учениците од средното образование во земјава имаат можност да презентираат научно-истражувачки
и апликативни резултати од областа на природните науки: астрономијата,
биологијата, географијата, информатиката, математиката, физиката, хемијата и
нивната примена во: индустријата, енергетиката, сировинската база,
производството на храна и комуникациите.

-На
13-ти април годинава (сабота) во организација на Народна техника на
Македонија, Сојузот на здруженија на млади истражувачи на Македонија или…

Read More

Отворен ден на Армијата за граѓаните

Отворен ден на Армијата за граѓаните

Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, во соработка со локалната самоуправа  денеска организираа отворен ден на Армијата за граѓаните, на платото пред градскиот базен. Манифестацијата е дел од активностите со кои се одбележува неделата на НАТО, 70
– годишнината од основањето на Алијансата и напредокот на Македонија кон
членство во НАТО.

Во своето обраќање пред
присутните, командантот на здружената оперативна команда
генерал-мајор Павле Арсоски, рече дека во годината кога северноатлантската алијанса го прославува овој
важен јубилеј нашата држава после…

Read More

И НРЦ го одбележа 8 Aприл

И НРЦ го одбележа 8 Aприл

Националниот ромски центар
заедно со партнерската младинска организација Симбиозис 12  со повеќе активности го одбележува Светскиот
ден на Ромите.  Размена на искуствата со
младите од Бугарија и Албанија беше само една од активностите што деновиве се организираше
во Тирана, каде што младите зборуваа за нивните визии, но и зошто сакаат да излезат од земјава, информира
претседателот на Нациолниот ромски центар , Ашмет Елезовски.

-Оваа година е еден
повеќегодишен јубилеј, повеќе од 75 години од ромското знаме, од ромската
култура, ромскиот јазик и…

Read More
1 2 3 4 244