ВИДЕО: Пензионерите премиерно ја изведоа „Госпоѓа Министерка“

ВИДЕО: Пензионерите премиерно ја изведоа „Госпоѓа Министерка“

Членовите на Драмската секција, при Здружението на пензионери Куманово синоќа премиерно ја изведоа претставата „Госпоѓа Министерка“.
Во салата на Занаетчискиот дом се презентираше комедијата која пензионерите ја подготвувале неколку месеци, со режисерот Стоје Додевски.
За телевизија Плус раскажаа дека се задоволни од изведбата, но и дружбата. Очекуваат ова дело да продолжи да се игра и во другите градови и соседството.
Кумановските пензионери во наредниот период планираат повторно да ги играат претставите Ленче Кумановче, Зла жена и Коштана.

 

Read More

Се поставува бекатон во Лопате

Се поставува бекатон во Лопате

Почна поставување бекатон во кумановското село Лопате, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности од општина Куманово. Бекатон се поставува на клучни улици кои го поврзуваат селото со регионалниот пат Куманово-Липково. На тендерот се пријавиле пет компании, избрани се две кои ќе ги санираат оштетените површини во две зони од градот, источна и западна. Вкупно за двете зони од општинскиот буџет за реконструкција и санација со бекатон плочки одвоени се над 16 милиони денари.

Read More

Операција „Гробишта во Ладомирова“: Руската неуспешна (дез)информативна акција

Во Словачка во тек е една од многуте руски операции за пропаганда и влијание. Игор Братчиков, руски амбасадор во Словачка, шири пропаганда и дезинформации во врска со сквернавење на гробовите на руски војници, која е прифатена од оние кои го поддржуваат Кремљ.
Автор: Петер Дубочи
 
Операција „Гробишта во Ладомирова“: Руската неуспешна (дез)информативна акција

Read More

Кумановци се заканувале на сограѓанин

Кумановци се заканувале на сограѓанин

Двајца кумановци се заканувале на сограѓанин во близина на угостителски објект по што фрлиле остар предмет кон неговото возило.
Во Секторот за внатрешни работи Куманово, А.М.(42 години) од Куманово пријавил дека околу 15.20 часот, во близина на угостителски објект на бул.„Октомвриска ревоција“, Д.„Н“ и Т.„Н“ му упатиле закани, а Д.„Н“ фрлил остар предмет кон совозачката страна на неговото возило, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Read More

Ќе се одбележи 110-годишнината од Кумановската битка

Ќе се одбележи 110-годишнината од Кумановската битка

Владата на Република Србија за негувањето на традицијата за осободителните војни на Србија, како и Амбасадата на Републике Србије во Македонија, ќе организира настан со кој на 23-ти, во недела со почеток во 12 часот на споменикот Зебрњак во Куманово ќе ја одбележи 110 годишнината од Кумановската битка.
Во името на Владата на Србија државната делегација ќе ја предводи проф. д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, министерка за работа, вработување, воени и социјални прашања. Таа ќе одаде почит…

Read More

ВИДЕО: Жители на три села на протест, против уништување на свињите

ВИДЕО: Жители на три села на протест, против уништување на свињите

Група жители утринава делумно го блокираа стариот пат Куманово-Скопје, бидејќи се револтирани од надлежните кои поради појавата на африканската чума, сакаат да ги уништат и како што велат здравите свињи.
На протестот излегоа жителите на селата Љубодраг, Умин Дол и Ново Село. Стравуваат за нивната егзистенција.

Read More

Институциите заштедиле 20 отсто струја

Институциите заштедиле 20 отсто струја

Државните институции заштедиле 20 отсто струја во септември годинава споредено со септември лани. Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска информираше колку се спроведуваат препораките на Владата за штедење струја од страна на државните институции.
Обврските за штедење почнаа да важат на 01 септември и ќе траат до 31 март догодина. Целта е да се заштедат 15 отсто од струјата потрошена во истиот месец лани.
Според прегледот што го направи Министерствто за економија, најголем дел од институциите во…

Read More

ВИДЕО: Над милион евра годишно за нормално функционирање на базенот

ВИДЕО: Над милион евра годишно за нормално функционирање на базенот

„Базенот времено ќе запре со работа и повторно ќе биде ставен во функција за јавна употреба од месец април 2023 година по примерот на останатите затворени базени во државата“, рече на денешната прес-конференција директорот на јавнот претпријатие „Чистота и зеленило“ Даниел Стојчевски. Според него, поради енормното покачување на цената на енергенсите, за нормално функционирање на базенот месечно се неопходни и до шест милиони денари.
„„Чистота и зеленило“ ги следи првично препораките на Владата за рестрикција и…

Read More

ВИДЕО: Српската амбасада обезбеди учебници и лектири на српски јазик за гимназијалците

ВИДЕО: Српската амбасада обезбеди учебници и лектири на српски јазик за гимназијалците

Гимназијалците од српската паралелка денеска добија учебници и лектири на својот мајчин јазик. Книгите ги обезбеди Амбасадата на РС во Македонија во соработка со Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на заедниците. Амбасадорката Невена Јовановиќ при посетата на училиштето истакна дека Република Србија секогаш ќе им помага на припадниците на српската заедница во Македонија.
– За мене беше многу емотивно да ги запознаам учениците кои што учат на српски јазик и ја искористивме…

Read More

Соберени 60 крвни единици, на крводарителската акција во СВР Куманово

Соберени 60 крвни единици, на крводарителската акција во СВР Куманово

Согласно годишниот план на Министерството за внатрешни работи за 2022 година, денеска  во периодот од 09 до 15 часот во Секторот за внатрешни работи Куманово се спроведе редовна крводарителска акција на вработените.
Оваа крводарителска акција е трета по ред, од планираните три за оваа година. Соберени се 60 крвни единици.

Read More
1 207 208 209 210 211 878