Моќта на доларот под закана?

Дали намалувањето на производството на нафта од страна на ОПЕК-земјите е сигнал дека се подготвува процес за предизвикување на моќта на доларот и како Саудиска Арабија е во центарот на сите процеси?
Автор: Виктор Јакимовски
 
Моќта на доларот под закана?

Read More

Министерот Оливер Спасовски вечерва гостува во СТАВ

Министерот Оливер Спасовски вечерва гостува во СТАВ

Во емисијата СТАВ вечерва во живо гостува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој ќе зборува за актуелностите во државата, за позитивниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава, справувањето со енергетската криза, реформите и инвестирањето во опремата на МВР, за новата кампања на министерството со УНДП за подигнување на јавната свест за опасностите што произлегуваат од носење и злоупотреба на оружје и други теми.
Емисијата започнува во 20 часот.
Следете не!

Read More

Тројца новозаболени од ковид 19

Тројца новозаболени од ковид 19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 70 новозаболени од ковид 19. Тројца од нив се од Куманово.
Во текот на изминатото деноноќие, нема регистрирани починати лица.
Бројот на активни случаи на ниво на земјава изнесува 327. Од Куманово активни на вирусот се 12 лица.

Read More

Фатен крадец, одземеното вратено на сопственикот

Фатен крадец, одземеното вратено на сопственикот

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово го лишиле од слобода А.Р.(20 години) од Куманово. Тој се сомничи дека во текот на денот на улицата „Ленинова“извршил кражба на паричник од А.С..
Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More

(ВИДЕО) Има доволно количини крвни единици

(ВИДЕО) Има доволно количини крвни единици

Службата за трансфузиона медицина во Куманово располага со доволен број крвни единици. Надминат е проблемот со недостаток, кој се јави за време на пандемијата, кога граѓаните поради страв од зараза, избегнуваа посети на здравствени установи. Лекарите велат интерес за дарување има кај нив, но и на акциите коишто се организираат. На месечно ниво бројот на дарители само во службата се движи од 150 до 200.

Read More

ВИДЕО: Три награди за Театар Куманово за „Малата сирена“

ВИДЕО: Три награди за Театар Куманово за „Малата сирена“

Театар Куманово доби три награди за изведба на претставата „Малата сирена“ на Детскиот театарски фестивал „Малиот принц“ во Штип.
Никица Јановски доби награда за најдобар актер, Кети Пауновска- Стевковска за костимографија, а за сценографија е награден Крсто Богојевски.
 

Read More

ВИДЕО: Дванаесет песнички на фестивалот„ Бисерчиња“

ВИДЕО: Дванаесет песнички на фестивалот„ Бисерчиња“

Во организација на Асоцијацијата за уметност и култура „МУЛТИ АРТ“ и ТВ Плус вчеравечер се одржа детскиот фестивал „Бисерчиња“, на кој беа промовирани видео спотови за песничките со кои што се претставија учесниците.
Промоцијата се одржа во Занаетчискиот дом пред многубројна публика која имаше можност да ужива во 12 изведби од дечињата.
Културниот настан е поддржан од општина Куманово и општествено одговорни компании од градот.

Read More

Владата потврди, „Лидл“ идентификувал локација во Куманово

Владата потврди, „Лидл“ идентификувал локација во Куманово

Познатиот интернационален ланец на супермаркети „Лидл“ интензивно работи на подготовките за отпочнување ефективна работа во нашата земја, истакнаа од Владата по средба на менаџментот на компанијата со премиерот, Димитар Ковачевски.
„Лидл“ веќе има идентификувано потенцијална локација за својот логистички центар, на земјиште кое е околу 200.000 м2 и се наоѓа во Општина Куманово. Инвестицијата само во логистичкиот центар е околу 80 милиони евра и вклучува намера да се обезбедат повеќе од 150 вработувања. Во оваа фаза…

Read More

ВИДЕО: Училиштето „Киро Бурназ“ со настан за здрава храна

ВИДЕО: Училиштето „Киро Бурназ“ со настан за здрава храна

По повод Меѓународниот ден на храната, како и во пресрет на утрешниот патронен празник, државното средно училиште, Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ организираше настан од која порача дека здравата храна, носи подобро здравје.
Настанот годинава се одржа во просториите на Центарот за култура, бидејќи училиштето целосно се реновира. Во подготовка на производите учествувале најголем број наставници, родителите, ученици, но и пекарниците од градот.
Од училиштето нагласуваат дека годинава е поголем интересот кај учениците…

Read More

Во тек е исплата на еднократна гарантирана минимална помош

Во тек е исплата на еднократна гарантирана минимална помош

Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста дека согласно направените измени на Законот за социјална заштита, во тек е исплатата на еднократна помош од денеска.
Помош ќе биде исплатена на околу 36.000 домаќинства во државата кои се приматели на Гарантирана минимална помош со цел полесно справување со кризата.
Оваа мерка е дел од последниот ребаланс на буџетот, каде е предвидена еднократна исплата од 3000 денари за домаќинствата кои се активни корисници на правото на гарантирана…

Read More
1 210 211 212 213 214 878