Даниел Стојчевски гостин во „СТАВ“

Даниел Стојчевски гостин во „СТАВ“

Директорот на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, Даниел Стојчевски вечерва гостува во емисијата „СТАВ“.
Стојчевски ќе зборува за актуелната состојба со енергетската криза, акциите за чистење на дивите депонии, поставувањето нови садови за смет, идните планови во претпријатието.
Тој од неодамна е назначен и за претседател на граѓанското здружение „За наше Куманово“, па ќе се осврне и на плановите за идно функционирање и настапување на национално ниво.

 

Read More

ВИДЕО: Индустриите во лоша состојба, неопходни поевтини енергенси

ВИДЕО: Индустриите во лоша состојба, неопходни поевтини енергенси

Неопходни се субвенции од државата и поевтини енергенси, за да индустриите ја надминат оваа алармантна состојба. Во спротивно фирмите ќе бидат принудени од Нова година да го намалуваат бројот на вработените и да ставаат клуч, вели претседателот на Локалниот економско-социјален совет, и сопственик на кланица и лабораторија, Најден Бајдевски.

Read More

Двајца новозаболени кумановци од Ковид-19

Двајца новозаболени кумановци од Ковид-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 105 нови случаи на КОВИД-19, од нив двајца новозаболени се од Куманово.
Евидентирани сe 49 оздравени пациенти од кои еден кумановец, а во текот на изминатите 24 часа, не е регистрирано починато лице.
Бројот на активни случаи во земјава изнесува 491, во Куманово 21.

Read More

Кумановец повредил вработена на инфективно одделение

Кумановец повредил вработена на инфективно одделение

МВР информира дека ноќеска, во  01.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово  лишиле од слобода 38-годишен кумановец откако со остар предмет нападнал и повредил вработена на Инфективното одделение во Општа болница Куманово. Тој бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Read More

ВИДЕО: Општината со јавен повик за проекти од културата

ВИДЕО: Општината со јавен повик за проекти од културата

Сите јавни установи, здруженија, фондации и други правни лица кои имаат регистрирана дејност од областа на културата можат да аплицираат на јавниот повик за прибирање на податоци и предлог-проекти објавен од oдделението за култура и спорт на 26-ти месецов. Повикот е објавен на веб страната на општина Куманово и ќе трае 30 дена, информира раководителот на одделението за култура и спорт Александар Крстевски.
-Сите заинтересирани треба да ги исполнат следниве услови: да се регистрирани како јавна…

Read More

ВИДЕО: „Приватни животи“ го отвори 25-то издание на „Денови на комедија“

ВИДЕО: „Приватни животи“ го отвори 25-то издание на „Денови на комедија“

Со претставата „Приватни животи“ на Градски театар од Винковци вчеравечер во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ започна јубилејното, 25-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“. Публиката годинава ќе има можност да проследи вкупно 12 претстави од Македонија, Хрватска, Србија и Бугарија.  Центарот за култура синоќа беше преполн, а веќе се распродадени и најголем дел од билетите за останатите 11 вечери.
-Навистина сме горди што овој фестивал го дочека овој јубилеј, тоа го покажува…

Read More

Се чисти депонијата на влезот на „Перо Чичо“

Се чисти депонијата на влезот на „Перо Чичо“

Со механизација утринава е започнато расчистување на дивата депонија кај локалитетот „Туш“ на влезот на населбата Перо Чичо. Акцијата ја спроведува локалната самоуправа преку Јавното претпријатие „Чистоа и зеленило“. Како што вели градоначалникот Максим Димитриевски, оваа локација се чисти постојано повеќе пати во годината долг временски период. – Изградено е детстко катче на локацијата за да ги одвратиме несовесните граѓани од несоодветно депонирање на смет, засилени се контролите, но сликата по кус временски период на…

Read More

Наредната недела „Денови на мед 2022“

Наредната недела „Денови на мед 2022“

На Градскиот плоштад наредната недела на 6, 7, и 8-ми октомври ќе се одржи 23-от по ред пчеларски саем „Денови на мед 2022“.
Саемот на мед во Куманово традиционално го организира пчеларското здружение „Пчела“.
Мед и пчелни производи ќе изложат пчелари од регионот. Свеченото отворање е предвидено на 6-ти октомври (четврток) во 10 часот.

Read More

Владата со мерки за справување со енергетската криза, болниците и училиштата ќе плаќаат поевтино

Владата со мерки за справување со енергетската криза, болниците и училиштата ќе плаќаат поевтино

-Осумдесет проценти ја субвенционираме сметката за електрична енергија за 650 илјади домаќинства, а над 70 илјади компании и други правни субјекти т.н. мали потрошувачи со промет годишен до два милиона евра ќе добијат субвенционирана електрична енергија која е трипати пониска од берзанската. Дополнително донесовме одлука на регулиран пазар да бидат и основните и средните училишта на територијата на цела држава без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на самите општини, рече премиерот…

Read More

МТСП: Во тек е етапната исплата на септемвриските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на септемвриските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека почнува етапната исплата на пензиите за септември, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши денеска, за оние до 14.000 денари утре, за пензионерите со примања 14.000 до 18.000 денари, исплатата е во понеделник и…

Read More
1 219 220 221 222 223 878