Куче скитник нападнало жена во Табановце

Куче скитник нападнало жена во Табановце

Седумдесет и петгодишна кумановка, вчера по 18 часот, во кумановската полиција пријавила дека во село Табановце биле касната од куче скитник.
И минатата седмица во полицијата беше пријавено дека куче нападнало кумановец на булеварот „Октомвриска револуција“.

Read More

Кумановци приведени, попречувале полициски службеници

Кумановци приведени, попречувале полициски службеници

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово ги привеле и извршиле службен разговор со И.Р.(45 години) и  С.Р.(48 години), двајцата од Куманово.
Вчера во 08.40 часот на улицата „11-ти Октомври“И.Р. се однесувал агресивно и попречувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, додека С.Р. оштетил службено полициско возило, информира кумановската полиција.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More

ВИДЕО: Дел од семафорите во градот не работат

ВИДЕО: Дел од семафорите во градот не работат

Семафорите на булеварот „Октомвриска револуција“ во близина на реонскиот пазар не работат цела седмица, а денеска не беше во функција ниту вертикалната сигнализација на „Трета Македонска“ во центарот на градот. Во случај кога семафорите не работат, ситуацијата е иста како кога крстосницата не е регулирана, односно се применува правилото на десна страна.
Ги прашавме граѓаните дали се почитува правилото и дали се чувствуваат безбедно додека го преминуваат булеварот на пешачки премин?
Најголем дел од кумановци кои што…

Read More

ВИДЕО: Граѓаните да пријавуваат дискриминација

ВИДЕО: Граѓаните да пријавуваат дискриминација

Што е дискриминација, како да ги препознаеш формите, но и како да пријавиш дискриминација, беа темите на денешниот настан организиран од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на градскот плоштад.
„Промотивната активност на комисијата е со цел да се запознаат граѓаните дека постои институција која се грижи за нивните права доколку тие се дискриминира“, посочува претседателот на комисијата, Кире Василев потенцирајќи дека секој граѓанин може да пријави дискриминација, без разлика дали се чувствува дискриминиран од…

Read More

Во тек аплицирање за сместување во студентски домови

Во тек аплицирање за сместување во студентски домови

Министерството за образование и наука информира дека во тек е аплицирање за сместување во студентски домови за студентите од прва година на студии. Аплицирањето се врши електронски, преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а крајниот рок е 16-ти месецов.
Потребните документи за бруцошите се наведени во конкурсот кој е објавен на посочениот портал и од каде истите треба да се симнат, пополнат и повторно прикачат во апликацијата.
Конечниот список со примени студенти ќе биде објавен на 30-ти месецов, на огласните…

Read More

ВИДЕО: Имунизирани над 300 дози за четврта вакцина

ВИДЕО: Имунизирани над 300 дози за четврта вакцина

Тече вакцинацијата против Ковид 19 во Куманово. Според податоците од Здравствениот дом досега се имунизирани над 300 дози за четврта вакцина. Вообичаено интерес има кај повозрасните, но и кај помладите за трета доза, најчесто за патувања во странство.
-Интерес за вакцинација има моментално доаѓаат повозрасна група луѓе над 60 години за трета бустер доза и оние кои се вакцинирани доаѓаат и за четврта доза, пред се да се заштитат себе си и другите во околината. Најчесто…

Read More

Кумановец приведен, пронајдена дрога

Кумановец приведен, пронајдена дрога

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје, вчера го лишиле од слобода И.М.(46 години) од Куманово. При претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени, хероин, марихуана и две дигитални ваги. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Read More

Тече образовниот процес на основците во гимназијата

Тече образовниот процес на основците во гимназијата

Согласно со Одлуката на Советот на Општина Куманово за давање согласност за времена реализација на воспитно-образовниот процес за дел од учениците од ОУ „Браќа Миладиновци” и „Крсте Мисирков” во училишни простории на гимназијата „Гоце Делчев”, претседателката и членови на Советот на општината извршија посета на ова училиште. Во целосно реконструираниот дел на гимназијата, тие се уверија дека треттоодделенците, кои времено ќе учат во „Гоце Делчев”, ги имаат сите потребни услови за непречено одвивање на образовниот…

Read More

Двојно зголемено производството на сончоглед, вели Николовски

Двојно зголемено производството на сончоглед, вели Николовски

Годинава двојно е зголемено производството на сончоглед како суровина за производство на масло за јадење, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Голем придонес за ова, според министерот, е успешната политика на субвенционирање на земјоделците, која беше воведена по енормното поскапување на зејтинот во маркетите.
-Целта е да финансираме сончоглед кој ќе служи како суровина за масло зa јадење, а ќе ги користиме и капацитетите на нашите домашни преработувачи кои имаат капацитет и кои…

Read More

Вршеле меѓународен превоз, без соодветна документација

Вршеле меѓународен превоз, без соодветна документација

Изминативе три дена, од страна на полициски службеници од полициските станици од граничните премини Табановце и Блаце, при извршена дополнителна контрола на влез и излез од државата на седум моторни возила, од кои три патнички возила, три автобуси и еден минибус, кои вршеле меѓународен превоз на патници, биле констатирани прекршоци, односно непоседување на законски пропишаната документација.На Блаце, при контрола на автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од З.С.(41 година) од Гостивар, било констатирано дека врши…

Read More
1 230 231 232 233 234 878