Жителите на Романовце го блокираа приодот кон селото – бараат асфалтирање на патот

Жителите на Романовце го блокираа приодот кон селото – бараат асфалтирање на патот

Патот кој води кон Романовце, во близина на автопатот Куманово – Скопје, денеска беше блокиран од револтирани жители кои бараат поставување на асфалтен слој на влезот од селото. Според, претседателот на месната заедница Орхан Ахмети, најголемиот проблем настанува во зимските периоди, кога возењето е отежнато, а возачите ги оштетуваат своите автомобили и го загрозуваат сопствениот живот. Кога врне дожд, на одредени места се собира вода, па еден од главните патишта кои водат кон селото е…

Read More

Медицински екипи вршат дезинфекција на вагони

Медицински екипи вршат дезинфекција на вагони

Центарот за јавно здравје викендов започна со дезинфекција на вагоните во кои се превезуваат мигрантите на железничката станица во Куманово и граничниот премин Табановце. Медицинските екипи секоја вечер дезинфицираат  три до четири вагони со вкупна површина од околу 200 метри квадратни. Здравствените тимови функционираат на повик од страна на вработените во железничкиот сообраќај.
– Со оглед на тоа што бројот на мигрантите е релативно голем се организира превоз кој се врши во најголем дел со железнички…

Read More

Две сообраќајни несреќи за 12 часа

Две сообраќајни несреќи за 12 часа

28 годишно момче од селото Лојане, липковско е повредено во сообраќајна несреќа што се случи утрово на улицата „Железничка“ во близина на касарната „Боро Менков“. Според информациите од Секторот за внатрешни работи до сообраќајката дошло поради непрописно свртување од главната улица кон споредна. Конкретно, возачот  на автомобил марка „голф 3“  со иницијали Љ.М. движејќи се од центарот на градот кон периферијата се обидел да сврти лево,  притоа не давајќи му предност на такси возилото што…

Read More

Започнаа уписите во средните училишта

Започнаа уписите во средните училишта

Од денеска стартуваше првиот уписниот рок во сите средни училишта во градот кој ќе продолжи и утре. Учениците се најзаинтересирани за Гиманзијата „Гоце Делчев“ каде до 12 часот беа поднесени околу 210 апликации за упис. Денеска најмал интерес има за земјоделското училиште „Киро Бурназ“ каде пријалиле 30 кандидати, но се очекуваат поголем број на ученици во текот на утрешниот ден.
-Доаѓам од ОУ „Кочо Рацин“ и се одлучив за Гимназија бидејќи мислам дека е добро училиште,…

Read More

Чавков и Савовски во посета на Куманово

Чавков  и Савовски во посета на Куманово

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков и директорот на Бирото за јавна безбедност  Горанчо Савовски денеска се сретнаа со претставници од месната заедница „Тоде Мендол“ во Куманово, како и со претставници на невладините организации. Целта на посетата е да се направи согледување за моменталната состојба на подрачјето на оваа месна заедница и заеднички да се утврдат приоритетите за дејствување и зајакнување на комуникацијата помеѓу полицијата и граѓаните. На работната средба се разговараше  за теми кои…

Read More

Потребни се волонтери за помош на мигрантите

Потребни се волонтери за помош на мигрантите

Група од дваесеттина волонтери секојдневно помагаат на мигрантите сместени во градската џамија, но тие не е доволни. Како што велат волонтерите, кои што веќе се ангажирани, во џамијата Синан Паша, има потреба од луѓе кои знаат да укажат прва помош и кои ќе се вклучат во помагање на бегалците. Освен луѓе кои знаат да вршат преврски на раните, потребни се и граѓани кои ќе сакаат да ги слушнат приказните и да им дадат совет на…

Read More

Мигрантите добиваат здравствена помош во болницата

Мигрантите добиваат здравствена помош во болницата

Околу 30 мигранти, од кои две деца побарале лекарска помош во кумановската Општа болница, последниве десетина дена. Во најголем број случаи тие имале поплаки за болни стопала како последица на долгиот пат кој го поминале од своите родни земји  до нашиот град.
– Измачени од долготрајно одење најчесто имаат пликови, крвни подливи, рани, нашата помош се состои во тоа што хируршки ќе ги обработиме, стопалата ќе ги преврземе и потоа има некоја хуманитарна група која се…

Read More

Градскиот Кеј во полутемнина

Градскиот Кеј во полутемнина

Граѓаните на Куманово шетаат по уреден Кеј, но имаат поплаки на осветлувањето. За разлика од порано кога слободно се движеле по пешачката патека  и одморале на клупите, сега повозрасните кумановци се плашат дека можат да станат мета на крадци или на хулигани. Овој проблем беше истакнат на последната седница од советничката Снежана Захариева. Таа побара одговор од градоначалникот Зоран Дамјановски дали и како може да се надмине оваа состојба бидејќи и помладите , но и…

Read More

Бесплатни превентивни прегледи за кумановци

Седумдесетина кумановци од кои поголемиот број беа повозрасни граѓани, денеска се приклучија на програмата  „ Здравје за сите“ што се одржа пред центарот за култура „Трајко Прокопиев “. Акцијата ја организира министерството за здравство и тоа на секои два месеци по една акција во сите градови низ државава.
-Тоа се бесплатни превентивни прегледи, се мери тежина, височина, крвниот притисок  и шеќер во крвта кај луѓето. Кај тие што ќе откриеме повисоки вредности ги упатуваме на понатамошни…

Read More

20 куќи ќе бидат целосно урнати во населбата „Тоде Мендол “

20 куќи ќе бидат целосно урнати во населбата „Тоде Мендол “

Од денеска започнаа да се уриваат оштетените куќи во населбата Тоде Мендол. До темел ќе бидат срушени 16 куќи кои во полициската акција против терористите беа целосно запалени и уште 4 куќи во кои нема услови за живот, поради што сопствениците привремено живеат  под кирија. Жителите се задоволни од одлуката на Владата да им ги исплати парите во рок од 15 дена после завршувањето на градежните активности, согласно извршената проценка на оштетувањето од надлежната комисија.
-Добивме…

Read More
1 231 232 233 234 235 258