Регистрирани 521 развод за три месеци во земјава

Регистрирани 521 развод за три месеци во земјава

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2022 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6.5% и изнесува 4 379 живородени деца.
Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2022 година бележи намалување од 33.4 % во споредба со истото тримесечје од 2021 година и изнесува 4 760 умрени лица, а од нив 22 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен и изнесува…

Read More

Во тек исплата на правата од социјална и детска заштита

Во тек исплата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за август.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска.

Read More

Две лица приведени, нелегално влегле во земјава

Две лица приведени, нелегално влегле во земјава

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово утринава во село Лојане, липковско ги лишиле од слобода М.А.А.(22 години) од Сирија и П.M.(22 години) од Сојузна Република Германија поради основи на сомнение дека на нелегален начин влегле на територијата на земјава. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More

(ВИДЕО)Кумановецот Тони Милошевски го „освои“ Арарат

(ВИДЕО)Кумановецот Тони Милошевски го „освои“ Арарат

Членовите на кумановското планинарско друштво „Козјак 2013“,Тони Милошевски и Сибел Јакуповиќ од Скопје, успешно се искачија на највисокиот врв во Турција. Арарат е со надморска височина од 5.137 метри. Авантурите на лиценцираниот водич Милошевски продолжуваат, но, засега не открива кој е следниот високогорски врв планиран за искачување.
 

Read More

101 година од раѓањето на Христијан Тодоровски Карпош

101 година од раѓањето на Христијан Тодоровски Карпош

Денеска се одбележуваат 101 година од раѓањето на народниот херој на Македонија, Христијан Тодоровски – Карпош.
Тој е роден на 3 септември 1921 година во Куманово.
Во 1941 година учествувал во собирањето на оружје, разнесување на летоци и на билтенот „Дедо Иван”, што го издавала градската партиска организација. Исто така, учествувал во подготовките на Првиот кумановски партизански одред и бил член на Штабот на одредот.
Загинал во селото Билјача, на 7 февруари 1944 година.

Read More

ВИДЕО: Промоција на документарен филм за Јасмина Голубовиќ

ВИДЕО: Промоција на документарен филм за Јасмина Голубовиќ

Документарниот филм „ЈАСЕ“ посветен на поранешната ракометарка од Куманово Јасмина Голубовиќ ќе биде промовиран на шести септември годинава во Занаетчискиот дом со почеток во 19.30 часот. Автор на триесетминутниот филм за почетоците, ракометната кариера и успесите на Голубовиќ во Македонија и надвор од неа е Марјан Стошевски.
-После пет месеци работа заедно со екипата во состав од Небојша Кипријановски, Викторија Додевска, Кети Дончевска -Илиќ и инцијативата од ветеранките на Куманово дојдовме на идеја да направиме еден…

Read More

ВИДЕО: Отворена изложба на слики од Мајкл Клос во Куманово

ВИДЕО: Отворена изложба на слики од Мајкл Клос во Куманово

Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вчеравечер беше отворена изложба на слики на авторот Мајкл Клос, канадски уметник со македонски корени. Присутните имаа можност да ја видат најновата продукција од овој автор, 25 слики работени во рамките на повеќегодишниот проект „Сликарството на патот на хуманоста“.
– Се работи за една сестрана личност која своето творештво се обидува на некој начин да претстави на целиот свет. Воглавно неговите решенија на оваа тема се стилизирани…

Read More

ВИДЕО: Премиерна изведба на „Ковачи“ на Театар Куманово

ВИДЕО: Премиерна изведба на „Ковачи“ на Театар Куманово

Претставата „Ковачи“ на Театар Куманово според текст на Алек Попов, а во режија на Деан Дамјановски премиерно ќе биде изведена утревечер во центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Ова ќе биде прва изведба на драма на Попов на македонска театарска сцена, а тој е еден од најплодните и напреведуваните автори во регионов.
Режисерот Дамјановски потенцира дека основната тема со која се занимава претставата е среќата и што таа значи во денешната медиумска и глобална цивилизација. Што е…

Read More

Иван Димитриевски нов претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово

Иван Димитриевски нов претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово

Иван Димитриевски е назначен за нов претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, општински комитет Куманово.  Тој е избран по одлука на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сакам да ја искористам оваа прилика и да му се заблагодарам на претседателот Сергеј Попов, за дадената доверба и да се заблагодарам за поддршката на Извршниот Комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ-напиша Димитриевски на „Фејсбук“.

Тој позицијата претседател на локалниот огранок ја презема од Иван Илиевски.

Read More

ВИДЕО: Почна штедењето во претпријатијата и установите

ВИДЕО: Почна штедењето во претпријатијата и установите

Исклучување на светилките и клима уредите, се дел од мерките коишто веќе започнаа да ги применуваат дел од јавните претпријатија и установи. Претпријатијата во страв ја исчекуваат новата сметка за електрична енергија.

Read More
1 235 236 237 238 239 878