ЈП „Чистота и зеленило“ ги чисти градските гробишта

ЈП „Чистота и зеленило“ ги чисти градските гробишта

Од минатата недела екипите на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ започнаа со подготовка и чистење на градските гробишта во пресрет на двата христијански празници Задушница и Духовден. Од претпријатието информираат дека се искосени сите тревните површини, поставени се корпи за отпадоци и исчистен е насобраниот смет. Освен екипите кои се задолжени за редовно одржување на хигиената на гробиштата ангажирани се и екипи од оддели за зелено цветни, јавно прометни површини и изнесување и депонирање на…

Read More

Со системот капка по капка до подобри приноси на пченка

Со системот капка по капка до подобри приноси на пченка

Мендуљ Фетаи од кумановското селото Лопате е еден од 160–те производители на пченка во земјава кој доби систем за наводнување капка по капка.  Тој денеска за прв пат го вклучи системот за наводнување во полето засадено со пченка и посочи дека со новата технологија очекува да ги дуплира приносите. Освен со земјоделство семејството Фетаи се занимаваат и со сточарство, а пченката ја користат за сточна храна, па оттаму и зголемените приноси ќе им овозможат да…

Read More

Бејли и Чавков во посета на Тоде Мендол

Бејли и Чавков во посета на Тоде Мендол

Меѓуетничкиот соживот го победи вооружениот судир, а нападот беше изолиран случај истакнаа американскиот амбасадор, Џес Л Бејли и новиот министер за внатрешни работи Митко Чавков, при денешната посета на градот. Амбасадорот се сретна со градоначалникот,  претставници од СВР Куманово, а ги посети и жителите на населбата Тоде Мендол, каде пред две недели се водеше воружена престрелка. Тој изрази сочувство за загинатите полициски припадници, како и загриженост за траумите низ кои што поминаа Кумановци.
-Се восхитувам како…

Read More

КК Куманово се подготвува за финалните натпревари

КК Куманово се подготвува за финалните натпревари

Кумановските кошаркари, утре на гостински терен, ќе го играат првиот финален меч од кошаркарската Супер лига против актуелниот првак МЗТ Скопје. Кумановските кошаркари интензивно се подготвуваат за утрешниот натпревар. Триумфот на клубот е многу значаен, бидејќи за прв пат по петнаесетина години, Куманово се наоѓа во финалето на кошаркарскиот шампионат.
– За мене е значајно многу многу повеќе од се друго до сега што сум направил, зашто ова клуб што го сакам од срце. Клубот и…

Read More

Зголемени субвенции за органските производители

Зголемени субвенции за органските производители

Претставници од Здружението на органски производители на Куманово, денекса присуствуваа на предавање за органско производство, организирано од страна на Федерацијата на органски производители на Македонија. Запознавањето на производителите со мерките за поддршка од страна на државата и претставување на новите начини на одглевуање беа главните цели на денешното предавање.
– Оваа година имаме зголемување на субвенциите, што е по мене значајно зголемување. Зависно од културата и начинот на производство, од 50 до 100 отсто, тоа е…

Read More

Бавно се спроведува проектот за енергетска ефикасност

Бавно се спроведува проектот за енергетска ефикасност

Надлежните од општина Куманово не се задоволни од досегашното спроведување на проектот за подобрување на енергетската ефикасност во градот. Од предвидените 5 станбени објекти  изминативе три години обновени се фасадите само на дел од две згради. Градоначалникот Зоран Дамјановски смета дека здружението за хумано домување „Хабитат“ незаинтересирано се однесува кон Куманово,  но не знае која е причината. „Ние понудивме како општина да помогнеме преку социјален пакет на ранливите категории кои не можат да одговорат на…

Read More

Ученици од „Професор Мијалковиќ“ со награди во Струга

Ученици од „Професор Мијалковиќ“ со награди во Струга

Ученици кои престојуваат во ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ од државниот натпревар „Домијада “ што се одржа во Струга се вратија со повеќе награди и покрај силната конкуренција. Кумановските средношколци се изборија за четири пехари натпреварувајќи се со ученици од сите ученички домови во земјава. Според воспитувачот Дејан Ивановски, годинава за нив е најуспешна. На 23 –та  по ред „Домијада “ освоиле прво место во пинг-понг машка и женска конкуренција, второ место во шах, машки и…

Read More

Подобрена финансиската состојба на ЈП „Пазаришта“

Подобрена финансиската состојба на ЈП „Пазаришта“

Јавното претпријатие „Пазаришта“ 2014-та година ја заврши со загуба од околу 3,5 милиони денари, додека 2015-та година  ја започна со добивка од 1, 5 милиони денари во првиот квартал.  Исто така и последниот квартал од 2014-та година е зголемен за 900 илјади денари за разлика од претходната. Советниците  на седницата на Советот на Општината Куманово упатија критики за работата на ЈП „Пазаришта“ и препорачаа превземање на мерки за штедење. Дел од нив посочија дека платите…

Read More

Младите го напуштаат село Лопате

Младите го напуштаат село Лопате

Се поголем број на млади го напуштаат село Лопате во потрага по подобар живот. Како доказ за тоа, жителите го наведуваат намалениот број на ученици во основното училиште „Битолски Конгрес“ кој од 700, годинава се спуиштил на 330 ученици на Албански и  Македонски јазик од прво до девето одделение. Азир Азири, еден од наставниците во училиштето, како главна причина за напуштање го наведува недостатокот на услови за прогрес на младите генерации. Тој вели дека на…

Read More

Учениците од ОУ „Кочо Рацин“ засадија 150 садници

Учениците од ОУ „Кочо Рацин“ засадија 150 садници

Учениците од основното училиште „Кочо Рацин“, заедно со наставниците по биологија, денеска засадија 150 садници со бела ела. Акцијата насловена како „Садница плус“ за прв пат се спроведува во училиштето, како продолжение на „Ден на дрвото“. Целта на оваа акција, како што велат наставниците, е запознавање на учениците со процесот на засадување на дрвја и нивно одгледување, а воедно и да се запознаат со нивното значење за животната средина. Засадувањето на бела ела се спроведува…

Read More
1 237 238 239 240 241 258