Нападнати двајца малолетници во н.Перо Чичо

Нападнати двајца малолетници во н.Перо Чичо

42-годишна кумановка синоќа во 22 часот пријавила во СВР Куманово дека околу 21.00 часот на улицата „Веселин Маслеша“,  нејзиниот малолетен син и негов другар, исто така, малолетник, биле физички нападнати од 22 -годишно лице од Куманово. По документирање на случајот против напаѓачот ќе следува соодветен поднесок, информираат надлежните.

Read More

Општина Куманово поддржува талентирани ученици

Општина Куманово поддржува талентирани ученици

Куманово поддржа 50 ученици од основно и средно образование од градот за тестирање и сертифицирање за глобално признаениот сертификат, Microsoft Office Specialist, соопштија денеска надлежните. По тој повод, учениците и менторите се сретнаа со претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска која ја истакна огромната важност на дигиталната писменост, развојот на компјутерските знаења и вештини, со цел модерно, иновативно и успешно информатичкото општество.  Општината по четврти пат го поддржува тестирањето на учениците за глобалниот…

Read More

Приведен прилепчанец за издржување казна во Затвор Куманово

Приведен прилепчанец за издржување казна во Затвор Куманово

МВР информира дека вчера во прилепската населба населба Тризла, полициски службеници од ОВР Прилеп привеле 27 -годишен жител на Прилеп.
Тој бил баран по потерница за издржување затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Куманово.
Лицето било спроведено во установата за издржување на казната, информира МВР.

Read More

Дефекти и интервенции на водоводна мрежа во текот на денот

Дефекти и интервенции на водоводна мрежа во текот на денот

Дефекти и интервенции на водоводна мрежа на ден 23.06.2022 година:
ул.„ Киро Фетак“ – реконструкција на водоводни приклучоци,
ул. „3“,  нас. Јане Сандански – дефект на водоводна мрежа,
ул. „Моша Пијаде“ бр. 174а – контрола на притисок на водоводна мрежа во станбен објект.
Детекција на дефекти на водоводна мрежа на потисен вод од П.С. во Бедиње до Филтер станица:
ул. „608“ бр.14, с. Проевце – дефект на водоводна мрежа,
ул. „Доне Божинов“ бр. – дефект на водоводна мрежа.
 

Read More

ВИДЕО: Станарите од „Октомвриска револуција“ против зонско паркирање

ВИДЕО: Станарите од „Октомвриска револуција“ против зонско паркирање

Жителите на „Октомвриска револуција“ одбиваат општината да воведе зонско паркирање пред нивните згради.
Тие се против и повластено паркирање, бидејќи велат не е време во ваква криза.
На јавен состанок едногласно се договорија да ги повикаат на состанок претставниците на општината и јавното претпријатие Куманово паркинг и да им го кажат својот став.

Се надеваат на заеднички прифатливо решение, во спротивно најавија протести и блокади.
Од јавното претпријатие Куманово паркинг информираа дека очекуваат барање за средба со жителите, по…

Read More

Шестмина новозаболени кумановци од коронавирусот

Шестмина новозаболени кумановци од коронавирусот

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 110 нови случаи на КОВИД-19, од нив шестмина новозаболени кумановци. Во текот на изминатите 24 часа, како и  согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се пријавени починати лица.
Според надлежните, бројот на активни случаи во државата изнесува 442, а во Куманово – 21 активен случај.

Read More

Физички нападната кумановка на работно место

Физички нападната кумановка на работно место

39-годишна кумановка вчера пријавила дека била физички нападната од Ж.Д (35) од Куманово на работното место во трговски објект на улицата „Октомвриска револуција“. По документирање на случајот против напаѓачот  ќе следува соодветен поднесок.

Read More

ВИДЕО: Oтворениот градски базен отпочна со работа

ВИДЕО: Oтворениот градски базен отпочна со работа

Отпочна со работа отворениот градски базен во Куманово. Базенот ќе работи секој ден вклучително и недела започнувајќи од 10 до 18 часот. Цената на билетот останува непроменета и изнесува 150 денари, информира Даниел Стојчевски, директор на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ кое менаџира со градскиот базен.
– Јавното претпријатие ќе има ангажирани сопствени спасители кои што ќе се грижат за безбедноста на пливачите во водата. Паралелно во преговори сме со Црвениот крст доколку имаат можност да…

Read More

Приведени крадци, украдените предмети вратени на сопственикот

Приведени крадци, украдените предмети вратени на сопственикот

СВР Куманово информира дека вчера околу 16.00 часот, полициски службеници лишиле од слобода двајца кумановци на возраст од 33 и 26 години.
Тие се сомничат дека истиот ден извршиле кражба од приватен имот во с. Доброшане, кумановско, при што одзеле повеќе предмети.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат надлежните.

Read More
1 245 246 247 248 249 878