Нападната учителка во Куманово

Нападната учителка во Куманово

Педесетгодишна наставничка била нападната во двор на основно училиште, информира полицијата. Настанот се случил вчера, а наставничката пријавила дека физички била нападната од лицето Љ.К. (70 години) од Куманово. По целосно документирање на случајот против Љ.К од ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Read More

„Безбедно дома и на улица“со дечињата од „Ангел Шајче“

„Безбедно дома и на улица“со дечињата од „Ангел Шајче“

„Мали велосипедисти“ е насловена трката која што се одржа денеска на Спомен Костурница, а ја организираше Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Општински совет за безбедност во сообраќај на патиштата, детската градинка „Ангел Шајче” и велосипедскиот клуб Вело М.

Малите се натпреваруваа под мотото „Безбедно дома и на улица”. Целта е  да се истакне важноста на безбедноста во сообраќајот и градење на сообраќајна култура од најмала возраст.

Read More

ВИДЕО: Кумановци излегоа на протест против аерозагадувањето

ВИДЕО: Кумановци излегоа на протест против аерозагадувањето

Помал број кумановци излегоа на мирен протест, револтирани од загадениот воздух со кој се соочува градот неколку седмици. Под мотото „Сакам да дишам“, тие побараа да се најде загадувачот. На различни локации вообичаено во вечерните и раните утрински часови се чувствува непријатна миризба на изгорена гума и пластика. Протестот го организираа самоиницијативно, на социјалните мрежи.

-Куманово се соочува со загадување на воздухот изминативе месец дена. Ние би сакале да апелираме до властите побргу го решат проблемот…

Read More

„Самоуки 2022“ утревечер во центарот за култура

„Самоуки 2022“ утревечер во центарот за култура

Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер во 20 часот ќе биде отворена традиционалната ликовна изложба „Самоуки 2022“.
На изложбата ќе бидат претставени околу 50-тина дела во форма на слики, цртежи и скулптури. Проектот е поддржан од страна на Министерство за култура на РС Македонија.
Целта и идејата на оваа изложба е претставување на кумановските неакадемски уметници пред пошироката јавност, но, воедно, и развивање на афинитети кон визуелните уметности, едукација и презентација на…

Read More

(ВИДЕО) „Ден на полето за житни култури“ во Новосељане

(ВИДЕО) „Ден на полето за житни култури“ во Новосељане

Во Новосељане деновиве се одржа традиционалната манифестација „Ден на полето на житни култури“. За искуствата во работата и напредокот на земјоделското производство говореше Бубе Трајковски, сопственик на трговското друштво „Клечовце“ и земјоделската задруга „Агростарт“, а пред земјоделските производители  се обратија и деканите на земјоделските факултети во Скопје и Штип,  Вјекослав Танасковиќ и Љупчо Михајлов.
 

Read More

По еден месец пронајден исчезнатиот кумановец од Ругинце

По еден месец пронајден исчезнатиот кумановец од Ругинце

По еден месец откако беше пријавен за исчезнат, четириесет и седумгодишниот маж од селото Ругинце, општина Старо Нагоричане е пронајден.
Според Секторот за внатрешни работи Куманово, вчеравечер во 20.00 часот, полициски службеници од Пoлициската станица Центар го пронашле кумановецот, за кој на 11 мај годинава беше пријавено дека се оддалечил од домот.
Лицето било предадено на семејството, соопштија надлежните.

Read More

Нема новозаболени кумановци од ковид-19

Нема новозаболени кумановци од ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 66 нови случаи на КОВИД-19. Во Куманово нема новозаболени од коронавирусот. Во текот на изминатото деноноќие не е пријавено ниту едно починато лице.
Бројот на активни случаи во земјава изнесува 350, во Куманово 7.

Read More

(ВИДЕО) Започна електронското пријавување на идните средношколци

(ВИДЕО) Започна електронското пријавување на идните средношколци

Денеска и утре е првото пријавување на учениците за средно образование. Идните средношколци годинава првпат аплицираат електронски преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука  https://e-uslugi.mon.gov.mk  со специјална најава за средношколците преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.
-Во текот на уписите за 2022-23 година има измени со тоа што учениците веќе електронски се најавуваат на официјалната страна од страна на МОН и електронското пријавување ќе биде до 15.06. 2022 до 12 часот. На…

Read More

ВИДЕО: Благодарници на повеќекратните крводарители од ОО Црвен крст Куманово

ВИДЕО: Благодарници на повеќекратните крводарители од ОО Црвен крст Куманово

По повод 14-ти јуни, Светскиот ден на крводарителството, општинската организација на Црвен крст Куманово организираше настан на кој им додели благодарници и признанија на повеќекратните крводарители.
Благодарници добија граѓаните кои дарувале крв за 2019, 2020 и 2021 година.
-Приликата сакам да ја искористам и да им упатам голема благодарност до сите крводарители кои ги посетуваат нашите акции, и кои спасуваат човечки животи. Крвта не спојува сите нас и сите треба да бидеме хумани. Особено сакам да ја…

Read More

ВИДЕО: Безбедна е за пиење водата од селските водоводи

ВИДЕО: Безбедна е за пиење водата од селските водоводи

Безбедна за пиење е водата од селските водоводи во североистокот, покажуваат анализите на Центарот за јавно здравје Куманово, кој редовно зема примероци.
Но сепак од установата информираат дека понекогаш има исклучоци кога се јавуваат бактерии, најчесто ешерихија коли.
Повеќето села од североисточниот регион не се дел од градските водоводи.
ПОВЕЌЕ ВО ПРИЛОГОТ ПО 18 ЧАСОТ!

Read More
1 250 251 252 253 254 878