Двајца малолетници повредени во сообраќајна незгода

Двајца малолетници повредени во сообраќајна незгода

Вчеравечер околу 18,30 часот е пријавено дека на бул.„3-та Македонска ударна бригада“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од 19 годишен кумановец, мотоцикл „Јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од 17 годишник од с.Биљановце и паркирани патничко возила „БМВ“ „Ауди“ и „Сеат“. Возачот  на мотоциклот и неговиот 15 -годишен сопатник биле пренесени во Ургентен Центар-Куманово каде од лекар  кај сопатникот е констатирана повреда, а кај возачот…

Read More

Приведен кумановец за поседување марихуана

Приведен кумановец за поседување марихуана

Дваесет и едногодишен кумановец вчера бил приведен пред угостителски објект во Скопје поради поседување марихуана. Момчето било лишено од слобода на подрачјето на Аеродром од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти  МВР.

Read More

Еден случај на ковид -19 во Куманово, 96 во земјава

Еден случај на ковид -19 во Куманово, 96 во земјава

Регистрирани се 96 нови случаи на КОВИД-19 во изминатото деноноќие, од кои еден случај во Куманово, информира министерството за здравство.
Регистрирани сe 177 оздравени пациенти, од нив од Куманово  се 5 лица.
Во текот на изминатите 24 часа,  не се регистрирани починати лица.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Охрид на возраст од 85 години.
Бројот на активни случаи во земјава изнесува 1.030, во Куманово 17.

Read More

(ВИДЕО)Расчистени неколку кражби изминатава седмица

(ВИДЕО)Расчистени неколку кражби изминатава седмица

Пет кражби се расчистени изминатава седмица на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово, информираше денеска портпаролот Ивана Младеновска. Поради основи на сомнение дека се извршители на делата, приведени се пет лица.
-Од петте кражби, две се извршени во деловни објекти, една во објект на јавно претпријатие и една во објект во изградба, како и кражба на платежна картичка од возило со која беше извршена трансакција. Сторителот веднаш беше пронајден и платежната картичка и парите беа…

Read More

Илија Јовановиќ од „Градиме иднина“ гостин во „СТАВ“

Илија Јовановиќ од „Градиме иднина“ гостин во „СТАВ“

Претседателот на здружението „Градиме иднина“, Илија Јовановиќ во емисијата „СТАВ“ зборува за состојбата со децата питачи, соработката со институциите, но и за плановите кои ќе се реализираат во Куманово.
Следате ја емисијата „СТАВ“ во 20 часот на ТВ Плус!

Read More

(ВИДЕО) Над 2.000 деца дневно питачат во земјава, покажа истражувањето на „Градиме иднина“

(ВИДЕО) Над 2.000 деца дневно питачат во земјава, покажа истражувањето на „Градиме иднина“

Голем е бројот на децата питачи во земјава. Според анализата на „Градиме иднина“ над 2.000 деца дневно се на улиците. Застрашувачки е што на над 2.000 здравствената состојба им е лоша.

Read More

Пожарникарите гаснеле сува трева и смет

Пожарникарите гаснеле сува трева и смет

Кумановските пожарникари во текот на изминатите 24 часа бележат две интервенции. Првата била на запален смет кај маркетот Туш, а втората на запалена сува трева и смет во село Орашац. На двете локации е интервенирано со едно  противпожарно возило.

Read More

Деновиве ќе го утврдиме покачувањето на платите за децата да се вратат на настава од понеделник, велат од Владата

Деновиве ќе го утврдиме покачувањето на платите за децата да се вратат на настава од понеделник, велат од Владата

Претставници на Владата, предводени од премиерот Димитар Ковачевски, и претставници на СОНК во текот на викендов ќе го продолжат дијалогот и наредните денови ќе го утврдат точното зголемување на платите за наставниците, воспитувачите и негувателките, со цел од понеделник децата да продолжат со настава.
Ваква информација споделија од владината прес-служба по состанокот кој се одржа денеска.
На состанокот дополнително се разговарало и за тоа веднаш да започне сеопфатен дијалог, со активно учество на синдикатот, за трајно решавање…

Read More

КОЈА Е КРАЈНАТА ЦЕЛ НА КИНА СО МЕРКИТЕ ПРОТИВ КОВИД?

НЕНСИ ЧИЈАН
 
Веќе две години, политиката на Кина против КОВИД, односно преземањето секоја можна мерка за да се елиминира појавата на КОВИД-19, се покажа како ефикасна во однос на нејзината зацртана цел. Меѓутоа, бидејќи овој пристап не може да се одржува бесконечно, политичките лидери во земјата треба да почнат да размислуваат за излезна стратегија.
Во поголемиот дел од изминативе две години, кинеската стратегија „нула-КОВИД“ се сметаше за драстичен, но делотворен начин за одржување на импресивно ниски стапки…

Read More

Казнети над двеста возачи во земјава

Казнети над двеста возачи во земјава

МВР во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционираше 203 возачи.
Од нив, информираа од МВР, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 75 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 128 надвор од населено место.

Read More
1 267 268 269 270 271 878