Приведен липковец за обид за кражба во обложувалница

Приведен липковец за обид за кражба во обложувалница

Полициски службеници од СВР Куманово вчера околу 15 часот лишиле од слобода 55- годишен жител на Липково . Тој, во спортска обложувалница на улицата „Борис Кидрич“ во Куманово се  обидел  да одземе пари од вработената. Осомничениот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More

Приведен 76-годишен кумановец за кражба во деловен објект

Приведен 76-годишен кумановец за кражба во деловен објект

Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 14.40 часот лишиле од слобода 76 -годишен кумановец. Tој се сомничи дека извршил кражба во деловен објект на улицата „11-ти Октомври“. Осомничениот  бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштија надлежните.

Read More

(ВИДЕО)Објавени три огласи за мерките од Оперативниот план за вработување

(ВИДЕО)Објавени три огласи за мерките од Оперативниот план за вработување

Невработените лица и работодавачите од денеска можат да аплицираат на еден од трите објавени огласи од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за годинава. Станува збор за програмата „Самовработување”, „Вработување и раст на правни субјекти” и „Практикантство”,  информира раководителката на Центарот за вработување во Куманово, Марија Димитријевска, посочувајќи дека останатите ќе се објавуваат етапно по однапред дефиниран распоред и план. Целта е создавање на нови работни…

Read More

(ВИДЕО)Нови струки во ДСУ „Киро Бурназ“

(ВИДЕО)Нови струки во ДСУ „Киро Бурназ“

Идните средношколци првпат имаат можност да се запишат во една од новите струки, здравствена (фармацевтски техничар) и сообраќајна( техничар за патен сообраќај) во државното средно училиште Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“.
Иницијативата за отворање на паралелка со профил фармацевтски техничар потекнала од аптеките од градот, информира директорката Весна Трајковска.
Повеќе во видеото.

Read More

44 санкционирани возачи за вградени неатестирани фолии

44 санкционирани возачи за вградени неатестирани фолии

Во периодот од 01-ви до 03-ти месецов Министерството за внатрешни работи спроведе засилена контрола за санкционирање на возила на кои се вградени неатестирани фолии (затемнети стакла) при што санкционирани се 44 возачи.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта-велат од полицијата.

Read More

Пожар во стан на „Тоде Думба“

Пожар во стан на „Тоде Думба“

Кумановските пожарникари вчера интервенирале на пожар во станбен објект на улицата Тоде Думба, информира кумановската полиција. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Read More

ВИДЕО: Од почетокот на годината евидентирани над 200 кражби на подрачјето на СВР Куманово

ВИДЕО: Од почетокот на годината евидентирани над 200 кражби на подрачјето на СВР Куманово

Зголемен број кражби регистрира кумановската полиција. Од почетокот на годината евидентирани се над 200 кражби. Ограбени се куќи, станови, викендици, деловни и верски објекти. Полицијата со апел до граѓаните да внимаваат на својот имот и веднаш да ги известат доколку забележат нешто сомнително.

Read More

Левица: Општина Куманово потрошила околу 2 милиони денари на пијалаци и слатки

Левица: Општина Куманово потрошила околу 2 милиони денари на пијалаци и слатки

Во период од три години Општина Куманово потрошила 1.941.680,00 денари за алкохол, кафе, чај, чоколадни бомбони, тврдат од партијата Левица.
Според податоците објавени на официјалната веб-страница на Општина Куманово, за потребите на општината од буџетот се одвоени 31,572 евра за кафе, чај, освежителни пијалоци, алкохол, чоколадни бонбони.
Согласно податоците, од 2019 до 2021 година, Општина Куманово склучила договори за набавка на:
-395 литри алкохол (виски, бренди, жолта лозова, трпезно црвено, трпезно бело)
-940 килограми кафе арабика робуста и еспресо
-110…

Read More

ЗЕЛС потсетува на обврската за плаќање данок на имот и фирмарина

ЗЕЛС потсетува на обврската за плаќање данок на имот и фирмарина

ЗЕЛС ги информира граѓаните дека во општините во тек е постапката за доставување на решенијата за данок на имот и решенијата за комунална такса фирмарина за 2022 година.
„Во втората половина на месец април, дел од општините ќе спроведуваат и решенијата за забрана на средства во банка блокади за неплатени решенија за 2019 година, односно за оние даночни обврзници кои три години не ги платиле своите обврски при што сите даночни обврзници кои должат по овој…

Read More

Петмина новозаболени од ковид 19 во Куманово

Петмина новозаболени од ковид 19 во Куманово

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: направени се 2.212 тестови, а регистрирани се 236 нови случаи на КОВИД-19. Од нив од Куманово се петмина.
Бројот на активни случаи во земјава изнесува 1.550, а во Куманово е 38.

Read More
1 277 278 279 280 281 878