Дебата за меѓуврсничко насилство во „Толи Зордумис“

Дебата за меѓуврсничко насилство во „Толи Зордумис“

Отворен ден за Граѓанско образование на темата
Меѓуврсничко насилство или булинг денеска се организираше во основното училиште
„Толи Зордумис“. Присутните имаа можност да ги слушнат податоците од анализата
на прашалникот спроведен врз фокус група од 100 ученици на македонски и
албански наставен јазик , вклучени во училишната заедница од петто до деветто
одделение во однос на меѓуврсничкото насилство. Според надлежните, меѓу
другото, анализата покажува дека 25 проценти од испитаниците сметаат дека во
училиштето има меѓуврсничко насилство, 30 отсто од нив одговориле дека…

Read More

300.000 денари од Општина Куманово за Драч

300.000 денари од Општина Куманово за Драч

300.000 денари ќе бидат одвоени од буџетот
на Општина Куманово за помош на албанската општина Драч која што пред два дена
беше погодена од катастрофален земјотрес во кој според последните податоци,
животот го загубија 40 лица, повеќе од 650 се повредени, а причинета е огромна
материјална штета.

Ваквата одлука беше донесена на денешната
вонредна седница, а средствата ќе се издвојат од ставката – средства за Советот
на Општина Куманово, тековни резерви и ќе се искористат да се набави храна и хигиенски
средства…

Read More

Благојче Јакимовиќ- нов претседател НСДП Куманово

Благојче Јакимовиќ- нов претседател НСДП Куманово

Благојче
Јакимовиќ е нов претседател на општинската организација
на НСДП Куманово.

Ваква
одлука вчера беше донесена на четвртата општинска изборна конференција која се
одржа во Занаетчискиот дом.

„НСДП 14 години е присутна на политичката сцена. Тргнавме
по слоганот Силно и чесно и опстојуваме толку години.  Излеговме два пати самостојно на избори и
денеска сме предводници на иницијативата за една изборна единица, за самостоен
настап на избори. Како политичка партија доживеавме и политички поделби , но
поголемиот дел од нас присутните вечерва дадоа свој придонес во…

Read More

Промовиран документарниот филм за Драгомир Шојиќ

Промовиран документарниот филм за Драгомир Шојиќ

Во Младинскиот културен центар Козјак синоќа се промовираше документарниот филм за легендата на тамбурашката музика Драгомир Шојиќ. Настанот кој е во организација на Фондација за култура и спорт Куманово, а под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, се одржа во рамки на програмата по повод пет века Куманово. Филмот е во режија на Ратомир Цениќ и Небојша Илиевски, а  сценариото е на неговиот син Далибор Шојиќ. Животниот и професионалниот пат на Драгомир Шојиќ…

Read More

Хуманитарна акција за помош на настраданите во земјотресот во Албанија

Хуманитарна акција за помош на настраданите во земјотресот во Албанија

Граѓанската иницијатива„ Куманово за Албанија” организира хуманитарна акција за помош на настраданите семејства во земјотресот  во збратимената општина Драч. Пунктот за донирање денеска е поставен на градскиот плоштад во Куманово.

„Акцијата ќе трае неколку дена, а сите граѓани кои што сакаат да помогнат,  можат да донираат вода, храна, облека, финансиски средства, кои што потоа во соработка со Црвен крст ќе бидат испратени во Албанија“, изјави Александар Крстевски од Граѓанска иницијатива „ Куманово за Албанија“

Read More

Завршува рехабилитацијата на патот кон ГП Пелинце

Завршува рехабилитацијата на патот кон ГП Пелинце

Министерот за транспорт
и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов
денеска извршија увид во рехабилитацијата на делницата Пелинце-Граничен премин Пелинце. Со тековната обнова ќе се заокружи рехабилитацијата на целата патна
инфраструктура во должина од 15 километри во делот на општините Куманово , Старо Нагоричане и Ранковце.  

„Во овој момент се
работи на рехабилитација од Пелинце до граничниот премин што е особено многу
важен за сите населени места и граѓани што што гравитираат тука, а…

Read More

Стабилна состојбата на мигрантите повредени во сообраќајка кај Градиште

Стабилна состојбата на мигрантите повредени во сообраќајка кај Градиште

Дваесет и
шест мигранти се повредени во сообраќајка, кога возило во кое се превезувале излетало од патот.  Незгодата се случила утринава околу 06,40 часот на
регионалниот пат Свети Николе – Куманово кај месноста викана „Градиште“, кога
од коловозот излетало товартно моторно возило „Фолваген“ во кое се превезувале, а
возачот е во бегство.

Мигрантите, од кои 15
државјани на Авганистан, девет на Пакистан и еден од Ирак (седум биле малолетни лица),  со возило на
Итната медицинска помош биле пренесени на Хируршкото одделение…

Read More

Жители на Стари лозја бараат фекална канализација

Жители на Стари лозја бараат фекална канализација

Жители на улицата 503 во месноста викана Стари лозја бараат
од Општина Куманово приклучок на фекална канализација, за кој што тврдат дека
имаат платено уште во времето кога ги изградиле куќите. Непријатна миризба од
септичките јами и отпадните води кои што течат по улицата се чувствува во
целата населба, а граѓаните се плашат за здравјето на своите деца.

-Ние граѓаните на населба Стари лозја бараме да ни се одобри приклучок за канализација за да ни се подобрат условите за…

Read More

Општината потпиша Меморандум за соработка со Институтот „ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ“

Општината потпиша Меморандум за соработка со Институтот „ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ“

Општина Куманово денеска потпиша Меморандум за соработка
со Институтот за европски образовни, социо- културни и економски политики „ЕВРОПА
ЗА ТЕБЕ “ Скопје. Градоначалникот Максим Димитриевски информира дека со
меморандумот само општо го дефинирале начинот на кој општината во иднина ќе
соработува со и нститутот со кој што заедно ќе работат на полето на превенција
од насилство, сите видови на насилство и едукација на кадрите во основните и во
средните училишта. Таргет група на заедничките проекти ќе бидат младите.

-Се надевам дека…

Read More

Градоначалникот даде отчет за сработеното

Градоначалникот даде отчет за сработеното

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски денеска пред претставниците
на општината, Советот, јавните претпријатија, даде отчет за сработеното во
изминатите две години од мандатот.  Тој
се осврна на подобрените услови во комуналната инфраструктура, образованието,
здравството, јавните претпријатија, културата и спортот, при што истакна дека  во Куманово и околината, за овој период се асфалтирани
вкупно 51. 550 м2, изградени се тротоари во должина од 6. 632 м2, водоводна
мрежа 27.647 м2, фекална и атмосферска канализација 9.746 м2, како и поставување
на бекатон и тампонирање….

Read More
1 2 3 4 5 279