ВИДЕО: ООУ „Толи Зордумис“ со повеќе активности ја одбележува неделата на екологијата

ВИДЕО: ООУ „Толи Зордумис“ со повеќе активности ја одбележува неделата на екологијата

Со повеќе активности основното училиште „Толи Зордумис “ ја одбележува неделата на екологијата, а воедно и пролетта. Рециклирање, цртање, изработка на различни предмети се само дел од активностите преку кои учениците заедно со своите наставници од еко-тимот во училиштето сакаат да ја подигнат еколошката свест кај учениците, наставниците, родителите, техничкиот персонал,  како и сите оние кои се вклучени директно или индиректно во училишната заедница.
Според координаторката на еко-тимот, Емилија Веселиновска главната цел на активностите е да…

Read More

ВИДЕО: Средношколците во „Наце Буѓони“ разговараа за булинг, родова еднаквост и семејно насилство

ВИДЕО: Средношколците во „Наце Буѓони“ разговараа за булинг, родова еднаквост и семејно насилство

Средношколците од техничкото училиште „Наце Буѓони“ денеска разговараа на тема булинг, родова еднаквост и семејно насилство во рамките на денешниот настан „Простор за разговор“ преку проект кој го реализира Интерарт културниот центар со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје во соработка со хуманитарното здружение „Мајка“. Во рамки на средбата средношколците го разгледаа филмот „Простор за разговор“, кој ја опфаќа темата за родовата еднаквост и семејното насилство и низ уметнички активизам ја подигнува свеста за овој…

Read More

Кривични пријави за двајца вработени на царина на Табановце

Кривични пријави за двајца вработени на царина на Табановце

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.М.(37 години) и А.Д.(40 години), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик. Пријавените, вработени во Царинска управа на работно место Цариник во Отсек за патнички промет во царинска испостава Табановце, извршувајќи ги службените работни задачи постапиле спротивно на Упатството за спроведување на царински постапки во патничкиот промет и Упатството за привремен увоз…

Read More

ВИДЕО: Повик за организација која ќе раководи со Младинскиот центар

ВИДЕО: Повик за организација која ќе раководи со Младинскиот центар

Општина Куманово ги повикува сите младински организации и организации за млади кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации и Законот за младинско учество и младински политики, да поднесат пријава за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар во Куманово.
Согласно одлука донесена на седница на Советот, општина Куманово основа Младински центар кој преку јавен повик ќе биде доделен на управување на младинска организација или организација за млади во…

Read More

В недела летно сметање на времето

В недела летно сметање на времето

Летното сметање на времето годинава ќе започне на 26-ти март во 02 часот со поместување за еден час нанапред, односно времето во 02 часот се смета како за 03 часот.
Според одлуката на Владата на денешната седница, летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03 часот, така што со поместување за еден час наназад, времето во 03 часот се смета како 02 часот.

Read More

Кривична пријава против две лица поради насилство

Кривична пријава против две лица поради насилство

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Н.С.(51 години ) и Б.Т.(47 години), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство“. На 09-ти минатиот месец на место викано ,,Маркова нива“, пријавените започнале физичка пресметка со П.Т., по што Н.С. со неговото возило му ја прегазил ногата на П.Т., нанесувајќи му тешка телесна повреда, информира полицијата.

Read More

Исплата на мартовските пензии од 28 март

Исплата на мартовските пензии од 28 март

Владата, на седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година.
Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27-ми месецов.
Се препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28-ми.
Се препорачува на деловните банки, преку филијалите и…

Read More

Исчезнато 14-годишно девојче

Исчезнато 14-годишно девојче

Триесет и седумгодишен кумановец вчера во кумановската полиција пријавил дека од домот се оддалечила неговата 14-годишна, која имала здравствени проблеми, а која и претходно се оддалечувала од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информира полицијата.

Read More

На Табановце приведен Србин

На Табановце приведен Србин

На граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода С.Ј.(49 години) од Република Србија затоа што при извршена проверка во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал на стоп листа и се барал по телеграма од СВР Куманово. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Read More

Средните училишта со здравствени струки нема да запишуваат ученици вонредно

Средните училишта со здравствени струки нема да запишуваат ученици вонредно

Во средните училишта во државава кои имаат насоки од здравствена струка повеќе не ќе може вонредно да се запишуваат ученици. Од Министерството за образование и наука за МИА потврдија дека во овие училишта е пратен допис со кој се бара запишувањето вонредни ученици да се стави во мирување.
Досега вонредно можеше да се заврши средно образование за медицинска сестра, фармацевтски техничар и за други профили од здравствена струка.
Неофицијално, заинтересирани се најчесто кандидати со завршено средно образование,…

Read More
1 2 3 769