Црвен крст со обука за личен асистент на лица со попреченост

Црвен крст со обука за личен асистент на лица со попреченост

Општинската организација на Црвен крст Куманово објави конкурс за обука на личен асистент на лица со попреченост. Се повикуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да поседуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат  да аплицираат до 10-ти февруари. Кандидатите треба да се државјани на Македонија, да се на возраст од 18 до 65 години, невработени, со минимум завршено средно образование, да имаат општа психо-физичка способност за работа  и да бидат мотивирани да работат со…

Read More

ВИДЕО: Илиевски: Вода ќе има, иако капацитетот на браните е исполнет само 30 отсто

ВИДЕО: Илиевски: Вода ќе има, иако капацитетот на браните е исполнет само 30 отсто

Врнежите во кумановско липковскиот регион последниве денови дадоа надеж дека во идниот период до почетокот на сезоната ќе има доволни количини на вода, иако во моментов капацитетот на браните Глажња и Липково е околу 30 отсто, информираат надлежните.
Директорот на Водостопанство Кумановско-липковско поле Илиевски, потврдува дека за овој период е мала оваа количина, но сепак појаснува дека граѓаните не треба да се грижат, бидејќи ќе има доволно вода за Куманово.

Read More

ВИДЕО: Центарот за култура со повеќе активности

ВИДЕО: Центарот за култура со повеќе активности

Промоција на книга, концерт на Младинскиот оркестар, гостување на две претстави на Театар Куманово во Штип се дел од активностите на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ што ќе се реализираат наредниот период.
Утревечер во малата сала на културната институција ќе биде промовирана книгата „ Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски. Извадоци од книгата ќе читаат актерката Кети Дончевска – Илиќ и Анастасија Величковиќ. Антоновски е асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ и зад…

Read More

ВИДЕО: Општината додели движни ствари на јавни претпријатија

ВИДЕО: Општината додели движни ствари на јавни претпријатија

Со одлука на Советот, општина Куманово даде на трајно користење движни ствари на три јавни претпријатија. Советниците вчера дадоа зелено светло со 10.000 куќни ултразвучни водомери добиени од министерството за транспорт и врски да располага давателот на услугата, јавното претпријатие „Водовод“, со празничните украси да стопанисува јавното претпријатие „Куманово-паркинг“, а одреден број на клупи и корпи за отпадоци набавени претходно од општината да бидат предадени на „Чистота и зеленило“.
За предлог – одлуките за давање на…

Read More

Конференција за поголема вклученост на младите во општеството

Конференција за поголема вклученост на младите во општеството

Во организација на „Europe House”- Крива Паланка, денеска во Занаетчиски дом – Куманово се одржа конференција за потребата од локални младински совети за поактивно вклучување на младите во општеството под мотото „Европа е со тебе”.
На панел дискусијата учествуваше и претседателката на Советот на oпштина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска која се осврна на активностите кои ги презема oпштината во врска со барањата и потребите на младата популација и нивно вклучување во различни проекти, како и за идните…

Read More

Ограбен угостителски објект на „Драган Стопаревиќ“

Ограбен угостителски објект на „Драган Стопаревиќ“

Ограбен угостителски објект на улицата „Драган Стопаревиќ“, информира кумановската полиција. Сопственик на угостителски објект во Секторот за внатрешни работи Куманово пријавил дека било влезено со употреба на сила и подесен предмет и биле одземени пари. СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот, информира полицијата.

Read More

Од утре започнува со работа затворениот базен

Од утре започнува со работа затворениот базен

Од утре повторно почнува со работа затворениот градски базен, соопштија надлежните. Информацијата ја објави и кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.
-Ве очекуваме во топол, пријатен и освежен амбиент, објави Димитриевски.
Базенот беше затворен на 18 октомври, лани, поради високи сметки за електрична енергија и гас, како што објаснија тогаш од ЈП „Чистота и Зеленило“ кои во тој период менаџираа со базенот. Базенот не работеше ниту од почетокот на минатата година, поради високи сметки за електрична енергија и гас.

Read More

ВИДЕО: Промовиран филмот „Пиротско маало низ времето“

ВИДЕО: Промовиран филмот „Пиротско маало низ времето“

„Пиротско маало низ времето“ е насловот на новиот документарен филм на Љиљана Тричковиќ, кој синоќа беше промовиран во Занаетчискиот дом. Во креацијата на филмот учествува и Марјан Стошевски, а е реализиран со поддршка на Општина Куманово.
Популарното пиротско маало настанало во почетокот на 20-ти век, со населување на жители од пиротскиот крај, кои се доселувале во овие краишта, барајќи подобри услови за егзистенција. Авторката истакна дека инспирација за создавање на ова дело добила од филмот за…

Read More

Во гимназијата „Гоце Делчев“ спортски турнир

Во гимназијата „Гоце Делчев“ спортски турнир

Кумановската гимназија „Гоце Делчев“ ќе биде домаќин и организатор на мал турнир во спорт. Станува збор за иницијатива на Ученичкиот парламент на училиштето на чело со Луна Димитриевска и Михаела Димковска кои овој настан го организираат во соработка со наставникот Горан Томовски.
Како што се вели во повикот, целта е да се покаже спортскиот дух со учтивост дури и при пораз и одржување на самодисциплина во однос на другите. Да научат учениците што значи фер игра…

Read More

Учебната година во основните школи ќе трае до 14 јуни

Учебната година во основните школи ќе трае до 14 јуни

Министерството за образование го измени календарот за организација и работа на училиштата за учебната 2022/2023 година со што основците остануваат во училишните клупи до 14 јуни, наместо до 9-ти. За средношколците во тој дел нема промена, тие ќе завршат на 9 и летниот распуст ќе го почнат на 10 јуни.
МОН го продолжи зимскиот распуст и второто полугодие стартуваше на 23 јануари наместо на 18, како што е предвидено во календарот. Според календарот во учебната 2022/2023 година…

Read More
1 152 153 154 155 156 885