ВИДЕО: Светосавска академија во Куманово по повод националниот празник на Србите во Македонија

ВИДЕО: Светосавска академија во Куманово по повод националниот празник на Србите во Македонија

Националниот празник на Србите во Македонија, Свети Сава традиционално во Куманово ќе биде одбележан со Светосавска академија во организација на Српската заедница во Македонија регионален одбор Куманово.
Годинава академијата ќе се одржи на 26-ти јануари во Занаетчискиот дом, со почеток во 19 часот на која ќе  присуствуваат значајни гости од областа на политиката, културата, образованието од двете држави.
– Чест ни е што оваа година ќе ни биде гост министерот за одбрана и потпретседателот на Владата на…

Read More

ВИДЕО: Раководството на пензионерите незаконски покачило надоместоци?! Парите вратени, постапката кај службите! Јакимовски вели, нема злоупотреба, се работи за притисок

ВИДЕО: Раководството на пензионерите незаконски покачило надоместоци?! Парите вратени, постапката кај службите! Јакимовски вели, нема злоупотреба, се работи за притисок

Претставници на Собранието на Здружението на пензионери Куманово и делегати, обвинија дека актуелниот претседател Благе Јакимовски, сам, без гласање на Собранието, како што налага Статутот, донел одлука за зголемување на надоместоци за себе, потпретседателот и секретарот.
Според нив раководството се повикало на непостоечка одлука, која била укината од 2016-та година и тој немал право на вакво нешто. Дополнително велат лицата две години добивале средства, односно по 1.000 денари, и за присуство на седница на Собрание, иако…

Read More

Пензиите етапно ќе се исплаќаат од 30-ти јануари

Пензиите етапно ќе се исплаќаат од 30-ти јануари

На вчерашната седница, на предлог на Министерството за труд и социјална политика, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензиите за месец јануари 2023 година.
Задолжен е Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.01.2023 година, при што се препорачува на деловните банки да обезбедат, пензионерите да може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати…

Read More

Мултимедијална изложба на скутини во Центарот за култура

Мултимедијална изложба на скутини во Центарот за култура

Во Фоаjето на Центарот на култура „Трајко Прокопиев“ утре во 13 часот ќе биде отворена мултимедијалната изложба „Скутина, фута, бовча, диљка“, на етнокореологот Бојан Петковски.
Кон крајот на XIX век носијата била во својот полн сјај, карактеризирајќи се со слоевитост во облековните елементи и накитот. Фактот дека носијата е комплетна конструкција сочинета од низа облеки иницира давање акцент на секој засебно.
Овој прокет ќе фрли светлина врз скутината. Првата визуелна средба меѓу носијата и гледачот прави гледачот…

Read More

Без вода денеска ќе бидат неколку улици во Куманово

Без вода денеска ќе бидат неколку улици во Куманово

Поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа во текот на денот без вода ќе бидат неколку улици во Куманово.
Според Регионалниот центар за управување со кризи, прекини ќе има кај корисниците од улиците „Ѓуро Ѓаковиќ“ и „Доктор Рибар“ (сектор ординација Нухи), „Јоско Илиевски“, населбата Средорек и м.в. Стари лозја.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Read More

27 јануари – неработен ден за Србите во Македонија

27 јануари – неработен ден за Србите во Македонија

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците , 27 јануари 2023 година (петок), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница им го честита празникот Свети Сава.

Read More

Тренчевска: Бројот на жртви на семејно насилство во 2022 година е намален за 4,3 проценти

Тренчевска: Бројот на жртви на семејно насилство во 2022 година е намален за 4,3 проценти

Бројот на жртви на семејно насилство во 2022 година е намален за 4,3 проценти во споредба со 2021, информира на денешниот брифинг министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.
Новоевидентирани жртви на семејно насилство за 2022 година, согласно податоците од центрите за социјална работа, се 1 543 лица, од кои најголем дел се жени жртви 1074, мажи 252 жртви, и 227 лица од жртвите се деца.
За споредба, во 2021 година, бројот на жртви на семејно насилство…

Read More

ВИДЕО: Спасовски: Само во 2022 имаме откриено 124 дела на корупција со штета над 227 милиони денари

ВИДЕО: Спасовски: Само во 2022 имаме откриено 124 дела на корупција со штета над 227 милиони денари

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервјуто за ТВ Плус ја дефинираше борбата со корупцијата како еден од стратешките приоритети на МВР и на државата.
„Во самиот старт на преземањето на раководењето со МВР ја поставивме работата на три принципи: целосна професионализација, департизација и декриминализација. На основа на тие принципи ги утврдивме и стратешките приоритети, како борбата со организираниот криминал и корупција, борбата против тероризмот и сајбер криминалот и борбата против илегалната миграција и трговијата…

Read More

ВИДЕО: ГФК Куманово нова надеж за талентираните кумановци

ВИДЕО: ГФК Куманово нова надеж за талентираните кумановци

По повеќе од две децении Куманово доби Градски фудбалски клуб со фузирање на три постоечки приватни фудбалски клуба во градот. Проектот е поддржан од општина Куманово, а преку Општинскиот сојуз на спортови одвоени се еден милион и сто илјади денари за ГФК Куманово.
„Поради несоодветни инфраструктурни капацитети на градскиот стадион, тренинзите периодов ќе се реализираат на спортскиот терен на ФК Студена вода во Доброшане и на теренот кај спортската сала“, информира претседателот на Градскиот фудбалски клуб…

Read More

ВИДЕО: „Чистота и зеленило“ ги повикува домарите да склучат договори

ВИДЕО: „Чистота и зеленило“ ги повикува домарите да склучат договори

„Чистота и Зеленило“ ги повикува станбените домари да се склучат договори доколку е неопходно јавното претпријатие да се вклучи во чистењето на деловите околу станбените единици.
Појаснуваат дека ова е надвор од програмата за одржување на јавно прометни површини.
Надлежните информираат и дека оваа година не е планирано ново покачување на цените за изнесување и депонирање на смет.

Read More
1 157 158 159 160 161 885