Димитриевски од Атина: Куманово се приклучува на Б40, Балканот има капацитет да се сплоти, имаме разбирање, пријателски односи и чувство еден за друг

Димитриевски од Атина: Куманово се приклучува на Б40, Балканот има капацитет да се сплоти, имаме разбирање, пријателски односи и чувство еден за друг

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски од вчера е во работна посета на Атина, Република Грција кадешто учествува на дводневниот Самит за градоначалници „B40“ наменет за интензивирање на регионалната соработка на балканскиот регион.
Во своето обраќање, Димитриевски се заблагодари на градоначалниците Бакојанис и Имамоглу за тоа што работат во духот на Ататурк и истакна дека времето ги создава и ги раѓа големите лидери, верувајќи дека од самитот ќе се изроди некој таков што ќе го придвижи…

Read More

Приведен кумановец за доиздржување затворска казна

Приведен кумановец за доиздржување затворска казна

Дваесет и петгодишен кумановец бил приведен ноќва, половина час по полноќ, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Како што појаснуваат од полицијата, лицето било барано поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Куманово во село К’шање, каде издржувал затворска казна.
– Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната, стои во соопштението.

Read More

ДЗС: Просечната нето -плата во ноември 2022 година изнесува 33.011 денари

ДЗС: Просечната нето -плата во ноември 2022 година изнесува 33.011 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2022 година изнесува 33.011 денари, додека просечната бруто-плата по вработен за истиот месец изнесува 49.397 денари, соопшти Државниот завод за статистика.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, изнесува 113,3.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: трговија на големо и…

Read More

Осумдесетина возачи казнети на подрачјето на СВР Куманово

Осумдесетина возачи  казнети на подрачјето на СВР Куманово

Полициските службеници вчера казниле вкупно 83 возачи на територијата на Секторот за внатрешни работи Куманово.
Најголем дел од казните биле поради непрописно затемнети стакла и возење без возачка дозвола.
МВР соопшти дека  при контролата санкционирани се 83 возачи, од кои 19 за возење без возачка дозвола, 22 за непрописно вградени фолии(затемнети стакла), 7 за истечена важност на регистрација и 5 мерки за возачи кои вршат јавен превоз на патници. На сите прекршители им биле изготвени соодветни поднесоци.
Сообраќајните…

Read More

МВР санкционираше четиристотини возачи во земјава

МВР санкционираше четиристотини возачи во земјава

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 414 возачи.
Од нив 15 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 260 возила ја пречекориле брзината во населено…

Read More

ВИДЕО: Вирусните инфекции ги наполнија амбулантите

ВИДЕО: Вирусните инфекции ги наполнија амбулантите

Здравствените амбуланти периодов се полни со пациенти. Дел од нив со температура, други со кашлање, со болки во мускулите.
Лекарите велат дека пациентите најчесто се со полесна клиничка слика, но кашлањето останува и до три месеца од заболувањето.
Според здравствените власти, вакцините се најбезбедниот начин за заштита на здравјето на граѓаните.

Read More

ВИДЕО: Алијанса на Албанците ги избира раководните органи

ВИДЕО: Алијанса на Албанците ги избира раководните органи

Во Куманово денеска се одржа седница на Централното Собрание на Алијанса за Албанците, на која се избираа раководните органи на партијата, откако во декември лани,  на вонреден конгрес Арбен Таравари беше избран за претседател.
Таравари во изјава за медиумите пред почетокот на седницата рече дека досега немало конкретен предлог од премиерот Димитар Ковачевски и дека допрва ќе се договараат со партиското членство дали да останат опозиција или евентуално да влезат во владиното мнозинство.
Видеото по вестите во…

Read More

ВИДЕО: Болницата доби донација за акушерскиот оддел

ВИДЕО: Болницата доби донација за акушерскиот оддел

Општествено одговорна компанија донираше за потребите на акушерскиот оддел во кумановската болница.
Надлежните од јавната здравствена установа велат дека со донираната опрема ќе се подобри квалитетот на следење на бременоста.
Видеото по вестите во 18 часот.

Read More

ВИДЕО: Кумановецот Матеј Јовановски го сними првиот трап албум

ВИДЕО: Кумановецот Матеј Јовановски го сними првиот трап албум

15-годишниот Matej Drixhen или Матеј Јовановски од Куманово го сними својот прв трап албум насловен „Trap Business“. Текстовите за осумте песни кои се најдоа на албумот самиот ги напишал, а станува збор за американски хард монотон трап, стил за кој Матеј верува дека наскоро ќе биде прифатен и на нашите простори. Следниот чекор е снимањето на спотови.

– Ова е стил што сѐ  уште го нема кај нас, но сум сигурен дека ќе направи голем бум….

Read More

МОН: Стипендиите ќе се исплаќаат следната недела

МОН: Стипендиите ќе се исплаќаат следната недела

Министерството за образование и наука известува дека исплатите за ученички стипендии, студентски стипендии во земјата и во странство и субвенциониран студентски оброк ќе се реализираат во текот на следната недела.
„Основ за исплата е усвојувањето на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2023 година и Програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2023 година, кои се веќе доставени до комисите на Владата“, велат од МОН.
Според нив, програмите…

Read More
1 159 160 161 162 163 885