ВИДЕО: Вештачењата ќе утврдат во каква состојба се случиле убиствата

ВИДЕО: Вештачењата ќе утврдат во каква состојба се случиле убиствата

По Скопје, убиство на родител ја вознемири и јавноста во Куманово. Жител на населбата „Иго Тричковиќ“ со остар предмет го уби својот 64 годишен татко.
Стручните лица анализираат дека двете убиства се навидум слични, но самиот тек е различен. За настанот во Куманово нагласуваат дека убиството наликува дека се случило поради конфликт, во силна афектирана состојба.
Но велат дека сепак психијатриските вештачења ќе утврдат во каква состојба се случиле убиствата.

Read More

Нови засилувања во МРК Куманово

Нови засилувања во МРК Куманово

Владан Кастратовиќ и Зоран Ѓурковиќ се двете интернационални засилувања во составот на машкиот Ракометен клуб Куманово. Дваесет и петгодишниот Кастратовиќ висок 185 сантиметри и со потекло од Андријевица, Црна Гора. Во Куманово доаѓа од екипата на Охрид. Претходно Кастратовиќ има настапувано за екипите на Комови, Иванград, Струга и Охрид. Зоран Ѓурковиќ пак е 37-годишен искусен српски ракометар висок 197 сантиметри. Тој потекнува од Велика Плана и има настапувано за екипите на Морава од Велика Плана,…

Read More

Пратеникот Мартин Костовски гостин во „СТАВ“

Пратеникот Мартин Костовски гостин во „СТАВ“

Пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски гостува во емисијата „СТАВ“ на ТВ Плус. Тој ќе зборува за актуелните теми со загадувањето на воздухот, енергетската криза, најавените покачувања на пензиите и минималната плата, но ќе се осврте и на реализираното во државата, Куманово.

Read More

ВИДЕО: На Водици – Богојавление ќе се осветуваат водите

ВИДЕО: На Водици – Богојавление ќе се осветуваат водите

И годинава традиционално на големиот христијански празник Водици – Богојавление ќе се осветува водата, а граѓаните доброволно ќе скокаат по крстот , за првпат само на едно место во Куманово , во црквата Свети Никола, по завршувањето на Светата литургија.  Празникот е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од свети Јован.

Read More

ВИДЕО: Општината ќе продолжи да ги подобрува условите во училиштата

ВИДЕО: Општината ќе продолжи да ги подобрува условите во училиштата

„Во 2023 година ќе продолжиме со инвестиции за подобрување на условите во училиштата, за поквалитетна настава и едукација на идните генерации“, најави градоначалникот Максим Димитриевски. Оваа година предвидниот буџет за инвестиции во образованието изнесува  26.690.000 денари.

Read More

ВИДЕО: Опаѓа бројот на вакцинирани деца во предучилишна возраст

ВИДЕО: Опаѓа бројот на вакцинирани деца во предучилишна возраст

Од година в година се помал број на деца од предучилишна возраст редовно ги примаат вакцините пропишани со календарот за имунизација. Родителите најмногу се плашат од вакцината МРП, посочуваат од Детскиот диспанзер при Здравствен дом Куманово, потенцирајќи дека имунизацијата е најдобриот начин да ги заштитиме нашите деца од болести.

Read More

Син убил татко во населбата Иго Тричковиќ

Син убил татко во населбата Иго Тричковиќ

Син убил татко попладнево во населбата Иго Тричковиќ , позната меѓу кумановци како Пуковско. Како што информираат од СВР Куманово, полициски службеници од СВР Куманово околу 16 часот го привеле 40- годишниот Б.Ј.  од Куманово поради сомнение дека околу 15 часот во Куманово со нож го нападнал својот 65 -годишен татко, кој им подлегнал на повредите.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението од СВР Куманово.
Ова се првичните информации за семејната трагедија…

Read More

Оштетено возило од заталкан куршум на улицата „Живко Чало“

Оштетено возило од заталкан куршум на улицата „Живко Чало“

Во СВР Куманово вчера 41-годишен кумановец пријавил дека неговото патничко моторно возило „фолксваген тигуан“ со кумановски регистарски ознаки, паркирано на улицата „Живко Чало“  во Куманово, било оштетено од заталкано зрно, соопштија надлежните од СВР Куманово.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Read More

Обид за кражба од објект во изградба на „Доктор Рибар“

Обид за кражба од објект во изградба на „Доктор Рибар“

МВР соопшти дека вчеравечер по 22 часот, полициски службеници од СВР Куманово привеле две лица, кумановец и штипјанец, двајцата на 45-годишна возраст. Тие биле затекнати при обид да одземат материјали од објект во изградба на улицата „Доктор Рибар“ во Куманово. Истите биле приведени во полициска станица и против нив ќе следуваат соодветни пријави, информираат надлежните.

Read More
1 164 165 166 167 168 885