ВИДЕО: Поставена Бадниковата пештера

ВИДЕО: Поставена Бадниковата пештера

Здружението „Бадникови поворки“ од Куманово ја постави Бадниковата пештера во поранешен Касапски круг, а деновиве ќе се одржат и пробите со децата од градот, во Соборниот храм Свети Никола за Бадниковата поворка по повод претстојниот Божиќ.

Read More

ВИДЕО: По акцијата на МВР и Обвинителството приведени деветмина полициски службеници

ВИДЕО: По акцијата на МВР и Обвинителството приведени деветмина полициски службеници

Девет лица, меѓу кои командир, заменик командир и раководител на смена и шестмина полициски службеници се уапсени по синоќешната акција на граничниот премин Табановце. Тие се сомничат за злоупотреба на службена положба и поткуп.
Акцијата ја водат МВР и Обвинителствотоза гонење организиран криминал и корупција.

Read More

ВИДЕО: Младите од ВМРО-ДПМНЕ со акција Биди хуман

ВИДЕО: Младите од ВМРО-ДПМНЕ со акција Биди хуман

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово организираше акција „Биди Хуман – Предизвикај Насмевка“.
На штанд на градскиот плоштад се собираа донации и новогодишни пакетчиња за најмалите од Куманово.
„Новогодишните празници да ги искористиме да бидеме хумани и солидарни, да подадеме рака и да се грижиме за сите околу нас“-велат младите од УМС.

Read More

Предновогодишен концерт на учениците од „Панче Пешев“

Предновогодишен концерт на учениците од „Панче Пешев“

Нижото музичко училиште „Панче Пешев“ организира предновогодишен концерт за своите ученици. Концертот ќе се одржи утре во 12 часот во Занаетчискиот дом. Истиот се организира со поддршка на Фондацијата за култура и спорт, во рамки на предновогодишната програма. Сите заинтересирани граѓани можат да ги слушнат младите ученици.

Read More

Утре седумнаесетта седница на Советот, ќе се носи буџетот

Утре седумнаесетта седница на Советот, ќе се носи буџетот

Дваесет и шест точки ќе се најдат на дневен ред на утрешната седница на Советот на Општина Куманово. Советниците ќе ја разгледаат програмата за работа на јавната установа Библиотека Тане Георгиевски, јавните претпријатија Водовод и Куманово гас, програмата за одржување на јавна чистота на јавни сообраќајни површини, уредување и одржување на градско зеленило, собирање и транспортирање на комунален отпад, одржување на јавна чистота на јавни сообраќајни површини.
Ќе се одлучува и за програмата за работа на…

Read More

ВИДЕО: Се уште нема решение за „Домот на пионери“, премиерот вели ваквите установи треба да им се вратат на младите

ВИДЕО: Се уште нема решение за „Домот на пионери“, премиерот вели ваквите установи треба да им се вратат на младите

Се уште нема решение за уредување на Центарот за детско творештво во Куманово. Објектот со години е запуштен и оставен да пропаѓа. Местото кое во минатото го посетуваат над 1.000 дечиња, е полно со смет.
Премиерот Ковачевски, кој детството го поминал во овој објект, вели дека ваквите културни установи во државата, треба повторно да се стават во функција на младите.

Read More

Младите од Црвен крст со „Новогодишната соба на Дедо Мраз”

Младите од Црвен крст со „Новогодишната соба на Дедо Мраз”

Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Куманово по повод новогодишните празници утре и задутре со почеток од 11 до 14 часот на градскиот плоштад  организира собирна акција за донација на потребни материјали за детски новогодишни пакетчиња.
На местото на собирната акција ќе биде поставена „Новогодишната соба на Дедо Мраз” која волонтерите сами ја изработија за потребите на собирната акција. Заинтересираните граѓани можат донираат. Собраните средства, податоци ќе се искористат за изработка на новогодишни…

Read More

Од утре поскап бензин, а поевтин дизел

Од утре поскап бензин, а поевтин дизел

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денари  за литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 77,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 денари за литар.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ, се намалува за 1,00 денар  за литар и ќе изнесува 80  денари за литар.

Read More

Санкционирани 206 возачи на подрачјето на СВР Куманово

Санкционирани 206 возачи на подрачјето на СВР Куманово

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на СВР Куманово санкционирани се вкупно 206 возачи   од  кои 124 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 70 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 10 за управување возило без возачка дозвола и 2 за нерегистрирано возило.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме…

Read More

Кражба во продажен објект во Бељаковце

Кражба во продажен објект во Бељаковце

Педесет и осумгодишен жител на село Бељаковце, Општина Старо Нагоричане вчера во полицијата пријавил дека во неговиот продажен објект во селото, било влезено со употреба на сила и биле одземени пари и различни производи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира полицијата.

Read More
1 169 170 171 172 173 885