Исчезнат кумановец, семејството бара помош

Исчезнат кумановец, семејството бара помош

Триесет и тригодишниот кумановец, Самир Салиевски од вчера, недела, се води како исчезнат. Семејството апелира сите граѓани доколку имаат каква било информација во врска со оваа лицето, кое последен пат било забележано во Доброшане, да пријават во полициската станица или на контакт телефон 071 329 068. Дополнуваат дека лицето е глувонемо. Дека лицето е пријавено за исчезнато потврдија и од СВР Куманово.

Read More

Форумот на жени на СДСМ со пакетчиња за децата во социјален ризик и дечињата на Одделот за онкологија

Форумот на жени на СДСМ со пакетчиња за децата во социјален ризик и дечињата на Одделот за онкологија

Во пресрет на новогодишните празници, Форумот на жени СДСМ Куманово заедно со ЛК на СДММ Куманово ќе подели над 400 пакетчиња на децата од семејствата во социјален ризик, како и на пациентите на Одделот за онкологија на Детска клиника во Скопје.
Подароците беа собрани изминатиов викенд во Куманово во хуманитарна акција под мотото „Подари пакетче, подари радост”.
Акцијата ја поддржаа членови и симпатизери на СДСМ, како и граѓани кои што имаат можност да им ги развеселат новогодишните…

Read More

ВИДЕО: Гимназија во проект на Еразмус+, „Развој на EcoSTEAM”

ВИДЕО: Гимназија во проект на Еразмус+, „Развој на EcoSTEAM”

Гимназијата „Гоце Делчев“ е домаќин на координатори и професори од високи образовни институции од Литванија, Турција и Кипар, во рамки на проектот Партнерства за соработка во училишното образование од Еразмус+. На овој прв партнерски состав е поставена интелектуалната рамка, методологија и главните принципи на работата во наредниот период. Проектот има долгорочно поставени цели, со акцент на подигање на еколошката свест кај младата популација, односно негување и унапредување на млади таленти кои со своите практични трудови и иновативност придонесуваат во изнаоѓање…

Read More

Со дрвена палка кумановец ограбил обложувалница

Со дрвена палка кумановец ограбил обложувалница

Кумановското Основно јавно обвинителство поведе постапка за кумановец осомничен дека извршил разбојништво.
Во обложувалница на улицата „Тоде Мендол“, на 21ви декември, осомничениот влегол со дрвена палка и му се заканил на вработениот дека ќе го убие ако не му даде 1.000 евра.
– Оштетениот, исплашен за својот живот, заедно со осомничениот влегол зад пултот, ја отворил касата и му го предал целокупниот промет во износ од 7.000 денари. Осомничениот со парите веднаш избегал од местото, стои во…

Read More

ВИДЕО: Утринава редици на Табановце, се враќаат печалбарите

ВИДЕО: Утринава редици на Табановце, се враќаат печалбарите

Долги редици утринава можеше да се забележат на граничниот премин Табановце, за влез во државата. Голем број иселеници се враќаат дома за претстојните празници.

Read More

Бисера Паскал со 38 отсто учинок на последниот натпревар

Бисера Паскал со 38 отсто учинок на последниот натпревар

Екипата на голманката Бисера Паскал од Куманово, израелски Херзлиуа славеше над тимот на  Макаби Ришон Лезион, со резултат 29:25, во рамки на 7-то коло. Нејзиниот учинок на овој натпревар е 38 отсто, односно пет од 11 одбрани во првото полувреме и пет од 15 одбрани во второто полувреме. Паскал кариерата ја почна во ЖРК Куманово, каде што освои двојна титула, Женската супер лига на Македонија и Купот на Македонија. Taa е родена во 1996 година…

Read More

Ракометарките утре го играат последниот натпревар оваа година

Ракометарките утре го играат последниот натпревар оваа година

Ракометарките на Куманово утре го играат последниот натпревар оваа календарска година, а за противник на гостински терен ќе го имаат составот на Пелистер. Поранешниот шампион на Македонија предводен од Драгана Ристова бележи одлична игра сезонава и со десет победи од 13 одиграни натпревари е на третото место во табелата. Со една победа плус за нијанса подобри се само составите на Чаир и Вардар. Од друга страна Пелистер годинава има за нијанса послаби резултати од Куманово,…

Read More

Црвен крст додели ПХВ благодарници на волонтерите

Црвен крст додели ПХВ благодарници на волонтерите

Општинската организација на Црвен крст Куманово ги додели ПХВ благодарниците на волонтерите, кои беа вклучени во реализација на овогодинешниот ПХВ циклус и успешно изработија седум проекти за добробит на заедницата. Лидерот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово Никол Ѓорѓевска, им се заблагодари на волонтерите за нивната вклученост и несебичност во текот на реализацијата на ПХВ проектите и при тоа ги покани сите волонтери, во иднина активно да се…

Read More

25 декември неработен за католичките верници

25 декември неработен за католичките верници

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците, 25 декември (недела), првиот ден на Божиќ е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во земјава.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот Божиќ.

Read More

ВИДЕО: „Дедо Мраз на мотор“, настан на мото клуб „Мечки“

ВИДЕО: „Дедо Мраз на мотор“, настан на мото клуб „Мечки“

На градскиот плоштад и годинава традиционално се одржа манифестацијата „Дедо Мраз на мотор“, настан кој што го организира Мото клуб „Мечки“ од Куманово.
Мотото годинава е „Тажните најубаво се смеат“, а целта освен да се допринесе за новогодишната магија е да се достават подароци за штитениците од Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост.
-Традицијата продолжува ова ни е 15-та година по ред како организираме „Дедо Мраз на мотор“. Мислам дека 70-80 мотори сигурно можеби и повеќе…

Read More
1 170 171 172 173 174 885