(ВИДЕО) Спасовски: Работиме на откривање на дојавите на бомбите

(ВИДЕО) Спасовски: Работиме на откривање на дојавите на бомбите

Институциите работат на откривање на зачестените дојави за бомби во земјава и веќе има одредени резултати, смета министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Појаснувајќи ја улогата на новоформираниот оперативен тим за сајбер безбедност и хибридни закани, рече дека ваквата состојба покажува колку е важно да се зајакнат човечките и материјално-техничките капацитети на сите институции, со цел во иднина да се спречат хибридни напади.

Read More

ВИДЕО: Спасовски во посета на СВР Куманово, задоволен од резултатите

ВИДЕО: Спасовски во посета на СВР Куманово, задоволен од резултатите

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски одржа работна средба со раководствата на Секторот за внатрешни работи Куманово и Регионалниот центар Север, со цел согледување на сработеното како и лично запознавање со реализираните активности во 2022 година и постигнатите резултати. На средбата министерот Спасовски беше информиран за безбедносната состојба на подрачјата на СВР Куманово и Регионалниот центар Север, состојбите со криминалитетот, како и активностите кои се преземаат, во насока на намалување на стапката на криминалитет, одржување…

Read More

Сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка

Сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка

Вчера во 15.05 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на магистрален пат Крива Паланка – Куманово, на место викано „Пашина воденица“, кривопаланечко, патничко возило „опел зафира“ со бугарски национални ознаки, управувано од 36 годишно лице  од село Мала Црцорија, кривопаланечко, удрило во товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од 47годишно лице од селоТимјаник, неготинско,
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници од патничкото возило, констатирани во Здравствен дом…

Read More

„За наше Куманово“ организира крводарителска акција

„За наше Куманово“ организира крводарителска акција

Здружение „За Наше Куманово” организира крводарителска акција, која ќе се одржи во четврток во просториите на зградата на поранешен Комитет.
Акцијата која ќе почне во 09, а ќе трае до 16 часот, е по повод 101 година од раѓањето на Блаже Конески.
„Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани кои се во можност да се приклучат на оваа хуманитарна акција за да им помогнеме на оние луѓе на кои што им е неопходно“-се вели во соопштението на здружението.

Read More

Битиќи: Минималната плата од март 19.600 денари

Битиќи: Минималната плата од март 19.600 денари

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во синоќешна емисија на национална телевизија најави дека во март 2023 година Владата ќе ја зголеми минималната плата која ќе достигне вредност од 19.600 денари.
Според него, намерата на Владата е двајца членови од семејството да ја покријат месечната потрошувачка кошничка.
Тој дополни дека иако за кратко време минималната плата бележи удвојување, тој лично не е задоволен од лимитот.

Read More

Кривична пријава против кумановец за фалсификување пари

Кривична пријава против кумановец за фалсификување пари

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против С.Д.(40 години) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари” по член 268 од Кривичниот законик.
Пријавениот набавил фалсификувана банкнота од 2.000 денари и на 10-ти март годинава   ја употребил при купување гориво на бензинска станица во Скопје.

Read More

ВИДЕО: Замена на дотраени тезги и уредување на пазарот, предвидува програмата на ЈП „Пазаришта“

ВИДЕО: Замена на дотраени тезги и уредување на пазарот, предвидува програмата на ЈП „Пазаришта“

Подобрување на квалитетот на услугите кои се нудат и обезбедување на нови извори на приходи преку проширување на обемот на работа. Замена на дотраените тезги на Зелениот пазар, електричната инсталација, како и изградба на нови деловни објекти на реонскиот пазар на Октомвриска револуција, се дел од активностите од програмата за работа на јавното претпријатие „Пазаришта“ за 2023 година. На Зелениот пазар на кој јавното претпријатие стопанисува со 675 тезги, се планираат и инфраструктурни зафати.
Директорот потврди…

Read More

Потврден првиот смртен случај од сезонски грип во земјава

Потврден првиот смртен случај од сезонски грип во земјава

Институтот за Јавно здравје го потврди првиот смртен случај од сезонскиот грип. Се работи за пациент на возраст од 60 години од Скопје.
Според податоците регистрирани се 93 случаи со грип. Во меѓувреме тече вакцинацијата против грипот. Годинава над 57 000 граѓани се имунизирани со четиривалентна вакцина за заштита од сезонски вируси.
Од институтот велат дека преку Мој Термин во оваа бројка се опфатени категориите на најзагрозени граѓани кои имаат приоритет бесплатно да се вакцинираат каде спаѓааат…

Read More

(ВИДЕО) СВР Куманово: Слави со срце, не користи петарди

(ВИДЕО) СВР Куманово: Слави со срце, не користи петарди

„Слави со срце, не користи петарди и други пиротехнички средства“ е мотото на Министерството за внатрешни работи. И Секторот за внатрешни работи Куманово се приклучи во кампањата која укажува дека ваквите средства се опасни по здравјето и безбедноста на граѓаните. По тој повод полициски службеници на градскиот плоштад поделија флаери, со кои ги повикаа граѓаните да се придржуваат до законот, но и да мислат на сопствената безбедност.
-СВР Куманово и годинава спроведува превентивна кампања, со цел…

Read More

Изложба „Мини минијатури“ на Валентина Илијевска

Изложба „Мини минијатури“ на Валентина Илијевска

Во четврток во 19 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ ќе се отвори изложбата „Мини минијатури“ на авторката Валентина Илијевска. Се работи за збирка на четириесеттина минијатури работени во периодот од последните неколку години.
Илијевска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности- Скопје. Оддел графика и графички техники. Магистрирала конзервација и реставрација на ѕидно сликарство. Во моментов е на докторски студии при Институтот за македонска литература-Скопје на катедрата на Културолошки студии.
Од 2000…

Read More
1 173 174 175 176 177 885