Финансиска помош за семејствата на загинатите полицајци

Финансиска помош за семејствата на загинатите полицајци

Грант од 90.000 денари ќе добијат семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили во полициската акција, која што се случи на 9-ти и 10-ти мај во Куманово. Хуманитарната организација „Мајка“, во соработка со Општина Куманово, има за цел во пресред на големиот македонски празник, 2-ри август, да им одаде почит на загинатите бранители, но и на некој начин да им олесни на нивните семејства.
Од хуманитарната организација Мајка, која постои од 1992 година истакнаа дека со…

Read More

Кумановци ќе го искористат продолжениот викенд за Илинден

Кумановци ќе го искористат продолжениот викенд за Илинден

Кумановци ќе го искористат продолжениот викенд за Втори август и ќе заминат во соседните градови или држави. Голем дел од граѓаните, велат дека Илинден ќе го прослават надвор од Република Македонија, други пак со своите пријатели ќе одат на излет, а дел од повозрасните граѓани, празникот ќе го поминат во домашна атмосфера. Како најголема причина за нивната одлука да останат дома за Втори август го наведуваат топлото време и препораката од докторите да не излегуваат…

Read More

„Гласот на селото“ бара одговорност за поморот на риби во Пчиња

„Гласот на селото“ бара одговорност за поморот на риби во Пчиња

Здружението „Гласот на селото“, бара одговорност од надлежните институции за минатонеделната еколошка катастрофа во реката Пчиња, во близина на село Орашац, кога беа затруени околу три тони риби.
-Бараме од надлежните институции, особено од Јавниот обвинител во Куманово, да го испитаат овој случај до крај, да се изврши проценка од страна на комисијата за проценка на штети, се со цел да се надомести истата преку порибување на реката Пчиња и чистење на загадениот локалитет, стои во…

Read More

Урош Луковиќ останува да игра во редовите на Куманово

Урош Луковиќ останува да игра во редовите на Куманово

Српскиот кошаркар, Урош Луковиќ, денеска, официјално го продолжи договорот со кошаркарскиот клуб Куманово на уште една година. По потписите на Костовски, Мандиќ, Инграм и Јаневски, тој повторно ја одбра добро позната средина, и покрај тоа што годинава имаше неколку понуди од Романската Крајова. Минатата година Луковиќ беше еден од лидерите во тимот каде во просек имаше по 17,7 поени, 9.2 скока и по 2 блокади по натпревар. Тренерот Љубисав Луковиќ ја остварува примарната цел која…

Read More

На пензионерите им недостигаат клубови

На пензионерите им недостигаат клубови

На кумановските пензионери им недостигаат клубови, во делови на градот каде што живее поголема концентрација на повозрасни лица. Во клубовите кои што сега ги поседува Здружението на пензионери од Куманово, овие лица слободното време го користат за дружба и играње друштвени игри. Пензионерите планираат да отворат вакви простории и во населбата Гоце Делчев, Долно Којнаре, Игор Тричковиќ и Умин Дол.
-Здружение на пензионери во својата агенда посветуваше постојано внимание на проширување на мрежата на клубови на…

Read More

Социјалдемократите даруваа крв

Социјалдемократите даруваа крв

Општинската организација на СДСМ во просториите на партискиот штаб денеска организираше крводарителска акција, која што е дел од редовните програмски активности. Во акцијата која што е 23-та по ред се вклучија членови, активисти и симпатизери на СДСМ, како и бројни граѓани.
-Од 2007 година СДСМ два пати годишно во март и при крај на јули организира крводарителски акции кои што се многу успешни. На акциите  се собираат од 80 до 120 крвни единици, со што потврдуваме…

Read More

Жителите на Романовце го блокираа приодот кон селото – бараат асфалтирање на патот

Жителите на Романовце го блокираа приодот кон селото – бараат асфалтирање на патот

Патот кој води кон Романовце, во близина на автопатот Куманово – Скопје, денеска беше блокиран од револтирани жители кои бараат поставување на асфалтен слој на влезот од селото. Според, претседателот на месната заедница Орхан Ахмети, најголемиот проблем настанува во зимските периоди, кога возењето е отежнато, а возачите ги оштетуваат своите автомобили и го загрозуваат сопствениот живот. Кога врне дожд, на одредени места се собира вода, па еден од главните патишта кои водат кон селото е…

Read More

Потребни се волонтери за помош на мигрантите

Потребни се волонтери за помош на мигрантите

Група од дваесеттина волонтери секојдневно помагаат на мигрантите сместени во градската џамија, но тие не е доволни. Како што велат волонтерите, кои што веќе се ангажирани, во џамијата Синан Паша, има потреба од луѓе кои знаат да укажат прва помош и кои ќе се вклучат во помагање на бегалците. Освен луѓе кои знаат да вршат преврски на раните, потребни се и граѓани кои ќе сакаат да ги слушнат приказните и да им дадат совет на…

Read More

Мигрантите добиваат здравствена помош во болницата

Мигрантите добиваат здравствена помош во болницата

Околу 30 мигранти, од кои две деца побарале лекарска помош во кумановската Општа болница, последниве десетина дена. Во најголем број случаи тие имале поплаки за болни стопала како последица на долгиот пат кој го поминале од своите родни земји  до нашиот град.
– Измачени од долготрајно одење најчесто имаат пликови, крвни подливи, рани, нашата помош се состои во тоа што хируршки ќе ги обработиме, стопалата ќе ги преврземе и потоа има некоја хуманитарна група која се…

Read More

Градскиот Кеј во полутемнина

Градскиот Кеј во полутемнина

Граѓаните на Куманово шетаат по уреден Кеј, но имаат поплаки на осветлувањето. За разлика од порано кога слободно се движеле по пешачката патека  и одморале на клупите, сега повозрасните кумановци се плашат дека можат да станат мета на крадци или на хулигани. Овој проблем беше истакнат на последната седница од советничката Снежана Захариева. Таа побара одговор од градоначалникот Зоран Дамјановски дали и како може да се надмине оваа состојба бидејќи и помладите , но и…

Read More
1 182 183 184 185 186 199