Едночасовен протест против уништување на свињите во Тромеѓа, организираа сточарите и жителите на овој регион.
Тие не дозволуваат да се уништат како што велат здравите свињи. Тврдат дека во селото не е евидентирано присуство на африканска чума.
Најавуваат блокада и на магистралниот пат Куманово-Свети Николе.
Ротатор
Вршеле меѓународен превоз без соодветна документација
Викендов од страна на полициски службеници од полициската станица за граничен премин Табановце било констатирано непочитување на законите кај пет патнички возила-комби, кои вршеле меѓународен превоз на патници.
При контрола на петте возила, сите со струмички регистарски ознаки, управувани од пет лица од Струмица и струмичко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација – дозвола за меѓународен линиски превоз.
По целосно документирање на случаите, Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и…
ВИДЕО: „2-ра ИПА меѓународна средба Куманово 2022“
ИПА Регион Куманово, по повод 10 години од своето постоење викендов организираше „2-ра ИПА меѓународна средба Куманово 2022“.
На средбата присуствуваа 37 полициски службеници од странство во вкупно 6 номинирани полициски делегации односно, од Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Грција, Албанија и Црна Гора.
Во рамки на одбележувањето се потпиша и збратмување на ИПА Регион Куманово со ИПА Регион Добој како исо ИПА Регион Косовско Поморавље. Се отвори и канцеларија на ИПА Регион Куманово.
Претставниците беа на средба…
ВИДЕО: Со пошумување се одбележа Денот на волонтери
Со акција за пошумување на Спомен Костурница се одбележа 5-ти декември, Денот на волонтери. Идејата за ваквата еколошка акција е на претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска, а се вклучија наставници и ученици од средните училишта. Се садеше бел бор и чемпрес, околу 3.000 садници.
На акцијата учествуваа ученици од гиманзијата Гоце Делчев, економското Перо Наков и техничкото Наце Буѓони.
Акциите за пошумување ќе продолжат и во наредниот период.
Read More
ВИДЕО: Алфи Би го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост
Под мотото „СЕКОЈ ДЕН Е НАШ ДЕН“, а по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост Алфи Би Компани, во двата продажни салони во Куманово и Скопје, организираше настан, дружење со лицата со попреченост и нивните родители.
Присуствуваа и претставници на невладини организации, здруженија кои работат на тематики поврзани со лицата со попреченост. Присутните во Алфи Техноцентар Куманово ги пречека и со нив се дружеше познатиот македонски пејач, Тајзи, додека пак во Скопје присутните имаа можност…
Младите од ВМРО-ДПМНЕ пошумуваа на кеј
Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово викендов засади десетици украсни грмушки, листопадни и зимзелени дрвца.
-Со ова, не само што сакаме да придонесеме во разубавување, во овој случај на градскиот Кеј, туку сакаме и да потикнеме други групи или организации да се вклучат и направат нешто слично и се надеваме дека во блиска иднина ќе добиеме уште поубава слика покрај реката-истакнаа од партијата.
ВИДЕО: Жители на улиците „705“ и „706“ во населбата „Перо Чичо“ во 2022-ра немаат пристапен пат
Жители на улиците „705“ и „706“ бараат да се реши нивниот долгогодишен проблем и да се асфалтираат улиците. Велат во 2022 година Итна помош, противпожарна единица, такси возила не можат да влезат доколку имаат потреба. Проблемот велат датира со години. Надлежните на секои избори доаѓаат со нови ветувања и решавања, кои по изборите се забораваат. Укажуваат дека како жители на овој град редовно ги надмируваат сите обврски кон општината, државата.
Read MoreВИДЕО: Танцовите студија незадоволни, Центарот за култура не работи втора смена
Дечиња, родители и претставници на танцовото студио Мак, вчеравечер од пред Центарот за култура известија дека добиле известување да ги напуштат просториите на установата во која функционираат 35 години. Во известувањето е наведено дека Центарот за култура нема да работи во втора смена, освен за сопствени активности. Воедно студиото е известено дека истечел нивниот договор за закуп на малата сала кубус. Од Здружението танцов спортски клуб Мерлин Куманово изразија незадоволство што немаат информации дали и…
Read MoreИзненадувања и богата програма утре во Алфи Би по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост
По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 03-ти декември, Алфи Би Компани ги поканува граѓаните во период од 11 до 14 часот на дружење во Алфи Техноцентар Куманово и Скопје!
Алфи Би Компани од 2006 година е регистрирана како заштитно трговско друштво за вработување на лица со попреченост. Веќе 16 години со помош на искусен тим им дава еднакви можности, максимална поддршка за вработување на лицата со попреченост, секојдневно се работи на нивниот кариерен напредок.
Од…
Акцијата „Здравје за сите“ во кумановско Романовце
Во кумановско Романовце денеска беше спроведена последната акција за годинава од „Здравје за сите“, информираа надлежните од Здравствен дом Куманово. Жителите на ова село утрово ги направија превентивните проверки, кои опфаќаа мерење крвен притисок, шеќер и холестерол во крвта, а во меѓувреме добија и совети од лекарите за понатамошно лекување. Бесплатни прегледи на крвен притисок, шеќер и холестерол во крвта имаше во селата во Куманово, Липково и Старо Нагоричане.
Read More