Објавен е повик за субвенциониран студентски оброк за академската 2022-2023 година

Објавен е повик за субвенциониран студентски оброк за академската 2022-2023 година

Министерството за образование и наука информира дека наwww.mon.gov.mkе објавен јавен повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, што подразбира  добивање на месечен паричен надоместок од околу 2400 денари за 9 месеци во годината.
Рокот за пријавување за тековните студенти е од 25 ноември до 3 декември 2022 година.
Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/,  а на повикот можат да се пријават сите редовни студенти на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи, кои…

Read More

ВИДЕО: Нови инвестиции во СОУ „Перо Наков“

ВИДЕО: Нови инвестиции во СОУ „Перо Наков“

Во тек е набавката за дополнителен број на училишни клупи и столчиња, ќе се уредува внатрешноста на училиштето, а следната година се планира поставување на лифт во двата објекта на „Перо Наков“, доколку се обезбедат потребните средства, соопштија денеска надлежните. Раководството на училиштето апелира граѓаните посовесно да се однесуваат кон инвестициите на „Перо Наков“.

Read More

Трае пријавувањето за проектот „Скици 2022“

Трае пријавувањето за проектот „Скици 2022“

Кумановските академски уметници можат да се пријават за проектот „Скици 2022“ до петок неделава, информираат надлежните од НУ Центар за култура.
Уметниците можат да изберат тема, а слободен е и изборот на техниката во која ќе се изработуваат цртежите.
По извршената селекција, планирано е во декември, годинава да се организира изложба.

Read More

Едукативни работилници за дијабетес утре во Занаетчискиот дом

Едукативни работилници за дијабетес утре во Занаетчискиот дом

Здружението на дијабетичари од Куманово и Центарот за дијализа, ДИАВЕРУМ Куманово утре ќе организираат едукативни работилници во Занаетчискиот дом.
Предавач и едукатор на темата „Дијабетес и исхрана“ ќе биде дипломираната мед.сестра Татјана Ѓорговски од Центарот за дијабетес при Универзитетска клиника за ендокринологија, а за „Превенција на хронични компликации предизивикани од дијабет“ ќе зборува доктор Моника Јакимовска од ДИАВЕРУМ Куманово.
Предавањето започнува во 17 часот, а освен членовите на здружението на дијабетичари, можат да присуствуваат и останати заинтересирани…

Read More

ВИДЕО: Три медали за кумановски БЏЏ „Предатор“ од Софија

ВИДЕО: Три медали за кумановски БЏЏ „Предатор“ од Софија

Со еден златен и два бронзени медали се вратија натпреварувачите на кумановскиот клуб бразилска џиу-џица Предатор, од меѓународно натпреварување, кое се одржа во Софија.
Иван Димитриевски во борбите со и без кимоно под 68 килограми, освои два медали, еден златен и еден бронзен. За телевизија Плус раскажа дека е задоволен од резултатите, иако конкуренцијата била голема.
Од меѓународното натпреварување со бронзен медал се врати Звездан Илиќ во категоријата под 92 килограми. Свој настап имаше и Матеј Кузмановски,…

Read More

Приведено лице, пронајдена сомнителна материја

Приведено лице, пронајдена сомнителна материја

Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода П.К. (26 години) од Валандово. При преглед во неговото патничко возило биле пронајдени и одземени прашкаста и грутчеста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информира полицијата.

Read More

Од полноќ поевтинуваат бензините

Од полноќ поевтинуваат бензините

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за два денари по литар, соопшти Регулатарона комисија за енергетика.
Така ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава по 88,5 денари по литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 86,5 денари по литар.
ЕУРОДИЗЕЛ останува со иста цена 90 денари по литар. Останува иста цената и на екстра лесното масло за домаќинство 85,5 денари по литар, и мазутот 43 денари по литар.

Read More

ВИДЕО: Советувалиште за жени и деца жртви на насилство

ВИДЕО: Советувалиште за жени и деца жртви на насилство

Куманово од неодамна доби советувалиште за помош и поддршка на жртви на родово базирано и семејно насилство. Советувалиштето е во рамки на проектот „Комфор зона за жени“ на хуманитарното Здружение „Мајка“ во партнерство со Национален ромски центар, а се спроведува во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан, РеЛОад2, која е финансирана од Европската унија, а ја спроведува УНДП.  Проектот е финансиски поддржан и од Општина Куманово.
Во советувалиштето корисничките добиваат совети за…

Read More

Дисеминациски работилници на Црвен крст

Дисеминациски работилници на Црвен крст

Општинската организација на Црвен крст Куманово минатата седмица одржа седум дисеминациски работилници од кои по две во основните училишта „Наим Фрашери”, „Јероним Де Рада’’ село Черкези, „Рилиндја‘‘ село Лојане и една во основно училиште „ Христијан Карпош” Куманово.
На работилниците присуствуваа вкупно 157 ученици и истите имаа можност да се запознаат со мисијата и принципите на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, амблемот, како и за работата на Општинската организација Куманово и активностите на…

Read More

Нови садници на улицата „Братство и Единство“

Нови садници на улицата „Братство и Единство“

Екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“ Куманово садат нов дрворед покрај улицата „Братство и Единство“ во Куманово, соопштија денеска надлежните од претпријатието. Во моментов на локацијата се сади јасен.
Изминатиов период екипите од „Чистата и Зеленило“ насадија зимзелени садници кои претставуваат звучна изолација и го штитат воздухот од издувните гасови од автопатот Куманово-Табановце кај зградите кај поранешен Монопол. Од претпријатието повикаа граѓаните совесно да се однесуваат, потсетувајќи дека дел од садниците на дрворедите и кај градскиот…

Read More
1 189 190 191 192 193 885