Пакетчиња за корисниците на „Порака наша “

Пакетчиња за корисниците  на  „Порака наша “

И корисниците на дневниот центар за лица со интелектуална попреченост„ Порака наша  “  денеска добија новогодишни пакетчиња од локалната самоуправа. Подарувајќи  им ги пакетчињата градоначалникот Зоран Дамјановски им посака здравје и среќа во новата година. Надлежните се благодарни што првиот човек на Куманово никогаш не ги заборава лицата со интелектуална попреченост .
-Ова е убаво од нашиот градоначалник и му се заблагодарувам во име на децата, градоначалникот и советот на општината кои се нашите најголеми донатори,…

Read More

Библиотеката ќе го збогати книжниот фонд

Библиотеката ќе го збогати книжниот фонд

Градската библиотека „Тане Георгиевски“ следната година ќе продолжи да го зголемува книжниот фонд, и да привлекува читататели. Директорката Нада Ивановска истакна дека е планирана набавка на 4.500 книги, од кои поголемиот дел ќе бидат купени, но ќе има и донации.
-Програмата ја предвидува вообичаената работа на ова културна институција што е пропишана со законот за библиотеки таа се однесува на набавка, чување, обработка давање на користење разновиден библиотечен материјал…правиме разновидни активности, манифестации, средби, трибини, промоции за…

Read More

Католиците од Куманово го празнуваат Божиќ

Католиците од Куманово го празнуваат Божиќ

Католичките верници од Куманово, кои се водат според Грегоријанскиот календар, денеска во капелата Свети Иван Крстител, која се наоѓа во близина на Старата црква, го прославија Христосовото раѓање, Божиќ. Традиционално како и секоја година присуствуваа на миса, на која се помолија за здравје, љубов и благосостојба. Претседателот на хрватската заедница во Куманово, Иван Шеркиниќ истакна дека денот кога се слави раѓањето на Христос е еден од најголемите празници во христијанството. Тој раскажа дека за Бадник…

Read More

Чевларите го слават „ Свети Спиридон“

Чевларите го слават „ Свети Спиридон“

Чевларите денеска го слават Свети Спиридон, светецот кој тие го сметаат за свој заштитник . Сопствениците на чевларските претпријатија утрово пресекоа колач во црквите во Куманово. Во црквата „Свети Ѓорѓи“  беше извршено и примопредавање на кумството. Традицијата на примопредавање на кумството потекнува од 1936 година од  одржувањето на Државен чевларски  курс во Соколана, а во градот се празнува од 1990 –та година велат чевларите.  Фотографијата која сведочи  за тој настан чевларите ја примопредаваат секоја година…

Read More

„Дедо мраз на мотор “ во Куманово

„Дедо мраз на мотор “ во Куманово

Хуманоста на моторџиите повторно се покажа на дело.  Стотина моторџии од Куманово, Скопје и Свети Николе денеска се собраа на градскиот плоштад  со цел да ја реализираат акцијата „Дедо Мраз на мотор“. Моторџиите беа вистинска атракција за минувачите, како за најмладите кои се радуваа на подароците, така и за повозрасните кои уживаа во глетката на Дедо Мразовците со своите мотори. Точно напладне организирано се упатија кон Дневниот центар за лицата  со посебни потреби да им…

Read More

Часови по македонски и математика за децата Роми

Часови по македонски и математика за децата Роми

Околу 80 ученици Роми од четврто, петто и шесто одделние, следат дополнителна настава по македонски јазик и математика. Ова е дел од проектот во кој е вклучен Центарот за ромска заедница, ДРОМ, а кој има за цел да им помогне на учениците при совладување на наставните содржини. Во програмата се опфатени ученици од основните училишта 11-ти октомври, Браќа Миладиновци, Христијан Карпош и Крсте Мисирков, а идната година е планирано  програмата да се прошири и во…

Read More

Усвоен буџет на општината за 2016-та година

Усвоен буџет на општината за 2016-та година

Една милијарда и 700 милиони денари  изнесува буџетот на општина Куманово за 2016-та година. Буџетот се изгласа на денешната седница на советот како и одлуката за извршување на буџетот. Според надлежните, буџетот е развоен бидејќи се планира финансирање на повеќе инфраструктурни проекти, обезбедување на средства за јавните претпријатија, за улично осветлување, за справување со сообраќајниот хаос. Планирани се средства на основниот буџет, средства од дотации, донации и самофинансирачки активности на општинските буџетски корисници.
 
-Главен акцент на…

Read More

Новогодишен хепенинг за сите генерации

Новогодишен хепенинг за сите генерации

„Наши тамбураши“ со Нино Величковски, Маргица Антевска, Мартинијан Кириловски се само дел од богатата новодишна програма што ја организираат Фондацијата за култура и спорт и Секторот за култура и спорт при општина Куманово. 12 часовниот новогодишен хепенинг ќе се одржи на 30 декемри со почеток во 11 часот. Целокупната програма ќе се состои од три дела. Најмладите ќе ги забавува Дедо Мраз, напладне градоначалникот ќе им ги честита празниците на граѓаните, потоа ќе следува блок…

Read More

Куманово во новогодишна магија

Куманово во новогодишна магија

Кумановци се задоволни што градот блеска во новогодишен сјај. Велат дека овој пат за разлика од претходните години, со различните украси и светилки, навистина  е доловена новогодишна атмосфера, поради што градот наликува на светските метрополи. Најмногу внимание им привлекува новата шестметарска елка која го разубавува Градскиот плоштад, како и големата фонтана.
Додаваат дека им се доаѓаат и украсите кои се поставени на булеварите Трета МУБ, Октомвриска револуција,  дел од улиците 11-ти октомври, Народна револуција и Доне…

Read More

Цивил: Граѓаните имаат право на слободно гласање

Цивил: Граѓаните имаат право на слободно гласање

Законот, уставот и сите демократски правила и стандарди мора да се почитуваат за време на изборите. Тие не смеат да бидат манипулација, туку празник на демократијата, е пораката која што синоќа пред кумановци ја упати Центарот за слобода Цивил, на јавниот настан насловен „Сите за слободни избори“. Од Цивил нагласија дека граѓаните мора да се охрабрат и да зборуваат низ што се поминуваат во контиурираната предизборна кампања, која е постојано присутна во нивното секојдневие.
-Поткупот, политичката…

Read More
1 190 191 192 193 194 237