Кражба од бензинска пумпа во Куманово

Кражба од бензинска пумпа во Куманово

Синоќа пред полноќ во СВР Куманово било пријавено дека на бензинска пумпа на улица „Доне Божинов“ , две лица физички го нападнале вработениот и со закана му одзеле пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Read More

ВИДЕО: Автоматска метеоролошка станица во дворот на ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ“

ВИДЕО: Автоматска метеоролошка станица во дворот на ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ“

Управата за хидрометеоролошки работи заедно со Министерство за земјоделство, водостопанство и шумарство поставија автоматска метеоролошка станица во Куманово, во кругот на државното средно училиште Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ во Долно Којнаре. Станицата врши мерење на врнежите, влагата во почвата, брзината, правец на ветерот, атмосферскиот притисок, влажноста и температурата и преку софистицирани софтверски решенија го анализираат ризикот за различни култури.
Повеќе на оваа тема од изјавите на директорката на училиштето Весна Трајковска…

Read More

ВИДЕО: Одбележан патронен празник на ООУ „Крсте Мисирков“

ВИДЕО: Одбележан патронен празник на ООУ „Крсте Мисирков“

Основното училиште „ Крсте Мисирков“ одбележува 75 години од своето постоење. По повод патрониот празник денеска во Занаетчискиот дом се одржа пригодна приредба  подготвена од учениците и наставниците. Се пееше, се рецитираше, публиката аплаудираше. Се доделија и награди и признанија на пензионираните наставници, Стојанка Дудучки, Цветанка  Стојановска и Драги Димитриевски.
Патрониот празник се одбележува под мотото „ За тебе пееме со љубов“.

Read More

Од утре стартува дневната евтина тарифа на струјата

Од утре стартува дневната евтина тарифа на струјата

Од утре стартува евтината дневна тарифа на струјата во периодот од 13 до 15 часот. Со воведување на дневната евтина тарифа домаќинствата ќе имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во ден недела.

Read More

ВИДЕО: Локалниот совет за превенција со препораки

ВИДЕО: Локалниот совет за превенција со препораки

Во организација на Општина Куманово и Отсекот за превенција при СВР Куманово денеска се одржа состанок на Локалниот совет за превенција.
На средбата се разговараше за состојбите во сообраќајот во градот, јавната безбедност во текот на претстојните празнични денови, питачењето, девијантните појави за уништување на јавниот имот и состојбата со свинската чума на територијата на општината.
Надлежните се согласни дека за поголема безбедност во сообраќајот во Куманово потребна е и многу поголема соработка меѓу општинските надлежни служби…

Read More

ВИДЕО: Богата фолклорна дејност при Центарот за култура

ВИДЕО: Богата фолклорна дејност при Центарот за култура

Фолклорната дејност при Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ја реализираше ревијата на традиционални носии од горновардарска етнографска целина.  Станува збор за втора ваква ревија, која е дел од редовната програма на установата, поддржана од министерството за култура. Истата се одржа во соработка со ансамблот „Македонија“. Повеќе на оваа тема од етнокореологот Дени Синадиновски.
 

Read More

Се поставуваат нови клупи и во Градскиот парк

Се поставуваат нови клупи и во Градскиот парк

Во тек е поставување на клупи и канти за смет на новоизградената пешачка патека на кејот на река Липковка кај стариот Градски парк. Ова денеска го соопшти градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски. Пешачката патека на стариот градски парк, кој моментално се реконструира, е изградена неодамна и минува покрај реката Липковка. Во февруари годинава, заврши првата фаза од проектот која опфати реконструкција на патеките, изградба на паркинг простор и игралиште за кошарка. Стариот градски парк…

Read More

ВИДЕО: Претставници на ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ“ во студиска посета на Словенија

ВИДЕО: Претставници на ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ“ во студиска посета на Словенија

Претставници на менаџерскиот тим на Државното средно училиште Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ од 20 до 24 ноември беа во студиска посета на Меѓукомпаниски едукативен центар Школски центар во Нова Горица, Словенија. Студиската посета е организирана со цел учесниците преку размена на искуства да се запознаат со добрите практики на Школскиот центар, развојот на идеи и унапредување на своите вештини.
Во рамки на посетата, биле посетени неколку училишта за стручно образование и…

Read More

ВИДЕО: Значајни проекти реализирани во североисточниот регион

ВИДЕО: Значајни проекти реализирани во североисточниот регион

Повеќе проекти за изградба на патишта во помалку развиените општини како и проекти од туризмот се реализираа тековната 2023-та во североисточниот регион, информираа надлежните од Центарот за развој на североисточниот плански регион Куманово. Во тек е доуредување на задружниот дом во село Пчиња, Општина Куманово аплицираше со набавка на полуподземни контејнери кои се поставени на повеќе локации, а јавното претпријатие „Водовод“ доби повеќенаменско возило-багер.
 

Read More

Монографија „ 75 години Театар Куманово“

Монографија „ 75 години Театар Куманово“

Во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер со почеток во 19 часот ќе биде промовирана монографијата „ 75 години Театар Куманово“. Автори се Кети Дончевска-Илиќ, Симона Тоскиќ, Сашо Костовски и Зоран Зафировски. Промотор на монографијата ќе биде театарскиот критичар Тодор Кузманов.
В петок, во центарот за култура ќе биде поставена изложбата „Лумина егзодус“. Станува збор за инсталација на Владимир Николовски и Марио Стошевски, проект поддржан од националната установа и министерството за култура.

Read More
1 2 3 4 869